Автор Тема: Дешаванки со кола ( тумбања, судари, несреќни моменти, одвратни искуства... )  (Прочитано 2959876 пати)

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34046
  • Таков е животот... јебига
Ете една будала денеска загинала онаму кај Брезница. Како некако да се направи сите будали наеднаш да отидат, да не страдаат невини. Тоа би било изум најбитен во историјата на човештвото.

Отсутен Van

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5257
  • VW Golf MK3 1.9 TDI
При активирање на Аутопилот-от (плус чепкање во сетинзи за автоматска контрола и на други системи), Тесла ти кажува дека и понатаму треба и раце и нозе и поглед да ти е како ти сам да си ја возиш колата... Тоа што луѓето го игнорираат тоа, дополнително за тик ток и други социјални мрежи си снимаат и видеа каде и воопшто не седат на место.... па потоа дедо мраз е крив... Тоа е муабетот од погоре, паметни системи и идиоти е лоша комбинација...

Далеку се од совршени аутопилотот и другите системи, ама додека ги гледаме како нешто што може да помогне е добро, а ако 100% оставиш на нив е екстремно лошо и опасно...

За мене тие „предупредувања“ се само изговор за избегнување на одговорност од страна на Тесла. Нив ги интересираат две работи, продажба (а аутопилот функцијата е јак продажен аргумент за некои) и исто така телеметрија од аутопилот функцијата што им е неопходно за понатамошен развој.

...тогаш ќе треба да се решат и други правни/морални проблеми.
На пример, има ситуација, автономно возило, полно со цела фамилија дојде до неизбежна ситуација, деца на пат, каде се возможни само 2 решенија:
- да ги избегне со тоа што возилото 100% ќе излета од патот и ќе предизвика смрт на фамилијата која се вози во него;
- да ги изгази со тоа што 100% смртно ќе настрадаат неколку деца на патот;

Кој е одговорен за ова:
- лицето на возачко седиште?
- компанијата што го произвела возилото, со одлука луѓето во возилото да се секогаш на прво место без разлика на се друго?
- лицето кое го напишало софтверот за автономното возило?
- д

Ова се некои хипотетични и многу специфични ситуации во кои не би навлагал. Прво пошто се прилично мал процент од вкупните ситуации а второ пошто технологијата има многу други поважни и поелементарни проблеми. Како на пример регистирање на велосипеди/тротинети/итн во одредени услови, за што има бројни (фатални) примери. Или забивање во ѕид. Или забивање во застаната кола на лентата. Итн, и за ова има многу примери.

Поентата ми е дека да ставиш на располагање функционалност со вакви проблеми која убива луѓе (и такви кои не возат Тесла, туку само се нашле на погрешно место во погрешно време), и сето тоа со изговор „на одговорност на корисникот“, тоа за мене е бесмислено, идиотско и неодговорно однесување не само на Тесла туку и на регулаторите. Но очигледно е дека развојот на сето ова им одговара и на компанијата (компаниите) и на државата (од Х причини) па замижуваат на очигледната ретардираност на ситуацијата. Во интерес на развојот.

Отсутен Bicikle

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10272
Ете една будала денеска загинала онаму кај Брезница. Како некако да се направи сите будали наеднаш да отидат, да не страдаат невини. Тоа би било изум најбитен во историјата на човештвото.
Bidi si i ti budala ppbezbedno e :)

Отсутен Tommy

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7199
Во врска со матрикс светлата.

Верувам тие што ги имаат на своите коли нема да се согласат, но моето мислење е дека матрикс светлата се едно од полошите иновации воведени кај новиве коли. Да не правиме муабет што ќе се случува кај нас кога ќе почнат да се расипуваат за некоја година :)

Со матрикс верувам дека ви е супер осветлено, дека немате никаков проблем на темен пат и дека ви претставува задоволство да возите навечер (иако тоа сте го избегнувале како што напиша @R2D2 )... Но не е толку добро кон тие пред вас и наспроти вас.

Последниов период многу често на отворено начекувам коли што имаат матрикс (време на одмори и странски коли) и искуството ми е прилично лошо. Кога се разминувам со матрикс, очи параат, буквално. Расштелуван кинески ксенон го*на можи да јади.

