Автор Тема: Намалување на потрошувачката.  (Прочитано 261769 пати)

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54985
  • Махер
Намалување на потрошувачката.
« на: 31 Декември 2010, 12:47:29 pm »


Пред неколку резервари со Поло 1.2 70PS поминав од полн резервоар до светнување 5.5 литри, низ Скопје. Признавам вложени беа напори да се постигне што е можно помала потрошувачка. Возење во град Скопје, наутро на работа низ центар, поручек назад низ центар и навечер излегување, други чести дестинации карпош-бутел и карпош-влае. 0 километри на отворено. Значи едно реално возење, и нормална секојдневна употреба на возилото.

Следниот резервар го возев без толкава резерва (заморување за ниска потрошувачка) и испадна близу 6.7 литри. Ова е истата кола, која со несовесно возење троши 10 литри во град, мерено на цел резервоар со истите возени дестинации. Соодветно сите бројки се без клима, зошто не беше потребна во тоа време.

Најголем придонес при намалувањето на потрошувачката, од мое лично тестирање имаат следниве работи: (Десет заповеди)
1. Инерција, забрзување до 60-70кмч и пуштање на гасот сосема, за обртомерот да стигне до 1000 обртаи точно пред семафорот. Или нагодување на брзината за да поминеш на зелено, па ако треба и возење 20-30кмч. Идејата е што помалку да се користи кочница, и да се зачува моментот на автомобилот.
2. Оставање повеќе место до колата пред вас. Кога ќе почне да кочи, за некоја дупка, пробај да не кочиш туку само да отпуштиш гас. Се избегнува користење на кочницата што ја претвора кинетичката енергија во топлинска. За да има кинетичка енергија колата троши бензин, па според тоа колку повеќе се користи кочница непотребно, толку повеќе гориво се фрла во ѓубре.
3. Предвидување и гледање понапред од колата пред тебе. Да се промени лента на време за да се избегне било каков застој, или било каква употреба на кочница.
4. Да не се крева обртомерот над 2500. Од очигледни причини, и да се корити повисок степен на пренос.
5. Да не се забрзува на угорница. На угорница треба само да се одржува брзината или да се намалува. Соодветно пред брдото ако има услови треба да се забрза до 70кмч и до врвот на брдото да се намали до 55кмч. Потрошувачката нагло расте кога се работи за искачување на нагорнина.
6. Гумите да се напумпани, колку што треба и да се проверуваат секој месец. Подиздишани гуми се лоша работа. И малку препуани не е лошо.
7. Ако се вози со брзини поголеми од 60кмч, да се затворат прозорците. За да се зголеми аеродинамиката. Во ова спаѓа и додавање на циркуз елементи на автомобилот, како спојлери, прагови и слично. Не се потребни и треба да се извадат веднаш.
8. Да не се користи клима туку обична вентилација, или ако мора клима, тогаш на најслабо ниво. Убаво е да се инвестира во најсветли фолии со малку затемнување (нема ни да се приметуваат).
9. Во кривини да се влегува со 20-30% поголема брзина кога има услови. Да не се кочи претерано пред кривината, за после кривината да не треба да се забрзува непотребно.
10. Замислете дека има јајце помеѓу вашето стапало и педалата за гас. Пробајте да не го скршите.

Ако има некој нешто да дополни, би сакал да слушнам.
Значи ова се мои лични пробани работи и разликата е многу повеќе од огромна. Сум се потрудил да ми станат како полу-навика, па и да стиснеш, просекот по резервоар пак доаѓа под нормалата.

_______________________________________________________________
Дополнителни правила:
11. Паркирањето да е секогаш со газ, за излегувањето да е што полесно и побрзо. Целото трткање-врткање да се врши при паркирање, со загреан мотор. А не при излегување со ладен.
12. Кога се оди на неколку места да се оди на најдалечното прво, па на враќање да се застанува. Најпрво да се загрее моторот што повеќе.
« Последно менување: 05 Април 2013, 21:45:00 pm Deni »

Отсутен LosiPatista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 12136
  • Duh sa TDI-jom
Одг: Намалување на потрошувачката.
« Одговори #1 на: 31 Декември 2010, 15:43:13 pm »
Тоа е тоа во главно. Но разликата нема да биде толкава доколку возиш во шипц. Со нормално и дефанзивно (твоето) возење не би требало разликата да биде поголема од 1.5 литар. Во скопје гужвата е ненормална, и некогаш ти треба 45 минути за да поминеш 3 км, и тогаш потрошувачката рипа на....многу.

