Автор Тема: Велосипед  (Прочитано 941329 пати)

Отсутен Shuriken

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 181
Одг: Велосипед
« Одговори #2565 на: 05 Ноември 2014, 15:10:19 pm »
Јас кога купував немаше Mirage Pro и Avalanche со 27,5 инчи, а тие што беа со толкави тркала беа доста поскапи. Инаку не се така нежни овие точаци, издржуваат спустови, не се плашете толку.
Ни сега нема Mirage Pro со 27,5 инчни тркала. Само 26-ки и 29-ки. Додека Avalanche мислам дека моментално се произведува само со 27,5 и 29 инчни тракала.
А што се однесува до издржливоста, таа е тука некаде на сите модели со цена од 300 па до 1000 евра.

Отсутен Fic_CC

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 16735
  • Keep it 100
Одг: Велосипед
« Одговори #2566 на: 05 Ноември 2014, 15:16:19 pm »
Погрешно се изразив, сакав да кажам имаше Mirage Pro и Avalanche само со 26 инчи. :)

Отсутен MartinAlfista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 17606
  • Alfa Romeo Corruption 1.4 Turbo
Одг: Велосипед
« Одговори #2567 на: 05 Ноември 2014, 15:37:47 pm »
А што се однесува до издржливоста, таа е тука некаде на сите модели со цена од 300 па до 1000 евра.

Повеќе би било од 500 до 1000 евра. Кај таа класа на велосипеди со некој модел на Rock Shox амортизер, единствено различно е групата на делови и тркалата. Тие точаци од 500 евра идат со Acera/Alivio, додека тие од 1000 евра идат со Deore/SLX и нешто поквалитетни тркала. Рамката е иста, компонентите се различни.

Отсутен Shuriken

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 181
Одг: Велосипед
« Одговори #2568 на: 05 Ноември 2014, 16:16:00 pm »
Повеќе би било од 500 до 1000 евра. Кај таа класа на велосипеди со некој модел на Rock Shox амортизер, единствено различно е групата на делови и тркалата. Тие точаци од 500 евра идат со Acera/Alivio, додека тие од 1000 евра идат со Deore/SLX и нешто поквалитетни тркала. Рамката е иста, компонентите се различни.
Да, се согласувам. Под издржливост мислев на капацитетот на компонентите да издржат екстерна сила пред да почнат да се деформираат или колабираат и со тоа да ја загрозат безбедноста на велосипедистот. Е сега, не знам колкава е издржливоста на велосипедот од 500 евра во однос на тој од 1000 евра, но верувам дека не е драстична разлика.

Отсутен MartinAlfista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 17606
  • Alfa Romeo Corruption 1.4 Turbo
Одг: Велосипед
« Одговори #2569 на: 05 Ноември 2014, 16:21:06 pm »
Deore и SLX групите, според мене да нагласам, се best of both worlds. Релативно се лесни и прецизни, НО, и тоа големо НО, се направени од потешки легури и материјали за разлика од врвот на класата, а тоа се XT и XTR. Последниве две, за да се штеди на тежина, се прават од лесни и многу ригидни легури кои иако се цврсти, кога ќе стигнат до критичната стресна точка, им нема оправање.
Кај Deore/SLX металот сеуште има некој флекс во себе кој трпи и поголема гњаважа од удари и константно малтретирање.
Ова не важи за главини и средни осовини. :)

Пак да кажам ова е мое мислење. :)

Отсутен Shuriken

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 181
Одг: Велосипед
« Одговори #2570 на: 05 Ноември 2014, 16:58:27 pm »
Deore и SLX опрема може да се најде на нови велосипеди од околу 1000 евра. XT и XTR се друга лига. Тоа е натпреварувачка опрема, за луѓе кои го мерат секој грам на велосипедот. Некаде имам прочитано дека NASA вградува XTR сајли во некои команди на спејс шатловите.