Возев Велес-Скопје на делот каде што се прави автопатот, зад мене вози некој СУВ (не знаев што модел) кој не може да ме претекни или да му избегам и воедно очите ми ги изваде. Возам и се е нормално, во некој момент ќе пушти долги светла(така си мислев првично) и преку ретровизори директ в очи. Ќе му пуштам 4 жмигавци па ќе намали светлината (најверојатно од жмигавците му текнува дека смета на некого). По кратко пак истата ситуација, па пак исто и така неколку пати се додека не ги разместив сите ретровизори. Да напоменам дека штоповите ми работат, немам прегорена сијалица. Во случајов СУВ-от беше најновиот Туарег.
Светлината за тие 5-6км ми ги замори очите премногу. Не носам наочари и немам проблем да возам навечер.

Друга лоша ситуација која што ја имам забележано е кога кола со матрикс светла вози позади друга кола. Во тој случај многу доцни со исклучување кога иди кола од спротивен правец, а некогаш ја намалува светлината несоодветно на некои делови, но повторно блешти в очи. Светлината од матриксот како што кажав погоре не е шала, прејака е. И оваа ситуација ја имаш на сите регионални патишта. Единствено добро се однесува кога колата со матрикс е прва и тогаш добро ја менаџира светлината, но ретко се такви ситуации. Да не биди дека само до мене е ова, и жена ми ми вика што му е на луѓево што возат со долги светла :D

Моето искуство во последниве 2-3 месеци е ова. Вие што имате матрикс, верувам кога се разминувате со друг матрикс кој вози позади кола, дека полесно се препознавате со оглед дека блештите на сите страни па одма се исклучува светлината кон вас :D Или пак едноставно ретки сте со матрикси во државава и не сте забележале колку се лоши кога се отспротива или позади вас.

SUV возило ке ти вади очи од позади, без оглед на тоа дали има матрикс или не. Тука голема улога има високата поставеност на самите светла, не типот на светлото. Тоа е барем мое искуство.

Гледам дека тука многумина го коментираат модот на матрикс светлата каде сами се подесуваат, во поглед на дадена ситуација. Јас имав матрикс светла на А4-ката, и ги имам на А5-ката сега. Во 99% од случаите, возам со кратки светла, не во Auto mode, кој самиот ги регулира светлата, и по потреба, самиот си пуштам долги светла. Аuto модот кој го коментирате тука, за мене, работи премногу напорно. Мое лаичко мислење е дека нема теорија на автопат кој има средна фрекфренција на возила, да е здраво за светлото да се пали и гаси на секои 30 секунди. Неколку пати го пробав тоj auto mode, not my cup of tea.   

Средните светла се повеќе од доволни, и кога е чист патот пред мене навечер, си пуштам долги светла. Немам никаков проблем со некој да ми бленда од карши кога сум со средни светла, ке се случи еднаш во 3 месеци.       

Отсутен Спенсер

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7348
Ете една будала денеска загинала онаму кај Брезница. Како некако да се направи сите будали наеднаш да отидат, да не страдаат невини. Тоа би било изум најбитен во историјата на човештвото.

Ако коментираш за случајот што мислам дека коментираш, не е убаво да збориш така. Имаше дешавка со мотор викендов. Деновиве нешто пак ли се има?

Присутен Nandor The Relentless

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8429
  • Малерозен дрводарец
Имам неколку пати приметено од тоа мерцедесиштата со матрикс/фатрикс,
кога ќе блесне од позади со долго светло да ми соопшти као ќе ме претекнува
и сè пред мене свети како грмотевица...

НО

само сум забележал огромно осветлување - никогаш не ми попречило во видот.

Од друга страна, секој втор ден на ридов позади мене возеле со некои заебани светла што толку многу сметаат од позади што редовно ги пцујам.

Математиката е оваа:
- имам Car Shades мрежа на задно стакло
- задното стакло е повисоко од мноштвото фарови на другите автомобили.

Од случаите каде сум пцуел најгласно, ќе издвојам неколку модели возени од горенаведените идиоти:

- BMW 1
- Alfa 147
- Citroen некој ебем ли га шо беше...

