Автор Тема: Дешаванки со кола ( тумбања, судари, несреќни моменти, одвратни искуства... )  (Прочитано 3828123 пати)

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 30607
    • CARclub.mk
Имам проблем со такви ликови чија агенда е да шират FUD. Објаснив зошто.

Ама еве, во контекст на твојата изјава дека Lane Keep Assist и сличните системи прават „морони од копиљаците“. Ете, нека е така. Вистината е дека придонесуваат за зголемена безбедност и помалку жртви. Еве ти извор. Конкретно, Lane Keep Assist намалува 19% од удесите.

Секако, за некои системи има и негативни резултати. Еве, адаптивен темпомат влијае со 8% зголемување на несреќи, заради намалено внимание, опуштање, итн.

Плус, треба да одиш со глава во ѕид и да си против работи кои го олеснуваат возењето. Ствари како камери и сензори за паркирање. Дали ми требаат? 99% од времето не, ама 100% од времето ми го олеснуваат паркирањето. И сите, ама гарантирам дека сите сме закачиле ивичњак или стубче или нешто такво некогаш при паркирање. „Ја сум прав возач, мене не ми требаат сензори“ неретко води кон „дадов 150 евра за фарбање преден браник“.

Или па да си против работи кои реално знаат да реагираат побрзо и да спасат ситуација. Работи како автономно кочење (особено во денешно време кога сите се со телефоните во раце, и сите знаеме дека не треба така, ама ете, ѕирни во сообраќај околу тебе) или систем кој закочува кога се движиш во рикверц во непрегледна кривина и слично.

Плус, многу често тргаме од лични преференци. Јас на пример мислам дека системи за автоматско паркирање се глупост. Работа која ќе ја искористиш еднаш кога ќе ја купиш колата, да му покажеш на комшијата „комши, види колава сама се паркира, гледај, а?“. Арно ама, видов дека и јас сум субјективен - пред година дена другар купуваше нова кола и еден од пресудните фактори му беше баш тој систем бидејќи сопругата му инсистираше. Едноставно, неа ѝ е полесно.

Дали сите овие системи ги прават луѓето полоши возачи? Дискутабилно, ама би рекол дека најверојатно барем во некои моменти да. Ама дали помагаат? Апсолутно. Ама инаетење и одење контра прогрес? Има термин за тоа.

Отсутен Mikius

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10583
Прогрес ли е старт стоп?
Тој што верува во тоа е во најмала рака магаре!
Под превезот намалување СО2, бапнаа камионски акумулатор под хауба, зголемија тежина на возило кое моторот треба дополнително да совладува, зголемија цена на автомобил, и зголемија трошок при замена на дотраен акумулатор.

Дали за АБС има негативен коментар?
НЕМА!

И не, не се води толку полемика околу тоа дали е нешто полезно или не, се води полемика околу НАМЕТНУВАЊЕТО од страна на ЕУ технократијата, односно немањето право на избор.
Сакам кожни седишта со масажа, ќе платам Мерцедес.
Сакам дрвена клупа, ќе платам воловска кола.

Тие ЕУ регулативи го уништија пазарот на А сегмент, барем сите така кажуваат. Производителите немале сметка поради НИКАКОВ профит, на купувачите па им биле прескапи, и на крај нормално дека анализите покажувале дека купувачите се свртеле кон коли од поголем сегмент...

Лично мене ми е тормозење при секое влегување во кола да "правам" чек листа како во авион пред полетување, за во текот на 20 минутно возење да не бидам бомбардиран од десетици аудиовизуелни известувања.

Пред некој месец ме изненади системот за газење лента и чукнав ретровизор со ретровизор.
Не верувам дека не би можел да го надвладеам така да не е директно опасен по живот, посебно ако возиш под 50 кога е неактивен, но секако нема мојот случај да влезе во статистика колку таквите системи придонеле за банална штета, чувство на несигурност, потреба за негово исклучување...како што 90% од возачите го исклучуваат стартстоп системот.

ПС
Не знам каде прочитав, поради пререгулираност на сообраќајот воопшто, немало поента возилата да развивале поголема брзина од 120км/ч и со задоволство ќе ставел ограничување на моторот со таа брзина😂
« Последно менување: 31 Јануари 2026, 16:46:54 pm Mikius »

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 30607
    • CARclub.mk
Има наметнати глупости за кои и јас сметам дека се... Глупости. Intelligent Speed Assist (односно титкањето) кое го наметнува ЕУ е идиотизам. На секое надминување на дозволената брзина колата титка. Среќа, има брендови кои препознаваат дека е моронштина, па овозможуваат лесно гасење. На пример, и BMW и најтазе сега, Citroen (односно повеќето брендови под Stellantis). Влегуваш во кола, држиш копче 3 секунди и се гаси. Тојота рецимо го тупи, мора низ пет менија да се исклика, низ пет различни (и неразбирливи) акроними, за да се исклучат. Идиотизам.

