Проблемот е друг, кога некој од дизелашите ќе постира ваква или помала бројка од Борд, веднаш се убацуат модератори, сератори, мрчатори, петролхед гњаватори, да го разубедат дека е тоа неможно, да го испљукаат дека лаже и дека можеби возел на удолница, а колку што гледам сега ни еден од нв не се одзва на постираново? Или сум грешка? 
А зашто би се убацувале модератори, сератори, мрчатори итн итн? Немам апсолутно никаква причина ни да помислам дека лаже, исто толку колку што marjanot нема апсолутно никаква причина да лаже. Тоа што дизелашите одбиваат да го сфатат, пошто им е непоимливо како е тоа можно, е сосема друг муабет.
Јас кажувам и стојам зад тоа, дека Лансерот низ град ми е под 8.5 литри, и ме праат дека лажам. Немам причина да лажам. А најискрено, ме заболе дали некој не може да сфати како е тоа можно или не. „Не бе, нема шанси, не ти е испод 12! - Епа ако толку знаеш, шо к** ме прашуваш бе?! Ме праша, ти кажав, за кој таков побогу, би те лажел?!“
Верувам дека и тек како е можна таа потрошувачка, со модерен турбо-бензински агрегат, особено ако
знаеш како да го возиш!
Комшијава има Астра 1.4 Турбаш бензинец и се жали дека у град испод 10 зимно време не му се симнува а летно време без клима испод 9.
Тука ќе се навратам на тежината на Астрата, од 5 ипол месечини, за која што во темата што ја милуваат Опелџиите, испадна дека голема тежина, во фамилијарен хеџбек било „добра“ работа и „нештедење“ на материјали.
На страна тоа што можеби Турбо-бензинецот на VW е подобар од тој на Opel, или (пу-пу скраја да е) возачот да не знае да го искористи соодветно потенцијалот на возилото и агрегатот што го има.