Прво база па лак. Лакот е пигментиран, кога ќе го аплицираш добива розова боја но кога ќе исуши се изедначува со околната боја. Во апликаторот за боја има сунѓерче каде идеата е после неколку минути кога ќе подзасуши да се помине со сунѓерчето како би се израмнило нивото со околната боја.
Не користев никаков дополнителен апликатор, го користев за покривање мали дупчиња од камчиња, каде што најчесто останува доле на прајмер. За оштетувања на пластични делови ако е оштетено до пластика поправката е привремена бидејќи не лепи убаво директно на пластика па треба да се обновува после неколку месеци.