@MartinAlfista Polar ми е моментално фаворит. Бев до Bike Market, разгледав неколку модели, ама уште се двоумам. Што се однесува до рамките на велосипедите од ниска и средна класа, без разлика на брендот, тие се најчесто OEM рамки направени во некоја од земјите на Далечниот Исток. Можеби некои од поголемите брендови произведуваат рамки во својата матична земја, но тие најчесто завршуваат на велосипедите од повисоката класа, кои му се вон дофат на просечниот купувач.
За половен велосипед тешко ми е да се одлучам. Се добиваат делови од повисока класа, но не сакам да ми испаднат непланирани трошоци за гуми, менувачи, запчаници и слично.
@Бузуки Се двоумам помеѓу Polar Mirage Pro и Polar Avalanche.
@Van Одлична понуда. Само проблем е што нема кој да ми го донесе а и преферирам да го видам велосипедот во живо пред да се одлучам за него.
@MarceCvarce Кога би го надминал буџетот за некоја илјадарка, веројатно би се одлучил за механичка диск кочница. За половен, од причини кои ги наведов погоре, тешко ми е да се одлучам.
@DayWalker За кој модел на Merida се работи?
Ви благодарам на сите за предлозите. Утре ќе посетам уште некоја продавница, па ќе донесам одлука.