Има и други моронштини. Новине системи со инфрацрвени камери што те гледаат во очи цело време и титкаат ако свртиш поглед на страна повеќе од секунда-две. Идиотизам. Оди на нерви. До тој степен што те тера да го исклучиш - а со тоа се губи поентата на системи за безбедност. Далеку од тоа дека сите системи се одлични. Многу од нив не се.

Ама Lane Keep Assist? Добра работа. Камери и сензори за паркирање? Одлична работа. И јас би рекол дека и Start/Stop е добра работа. Докажано ја намалува потрошувачката на гориво. Сме го дискутирале веќе на форумов.

Отсутен Skywalker

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4284
Lane assist е досадно ако се вози по тесен кривулест пат и често се допира средната линија. Многу е без вез кога низ кривини на таков пат постојано ти се менува тежината на воланот.
Lt. Commander Data: "I will always be puzzled by the human predilection for piloting vehicles at unsafe velocities"

Отсутен Diesel

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6967
На експресниот до Солун, го пореметувам системот. На две минути ми вика да се одморам.

Отсутен Mikius

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10583
Да, класичен технократски одговор :) стартстоп штеди гориво, и бидејки јас го плаќам горивото мора да бидам задоволен, плус помалку ЦО2.
Но истотака колата јас ја плаќам која што е поскапа за извесен износ поради стартстоп системот.
Новиот акумулаторот јас го плаќам кој е поскап од обичниот.
И тие преку 10 килограми вишок тежина (не само акумулатор) допринесуваат за некој милилитар поголема потрошувачка на секој 1км споредено со иста кола без стартстоп.
Да не спомнувам дека оди на нерви, па 90% го исклучуваат без пардон, па така се паѓа во вода.

Освен тука на форумов, не познавам ниту еден кој не сака да чуе за него.

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 30607
    • CARclub.mk
Субјективно, имам проблем со waste, односно непотребно фрлање ресурси. На пример, не фрлам храна освен ако не е расипана. Во ресторан дојадувам сè, затоа што не сакам да се фрла храна. Сличен мајндсет имам и за гориво - не сакам непотребно трошење гориво. Немам проблем со мерак, немам проблем со висока потрошувачка, немам проблем со ништо од тоа. Имам проблем со непотребно горење гориво. Кога стоиш во место, во сообраќај - горењето гориво нема поента. Освен можеби за клима. Ама иначе - нема поента. Стоиш во место, колата ти работи, непотребно троши гориво и непотребно загадува.

Возење со старт-стоп е навика. Тие што го исклучуваат се тие што не ни пробале да се навикнат на него и да научат правилно да го користат. Океј, нивно право. Во моево искуство со околу 500 различни коли до сега, сигурен сум дека барем пола од нив имале старт-стоп. Во ниту една кола до сега не сум го исклучил.

Од друга страна, збориш за 10 килограми вишок. 10 килограми вишок во контекст на кола се незначителни. Као кога ќе каже девојка дека ослабела две кила. Госпожа, за мене 2 кила се одење во веце. 10 килограми вишок е разликата меѓу возење вчера и денес, ако си потрошил гориво. Незначително. Ама од друга страна, долгорочното не-горење гориво... Ехеее.. Баш ми улета истражување, ќе пробам да го најдам - во густ градски сообраќај, start-stop може да ја намали потрошувачката дури до околу 20%. А со тоа и да ти заштеди пари, и да - да влијае на загадувањето.

Отсутен Diesel

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6967
За да ми биде приоритет не-загадување на воздух од работа на кола во место, треба бар 90% од останатите животни проблеми да ми се решени.

Пример - 300-350 евра за замена при предвремена амортизација на акумулатор заради старт-стоп систем кој, реално, го намалува загадувањето во Скопје на ниво на пичкин дим при постојно УСЈЕ, не можам да си го оправдам на просечна плата од 750 евра. Да не правиме муабет за минимална, пошто оној со минимална ништо не загадува - не може да си приушти кола.

Инаку, да, се слагам со сѐ што напиша, ама да живееме рецимо во Франција, најмалку. Заштедата од гориво ќе ја дадеш одеднаш за нов акумулатор.

Отсутен Mikius

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10583
Тие 10+ килограми ги влечкаш секој прејден километар и беспотребно трошиш екстра гориво за нив.
Нешто слично со муабетите низ град да возиш со пола или полн резервоар гориво, или вреќа цемент онака да си ја шеташ во гепек, тргни, застани
Буквално толкави се разликите, занемарливи, но сеприсутни.
Стоел на семафор 10 секунди, истотака занемарливи разлики.
Имало малку гужва, никој не потрошил 2 литра плус на 100км.

Технократите наложиле норми за ЦО2, некој направил истражување и го оправдал постоењето на тој систем, цехот ние го плаќаме на индиректен начин.
Тука влегува и шашмата со малолитражните турбо мотори. На папир имаат ниско ЦО2, но ако ги возиш како да се без турбо.
Од семафор до семафор 300метри, од 0 до 100, ЦО2 колку сакаш, меѓутоа треба да се навикнеш да не го користиш😉

И повторно ја заборавив главната поента, сакаш со стартстоп, во ред.
Не сакаш со стартстоп, во ред истотака.
Сакаш греен волан, не сакаш греен волан.
Сакаш плаќаш, не сакаш не плаќаш.