Цитронот можеби има фар на повисоко, ама другиве 2...
Ич не ми е јасно што по ѓаволите монтираат, ама ич...
Многу зборува - ништо не кажува.
Ветер од северен правец.
Раскажува детално за комплетно неважни работи.
На кратко, а богами и на Македонски: Никој.

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34046
  • Таков е животот... јебига
Ете една будала денеска загинала онаму кај Брезница. Како некако да се направи сите будали наеднаш да отидат, да не страдаат невини. Тоа би било изум најбитен во историјата на човештвото.

Ако коментираш за случајот што мислам дека коментираш, не е убаво да збориш така. Имаше дешавка со мотор викендов. Деновиве нешто пак ли се има?

Поима немам, типот претерува во кривина, ги претицува сите пред него, нормално не може да ја фати кривината, за среќа нема никој од спротивна насока и мислам во банкина се удира.
Не било убаво да зборам така.... епа не е откако ќе се деси пиздарија нели? А зошто не би било? Затоа што некој загубил живот. Епа мора некако да се збори, макар и неубаво, за некој потенцијален самоубица да се запраша што прави и дали се исплати да си будала.

Присутен Nandor The Relentless

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8429
  • Малерозен дрводарец
Точно е дека као вештаците за моторот рекле дека возел над 200км/ч, знае некој?
Многу зборува - ништо не кажува.
Ветер од северен правец.
Раскажува детално за комплетно неважни работи.
На кратко, а богами и на Македонски: Никој.

Отсутен Ordevski

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1575
Имам неколку пати приметено од тоа мерцедесиштата со матрикс/фатрикс,
кога ќе блесне од позади со долго светло да ми соопшти као ќе ме претекнува
и сè пред мене свети како грмотевица...

НО

само сум забележал огромно осветлување - никогаш не ми попречило во видот.

Од друга страна, секој втор ден на ридов позади мене возеле со некои заебани светла што толку многу сметаат од позади што редовно ги пцујам.

Математиката е оваа:
- имам Car Shades мрежа на задно стакло
- задното стакло е повисоко од мноштвото фарови на другите автомобили.

Од случаите каде сум пцуел најгласно, ќе издвојам неколку модели возени од горенаведените идиоти:

- BMW 1
- Alfa 147
- Citroen некој ебем ли га шо беше...

Цитронот можеби има фар на повисоко, ама другиве 2...
Ич не ми е јасно што по ѓаволите монтираат, ама ич...
Мора да станува збор за здатт или слично во фар за халогени сијалици.
Ете една будала денеска загинала онаму кај Брезница. Како некако да се направи сите будали наеднаш да отидат, да не страдаат невини. Тоа би било изум најбитен во историјата на човештвото.

Ако коментираш за случајот што мислам дека коментираш, не е убаво да збориш така. Имаше дешавка со мотор викендов. Деновиве нешто пак ли се има?

Поима немам, типот претерува во кривина, ги претицува сите пред него, нормално не може да ја фати кривината, за среќа нема никој од спротивна насока и мислам во банкина се удира.
Не било убаво да зборам така.... епа не е откако ќе се деси пиздарија нели? А зошто не би било? Затоа што некој загубил живот. Епа мора некако да се збори, макар и неубаво, за некој потенцијален самоубица да се запраша што прави и дали се исплати да си будала.
За жал видов видео од случувањето...

Sent from my SM-S908E using Tapatalk

Не коментирате за идиотите на првомајска што се тркале со коли и прегазиле девојче минатата недела, коментирате за моторџијата. 

Моторџија кога прави беља, 99.99% страда тој самиот, и ич к вас да не ви чуе за тоа, минимална опасност е по останатите учесници во сообраќајот.

Коментирајте за овие идиотиве со коли што прават глупости, за моторџиите нема потреба мн да се филозофира затоа што се 100 пати понеопасни однего овие со коли.

@Nandor The Relentless  нема шанси да е 200, неверувам

Присутен Nandor The Relentless

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8429
  • Малерозен дрводарец
Не се тепај, бе, па и ти.

И полека со математиките, барем 3 пати ми излетувале морони на мотори директно у фаца...

Мислам, во право си со споредбата, ама бројките ниту еден од нас нема да ги знае точно.