А ако 1.5 литар (или 100 денари) е разликата помеѓу нормално возење и дефанзивно, зошто да не поуживаш во возењето за само 100 денари ;)


Torsion Beam - The Only Axle You Will Ever Need

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54985
  • Махер
Одг: Намалување на потрошувачката.
« Одговори #2 на: 31 Декември 2010, 18:17:30 pm »
Убаво е како што споменав. Со се гужви низ центар со се се. Едноставно да си се практикува како навика, а не како терет. На пример ако сакаш да ослабеш, не треба да оддиш на диета, треба да воведеш начин на живот кој полека полека ќе ти стане навика. Затоа и реков, со онака возикање 6.7 литри, вклучувајќи нормално однесување и стискање кога ти се сака.
Не би рекол дека се спаѓа во дефанзивно возење. Највеќе би рекол дека е употребата на кочница и задржување на моментот на возилото. Што може да се употребува и при најголемо газење.

Отсутен Banzai

  • Blitzqueen
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 9998
Одг: Намалување на потрошувачката.
« Одговори #3 на: 03 Јануари 2011, 11:59:27 am »
Корисни се советиве, ама ја ќе полудам ако треба вака да возам цело време :) Дел од точкиве ги применувам во секојдневна вожња, навика ми се, како на пример што повеќе моторно кочење а помалце користење на кочница...

Во секој случај, дефинитивно се согласувам со ЛошиПатишта, за 100 денари на 100км ќе си го правам меракот и нема да му ја мислам. Особено затоа што не правам којзнае колкава километража годишно.
За вкусовите не се дискутира, по нив се плука.

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54985
  • Махер
Одг: Намалување на потрошувачката.
« Одговори #4 на: 03 Јануари 2011, 12:55:46 pm »
Корисни се советиве, ама ја ќе полудам ако треба вака да возам цело време :) Дел од точкиве ги применувам во секојдневна вожња, навика ми се, како на пример што повеќе моторно кочење а помалце користење на кочница...

Во секој случај, дефинитивно се согласувам со ЛошиПатишта, за 100 денари на 100км ќе си го правам меракот и нема да му ја мислам. Особено затоа што не правам којзнае колкава километража годишно.
Тоа е муабетот. Чисто како една едноставна навика. Не мора сите, немора ни едно. Ама некои работи едноставно не сметаат воопшто. И така го гледаш црвеното на семафор, пушти гас... Што ако држиш и кочиш во последен момент.
Уште еден пример, да влезеш 5-10кмч побрзо во кривина? Не е досадно воопшто.
Како што може да се забелеежи голем дел се пасивни намалувања, кои не сметаат во возењето како прозори и напумпани гуми.
Значи горе долу се што ви смета е 2500 вртежи? Ако го занемариме, што друго е толку потресително?

Отсутен LosiPatista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 12136
  • Duh sa TDI-jom
Одг: Намалување на потрошувачката.
« Одговори #5 на: 03 Јануари 2011, 13:18:44 pm »
Не ми сметаат голем број од наведените работи. Јас возам дизел и пак возам дефанзивно поради ненормално големата цена на горивата.

Од горе наведените не го почитувам советот за возење по угорница.  Кога доаѓа угорница, јас уживам да нагазнам, воопшто не ми е ќеф да возам со максимална брзина по прав и рамен пат колку што ми е кеф да возам брзо на угорно. Поради фактот што снагата кај дизелот е долу ниско, на угорниците возам во 5та околу 3000-4000 рпм и знам дека моторот не се мачи, а и потрошувачката не е превисока.


Не ми се допаѓа ни она за влегување брзо во кривини. Јас го нарекувам тоа возење како зомби. За да се искористи брзината на автомобилиот гледаш што помалку да закочиш пред раскрсница. Еден мој другар постојано возеше вака, додека не удри во ивичњак и се преврте со возилото и си ја скрши раката. Сите 100 денари што ги заштеди во претходните 5 години заради побрзо влегување во кривина, го чинеа 2000 евра и скршена рака.

Torsion Beam - The Only Axle You Will Ever Need

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54985
  • Махер
Одг: Намалување на потрошувачката.
« Одговори #6 на: 03 Јануари 2011, 13:43:59 pm »
Се сложувам за угорницата. Кога сум со ТДЦи, секогаш возам директно над турбо-дупката, зошто е многу интересно. Особено кога ќе притиснеш нагло на угорница и ќе повлече без никаков проблем.
Само да не зборуваш за отворено!? 3000-4000 во 5та е над 100кмч?
А инаку за тоа во кривината, значи тоа се нијанси. Не да леташ во кривина, наместо 30 да возиш 38, рецимо. :)
Јас од време на време ќе решам да тестирам, и цел резервар возам со едно темпо дали брзо-или споро зошто ме интересира. А и плус ми е интересно.