« Последно менување: 31 Јануари 2026, 21:36:11 pm Mikius »

Отсутен balanar

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2759
Субјективно, имам проблем со waste, односно непотребно фрлање ресурси. На пример, не фрлам храна освен ако не е расипана. Во ресторан дојадувам сè, затоа што не сакам да се фрла храна. Сличен мајндсет имам и за гориво - не сакам непотребно трошење гориво. Немам проблем со мерак, немам проблем со висока потрошувачка, немам проблем со ништо од тоа. Имам проблем со непотребно горење гориво. Кога стоиш во место, во сообраќај - горењето гориво нема поента. Освен можеби за клима. Ама иначе - нема поента. Стоиш во место, колата ти работи, непотребно троши гориво и непотребно загадува.

Возење со старт-стоп е навика. Тие што го исклучуваат се тие што не ни пробале да се навикнат на него и да научат правилно да го користат. Океј, нивно право. Во моево искуство со околу 500 различни коли до сега, сигурен сум дека барем пола од нив имале старт-стоп. Во ниту една кола до сега не сум го исклучил.

Од друга страна, збориш за 10 килограми вишок. 10 килограми вишок во контекст на кола се незначителни. Као кога ќе каже девојка дека ослабела две кила. Госпожа, за мене 2 кила се одење во веце. 10 килограми вишок е разликата меѓу возење вчера и денес, ако си потрошил гориво. Незначително. Ама од друга страна, долгорочното не-горење гориво... Ехеее.. Баш ми улета истражување, ќе пробам да го најдам - во густ градски сообраќај, start-stop може да ја намали потрошувачката дури до околу 20%. А со тоа и да ти заштеди пари, и да - да влијае на загадувањето.

Види го загадувањето на средината од приватните авиони, еве пример на Тејлор Свифт.



Мислам дајте да не се лажеме дека ти, јас, Дизел и било кој нормален лил во земјава придонесува за било какво намалување на загадувањето - додека други и се серат на средината и ги е гајле за истата. Со загадување за неколку дена - што ти за цел свој живот нема да придонесеш да го ,,намалиш".

Да не се правиме будали, please


Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 30607
    • CARclub.mk
Ако бе, добро, нема проблем. Еве, и нека не е загадувањето фактор. Ич. Слободно нека ви работат колите додека стоите во гужва. Буквално пари низ ауспух, без никаква поента или придобивка. Океј.

Пример - 300-350 евра за замена при предвремена амортизација на акумулатор заради старт-стоп систем кој, реално, го намалува загадувањето во Скопје на ниво на пичкин дим при постојно УСЈЕ, не можам да си го оправдам на просечна плата од 750 евра. Да не правиме муабет за минимална, пошто оној со минимална ништо не загадува - не може да си приушти кола.

350 Евра? Сигурен си? Да не е толку лесно да се провери, ајде, ама...
« Последно менување: 01 Февруари 2026, 12:12:31 pm zeroSignal »

Отсутен Skywalker

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4284
Lt. Commander Data: "I will always be puzzled by the human predilection for piloting vehicles at unsafe velocities"

Отсутен Diesel

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6967
Ако бе, добро, нема проблем. Еве, и нека не е загадувањето фактор. Ич. Слободно нека ви работат колите додека стоите во гужва. Буквално пари низ ауспух, без никаква поента или придобивка. Океј.

Пример - 300-350 евра за замена при предвремена амортизација на акумулатор заради старт-стоп систем кој, реално, го намалува загадувањето во Скопје на ниво на пичкин дим при постојно УСЈЕ, не можам да си го оправдам на просечна плата од 750 евра. Да не правиме муабет за минимална, пошто оној со минимална ништо не загадува - не може да си приушти кола.

350 Евра? Сигурен си? Да не е толку лесно да се провери, ајде, ама...

Не сум сигурен дека во гарантен рок на колата ќе можам сам да си купам акумулатор и да си го заменам.

Нема потреба од некакво кодирање или слично?

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34459
  • Таков е животот... јебига

Отсутен MecheTo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 15115
  • Пудингот на шоферството
Некој од Скопје искршил нова S класа во Битола.

https://bitolanews.mk/2026/02/01/%d1%84%d0%be%d1%82%d0%be-44-%d1%81%d0%ba%d0%be%d0%bf%d1%98%d0%b0%d0%bd%d0%b5%d1%86-%d1%81%d0%be-%d0%bc%d0%b5%d1%80%d1%86%d0%b5%d0%b4%d0%b5%d1%81-%d1%83%d0%b4%d1%80%d0%b8%d0%bb/
20-30m ponazad ima edna takva sahta pretvorena vo dupka.Dupka na dupkite e taa.Crna dupka e.Sigurno ima vozeno najmalku duplo od dozvolenoto i ili ja ima pogodeno pa izgubeno kontrola ili ima odbegnuvano i izgubeno kontrola.Sigurno bil i "doteran",taka da,se si e taman.Staro bese drvoto.🙂
God created Turbo Lag to give VTECs a Chance! :D