Отсутен Vlatzki

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2069
Одг: Велосипед
« Одговори #2571 на: 05 Ноември 2014, 18:21:01 pm »
Извинете што вака ќе се убацам у дискусија, но никогаш не ги сфаќам оние што се замараат со тежината на компонентите до тој степен... Ај да бевте нешто Тур де Франс тркачи па да разберам, ама па за точак за секојдневна употреба (до факс, работа, кеј, водно), да плаќаш 100-200-300 евра повеќе само за 200-300 грама полесни компоненти уопште не ми штима. Па ако се исереш пред возење ете ти -500грама , па и више... Ако се наручаш ко човек ете ти 500-1000 грама вишак...

Еден мој другар се распрашуваше да купи педали за точак за до факс... И еден му вика купи си од пазар најефтините, за таа намена и не ти треба поише. Друг се убацуе у муабет, вика, купи ги овие или оние, 3 пати се поскапи од пазарските ама па полесни се... :)))

Отсутен MartinAlfista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 17606
  • Alfa Romeo Corruption 1.4 Turbo
Одг: Велосипед
« Одговори #2572 на: 05 Ноември 2014, 19:04:41 pm »
Да беше толку едноставно :) :) :) :)

Отсутен Vlatzki

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2069
Одг: Велосипед
« Одговори #2573 на: 05 Ноември 2014, 20:41:00 pm »
Тогаш објасни. Колку што имав приметено низ твоите постови во темава, главен акцент ставаш на тежината....

Отсутен DimitarMK

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1925
Одг: Велосипед
« Одговори #2574 на: 05 Ноември 2014, 21:02:29 pm »
Дур сте кај Deore XT, шиткам точак со Deore XT  ;D

http://reklama5.mk/AdDetails?ad=1375622

Ко воли нек изволи.

Отсутен Van

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5299
  • VW Golf MK3 1.9 TDI
Одг: Велосипед
« Одговори #2575 на: 05 Ноември 2014, 23:35:52 pm »
Извинете што вака ќе се убацам у дискусија, но никогаш не ги сфаќам оние што се замараат со тежината на компонентите до тој степен...  ... :)))
Jaс исто вака размислував, и сеуште сметам дека донекаде и е така, и дека има и претерани забегувања, но.... Но!  ;)  Мислам дека полека почнувам помалку да ги разбирам некои од муабетите, како на пример тие за тежината на тркалата/обрачите и инертноста на истите.



Нејсе, може ли некој да направи една споредба меѓу:
    RockShox Reba RL
    Fox 32 Float 29 CTD Evolution

Од тоа јас што читав, Фокс ги рачунаат нешто повисока класа. Но за Reba-та читам дека е многу полесна за сервисирање (во своја режија, нешто што ми е важно). Ако има некој сознанија или искуства, супер би било да ги сподели.

Отсутен Бузуки

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6297
Одг: Велосипед
« Одговори #2576 на: 05 Ноември 2014, 23:38:23 pm »
И мене ми нема логика тежината... 2кг, 5кг не ми прави разлика во возање..

Отсутен DimitarMK

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1925
Одг: Велосипед
« Одговори #2577 на: 05 Ноември 2014, 23:52:26 pm »
Дека не си пробал полесен. Која разлика е од кога го турив багажникот и торба со 4-5 кила внатре.

Отсутен MarceCvarce

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 9107
Одг: Велосипед
« Одговори #2578 на: 05 Ноември 2014, 23:57:00 pm »
Тогаш објасни. Колку што имав приметено низ твоите постови во темава, главен акцент ставаш на тежината....

мислам види вака, неможеш да разбереш пошо си аматер :) , тука има фанатици за точак и тоа е тоа. Ако се навлечеш ке сватиш ако не то је то...

Отсутен Бузуки

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6297
Одг: Велосипед
« Одговори #2579 на: 06 Ноември 2014, 00:00:32 am »
Абе да, ама не ќе возам тур де франс јас ;D Еве поларот мој тежи околу 12.5кг.. Што разлика ќе ми прави ако земам скот, мерида која тежи 11кг пример ?
И онака кога ќе возам на подалечен пат, си носам ранец со вода, нешто за јадење бла бла, ете ти 2/3 кг..

Мислам дека не се исплаќа да дадеш 200/300/400 евра за 1кг полесен точак