Jaс исто вака размислував, и сеуште сметам дека донекаде и е така, и дека има и претерани забегувања, но.... Но!
Мислам дека полека почнувам помалку да ги разбирам некои од муабетите, како на пример тие за тежината на тркалата/обрачите и инертноста на истите.
Нејсе, може ли некој да направи една споредба меѓу:
RockShox Reba RL
Fox 32 Float 29 CTD Evolution
Од тоа јас што читав, Фокс ги рачунаат нешто повисока класа. Но за Reba-та читам дека е многу полесна за сервисирање (во своја режија, нешто што ми е важно). Ако има некој сознанија или искуства, супер би било да ги сподели.
Иако не се интересирам за MTB многу, да, во право си. Фокс ти е Apple во светот на амортизерите. Се што вадат е добро, речиси и да нема low end модели. Сервисирањето не знам како им е, ама штом сакаш да сервисираш сам, земи го тоа што си прочитал дека е полесно. За Фоксот не ни знам кој ги разбира во Скопје, кој знае прописно да го сервисира.
И мене ми нема логика тежината... 2кг, 5кг не ми прави разлика во возање..
Па добро, ти си велосипедист што ужива во возењето, не во технологијата. Не бркаш резултати, не се замараш со просечна брзина и слично, гледаш да си уживаш во пределот што го возиш, што е сосема во ред. Но, има многу луѓе што сакаат да уживаат со тоа што рутата ќе ја извозат побрзо, ќе ја извозат технички исправно и секој пат кога ќе ја извозат да го надминат претходниот резултат. Тука игра улога тежината и квалитетот на точакот. Многу побрзо се постигнуваат позитивни резултати со полесен точак.

Сепак, не би било во ред секој што сака да разбере што се случува додека си го вози точакот, да рече „мене не ми е битна тежината“.
П.С. Поларот твој не тежи 12.5. Поларот твој тежи 14.5. Вака не изгледаат многу, ама многу се

Е сега да се фокусираме на главната поента. Луѓето што купуваат „полесни“ точаци со тоа добиваат и нешто друго, а тоа е квалитет на деловите кои се полесни. На пример, си возел Acera менувачи и шалтери, па си купил XT група. Што си добил освен 300/400 грама намалена тежина? Си добил побрзо и попрецизно менување брзини, си добил естетски лик, и си добил поголем рејнџ, т.е. Acera е со 8 брзинска касета, XT е со 11 брзинска. Пак ќе речам, некому и 8 брзини се доволни, но на тие што возат со сензори за каденца и срцева активност, вистинскиот однос на запчаници им е многу, многу важен.
Собимот нема 20 килограми ама има 17, можеби и 18. Ај земи ти качувај го средно Водно со некоја Merida TFS, Matts 30 или некој точак што е релативно лесен, и качувај го со Собим. На првиот лак со Собимот ќе имаш пулс од 180, а со Меридата се кладам и одморен ќе стигнеш горе.