За ова на Првомајска не сум чул, загинало детето?
Без разлика - на тие, особено племе да им ебем.
Порано се тркаа секоја ноќ.
Ги исекоа едно време, значи сега пак почнале?
Многу зборува - ништо не кажува.
Ветер од северен правец.
Раскажува детално за комплетно неважни работи.
На кратко, а богами и на Македонски: Никој.

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34046
  • Таков е животот... јебига
Ете една будала денеска загинала онаму кај Брезница. Како некако да се направи сите будали наеднаш да отидат, да не страдаат невини. Тоа би било изум најбитен во историјата на човештвото.

Ако коментираш за случајот што мислам дека коментираш, не е убаво да збориш така. Имаше дешавка со мотор викендов. Деновиве нешто пак ли се има?

Поима немам, типот претерува во кривина, ги претицува сите пред него, нормално не може да ја фати кривината, за среќа нема никој од спротивна насока и мислам во банкина се удира.
Не било убаво да зборам така.... епа не е откако ќе се деси пиздарија нели? А зошто не би било? Затоа што некој загубил живот. Епа мора некако да се збори, макар и неубаво, за некој потенцијален самоубица да се запраша што прави и дали се исплати да си будала.

Не коментирате за идиотите на првомајска што се тркале со коли и прегазиле девојче минатата недела, коментирате за моторџијата. 

Моторџија кога прави беља, 99.99% страда тој самиот, и ич к вас да не ви чуе за тоа, минимална опасност е по останатите учесници во сообраќајот.

Коментирајте за овие идиотиве со коли што прават глупости, за моторџиите нема потреба мн да се филозофира затоа што се 100 пати понеопасни однего овие со коли.

@Nandor The Relentless  нема шанси да е 200, неверувам
Не сум чул за таа случка иначе племето и на нив до трето колено.

А што па ти толку по моторџиите скокаш бе? Ко оној Лорета си од Монти Пајтон.

Отсутен Спенсер

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7348
Скокам затоа што моторџијата сам ја платил цената (и тоа на најужасен начин) и не повредил никој невин во сообраќај. Во 99.9% од незгодите е така.

За разлика од него,  велешанецот што прегази девојче (пијан и возејќи додека има забрана за возење), за 5 години ќе искочи од затвор и ќе си продолжи со животот.

https://a1on.mk/macedonia/pijaniot-vozach-koj-usmrti-dete-na-peshachki-vo-veles-kje-odlezhi-10-godini-pomalku-bil-mlad-i-nezhenet-odluchi-apelacija/

https://telma.com.mk/2023/09/01/pochina-17-godishnata-devojka-koja-preksinokja-beshe-udrena-od-vozach-koj-izbegal-i-ne-i-pruzhil-pomosh/

Еве и ова тазе, девојчето се симнало на автобуска да ја чека мајка и да ја земе со кола.. и толку. 

Дечкото што погина во скопје север на семафорот? Стоеше на пешачки остров, не беше ни на улица, погина поради судар на 2 коли од кои една на црвено.

И на сите вакви случаи со дивеење со коли и прелетувања на црвено загрозувајќи човечки животи, ти прозиваш моторџија што самиот себеси си наштетил плаќајќи со сопствениот живот на ужасен начин. Не бива...

Присутен Nandor The Relentless

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8429
  • Малерозен дрводарец
Ѓубрињава се кријат еден со друг наместо барем да се договорат?
Нека јадат затвор и двајцата.

Ако е така, брат-не-брат, дете умрело - не можеш да криеш вина и да бидеш соучесник - по закон си заслужуваш затвор...
Многу зборува - ништо не кажува.
Ветер од северен правец.
Раскажува детално за комплетно неважни работи.
На кратко, а богами и на Македонски: Никој.

Отсутен Power to the people

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6285
  • Медалист, Олимпијада за Сарказам Перу '98
Некни на ѓавато, моторџија возеше како на МотоГП, навален до земја, коленото да стружи на асфалт, прв пат да видам такво нешто во живо, страшно нешто.
Професионалец во вистинска смисла на зборот, среќа немаше сообраќај, инаку јас го заприметив дури откако ме замина во средна а си возев во десна лента,
да сецнев за некој камен, пес изгазен, нема шанси чоекот да не се закачеше негде.

Мотори на ретровизор не се заприметуваат како коли.