Има доста неисправни возила, чукнати па поправани, модулите не работат, абс си свети цел ден, аирбаг ламбичката е на крај на живците (ќе прегори)
и така натака. Гуми лубеници, кочници неисправни, со две кочи, па така го пуштиле на технички. Лично мојата кола била во состојба каде не кочела и купена е таква од кај преварантот битолски, на 60 тресела, гумите сите различни, дискови криви, полуосовини лоши. Таа кола доколку се остави во таква состојба е штетна и за шоферот, и за патниците, и за околината во која се вози.
Ако била одржувана редовно без некој да фрли 3000€ наеднаш, па да средува срања од претходни 5 газди би била во состојба како што била пред 10 години (да не претерам да речам 20). Кола си сака редовно одржување и е трошок, дали била 1, 2, 5 или 30 години, ако не е исправна џабе е, какви сака системи нека има, на лубеници гуми, со ербези испукани, абс-от не работи па блокира, таа кола треба да заврши или на сервис или во отпад.