И јас не знам да терам воловска кола, ни магаре да јавам, па не ме прави тоа нешто поинфериорен во однос на моите предци кои ги владееле тие вештини.
Мешаш баби и жаби, денес никој не користи воловски коли и магариња, ама автомобилите ќе се користат уште долго време. Според тебе е ок новите шофери скроз да се зависни од технологија и ако му откаже park assist да не знае да се паркира паралелно, или ако нема камера да не знае да вози рикверц? Технологијата е добра само ако се користи правилно, т.е ако ја користиш како помошна алатка за да напредуваш, а не да се потпреш скроз на неа и да не знаеш како да функционираш кога не ти е достапна.
Sent from my SM-S931B using Tapatalk
Види, да, малце ја карикирав споредбата, ама со причина.
Ќе се користат автомобили, и тоа се' повеќе со некои автономни решенија и за 10-15 години веројатно исклучиво со електрични мотори. Тоа не значи дека син ми или ќерка ми треба да учат да возат мануелен мењач, да се мучи без серво волан, да се мучи на угорница ручна да крева и да гори ламела и слични минатовековни принципи на возење. Едно е ентузијастички пристап кои ние како љубители на возила тука треба да го гаиме, а друго е реална примена на возилата ко што ги користат најголемиот број корисници на истите.
Овие работи што ги наброја се океј, се согласувам со тебе. Мене муабетот ми е повеќе во правец дека секој кој учествува во сообраќај треба да има развиено какви такви возачки вештини и способности, да знае да држи правец, да знае да паркира, да вози рикверц, да има осет колкаво му е возилото, да знае да размислува логички и слично. Ова кај новите генерации на шофери ќе го има се помалце и помалце пошто од прв ден ќе возат коли со милион системи и асистенции и ќе бидат зависни од нив. Еве ти жив пример, другар го имаше удрено некој на семафор и сјебан заден браник, тргаме да ја остави колата на сервис, на искачање од паркинг у рикверц удира и паркирана кола. Го прашувам нели ја виде на ретровизори, ми вика ја видов ама чекав сензорите да се вклучат, а сензорите сјебани од претходниот удар. Значи он пошто секојдневно ги користи тие сензори веќе е од зависен од нив и повеќе им верува нив отколку на она што го гледа со свои очи.
Sent from my SM-S931B using Tapatalk