Отсутен LosiPatista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 12136
  • Duh sa TDI-jom
Одг: Намалување на потрошувачката.
« Одговори #7 на: 03 Јануари 2011, 13:51:43 pm »
Да, за отворено зборувам. Низ град си лазам полека сигурно. И мене ми е интересно, нон стоп мерам потрошувачка на цел резрвоар, и моментално ги вадам 5.5 литри просек со сите тестирања, работење во место, возење на максимална, возење умерено, секако.
« Последно менување: 03 Јануари 2011, 13:53:23 pm LosiPatista »

Torsion Beam - The Only Axle You Will Ever Need

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29665
    • CARclub.mk
Одг: Намалување на потрошувачката.
« Одговори #8 на: 03 Јануари 2011, 15:31:45 pm »
Генерално не возам нешто посебно штедливо. Како што веќе спомнаа некои, ако 100 денари на 100 километри значат дека ќе ми биде поинтересно и дека ќе имам поголемо задоволство во возењето, не ми значи многу.

Возам онака како што ми е забавно и задоволство, и фала богу, како што е безбедно.

Отсутен Cuore Sportivo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 17675
  • Alfa155 & AlfaGT
Одг: Намалување на потрошувачката.
« Одговори #9 на: 03 Јануари 2011, 16:21:15 pm »
  На мојана јајце од препелица ако сакаш тури џабе.

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29665
    • CARclub.mk
Одг: Намалување на потрошувачката.
« Одговори #10 на: 03 Јануари 2011, 17:12:40 pm »
Да де, како беше оноа, за да моеш мирно да спиеш, мериш потрошња на 50 километра? :D

Отсутен gOJDO

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7689
  • Хорска Секција
Одг: Намалување на потрошувачката.
« Одговори #11 на: 04 Јануари 2011, 08:13:59 am »
Јас не почитувам ниту едно од пишаните правила. Или можеби кога го возам малиот несакајќи почитувам некое. Некако не ми оди да возам како желка, а во принцип обично брзам некаде.

Ум шо идит отпосле не јет ум!

Отсутен Cuore Sportivo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 17675
  • Alfa155 & AlfaGT
Одг: Намалување на потрошувачката.
« Одговори #12 на: 04 Јануари 2011, 10:59:37 am »
Да де, како беше оноа, за да моеш мирно да спиеш, мериш потрошња на 50 километра? :D


На 75км ми троши 9.5 литра. ;D

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34097
  • Таков е животот... јебига
Одг: Намалување на потрошувачката.
« Одговори #13 на: 14 Јануари 2011, 12:29:14 pm »
Кај факторите за потрошувачка недостасуваат:
1. Квалитетни гуми со низок коефициент на отпор.
2. Квалитетно центрирана предница. Нецентрираната предница ги јаде гумите побрзо, пружа отпор на возилото а со тоа и повисока потрошувачка.
3. Зимно време доколку треба да застанеш на повеќе места, прво одиш до најдалечното, па се враќаш назад. Одејќи до најдалечното место прво, овозможуваш на возилото подобро да се загрее, а подоцна правиш пали-тргај на веќе загреано возило.

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54985
  • Махер
Одг: Намалување на потрошувачката.
« Одговори #14 на: 14 Јануари 2011, 12:58:42 pm »
Кај факторите за потрошувачка недостасуваат:
1. Квалитетни гуми со низок коефициент на отпор.
2. Квалитетно центрирана предница. Нецентрираната предница ги јаде гумите побрзо, пружа отпор на возилото а со тоа и повисока потрошувачка.
3. Зимно време доколку треба да застанеш на повеќе места, прво одиш до најдалечното, па се враќаш назад. Одејќи до најдалечното место прво, овозможуваш на возилото подобро да се загрее, а подоцна правиш пали-тргај на веќе загреано возило.
Не фалат 1 и 2. Муабетот беше нешто што те чини 0 денари да го направиш. А за 3 се сложувам, дури и би го дополнил со нешто многу важно. Да се паркира колата така што ќе излегува од 1ва, значи со газот да се паркира.

п.С. Незнам зошто сите го гледате ова како споро возење! Значи се работи за навики при нормално возење, не споро. