Точно, и јас мислам дека се малку преценети. Дури еден човек ми рече дека тие кочници биле за никаде. Но постојат и луѓе кои имаат импозантни познавања од оваа област и ги препорачуваат само нив.
Ако го растегнам буџетот до нешто над 20 илјади денари, би одел на варијантата со 27,5 инчни тркала и механички диск кочници. Не знам колкава би била разликата помеѓу хидраулични и механички диск кочници и дали би ја оправдала вложената сума, која патем, не знам колку би изнесувала.
Ти благодарам.
Не, тие кочници не се за никаде. Во ерата кога излегоа диск кочниците, Avid BB5/BB7 би биле „Боки шеширџија“ што би рекол еден наш член

Кочниците се одлични но сепак се механички и со тоа си ги носат сите детски болести на механичка кочница. Од хидро кочници добиваш константен фидбек на кој се навикнуваш и при долги спустови и точно во секое време знаеш колку сила треба да вложиш во рачката за да успориш колку што си замислил.
Кај механичките и V кочниците, се јавува изразит "fade" или еден тип на замор. Кај буџет механичка диск кочница, овој fade е еднаков како и кај V brake, додека кај класа на BB5/BB7 тој ефект е далеку помал. Ќе бидам искрен и ќе кажам дека на Deore V brake овој fade го немаше, ама сеа јебига, тоа е Deore и си кошта

Да сумираме: доколку Avalanche што ти фати око има Shimano или некои од горенаведените Avid, и те како вреди да купиш. Таков setup е далеку подобар од V brake setup од неколку причини:
1. Главини - диск главините се проектирани да се справуваат со поголем стрес затоа што кочењето се случува директно на главината, додека кај V brake стресот го ублажуваат шпиците. Автоматски добиваш подобри главини.
2. Future proofing - во иднина ќе сакаш да си ставиш хидро кочници. Нема еден нормален човек на планетава што не го посакал тоа, па притоа ќе ги имаш главните припреми за да ја направиш таа промена. Прво, веќе имаш диск-компатибилни главини што ти спасува сигурно 50 евра во купување и преплетување на тркала. Второ, имаш ротори и адаптери за калиперите, што ти спасува уште 2000 денари. Твое е само да ги отстраниш механичките рачки и калипери и да ги замениш со хидрауличните. Многу поефтино е да купиш само рачки, калипери и црева отколку се тоа, плус две главини, два ротори и два адаптери.
3. Обрачи - при евентуалната промена во диск сетап, ќе заглавиш со обрачи за V brake кои се потешки од обрачите за диск. Обрачот за диск е еднакво цврст како и оној за V brake но е полесен заради тоа што појачувањата се изведени на друг начин, додека кај V brake обрачите, потребни се подебели ѕидови кај што пакната е во контакт со обрачот. Тежината на обрачите е многу битна заради ротационата маса. Што потешки обрачи, потешко се одржува инерцијата и повеќе треба да вртиш педали
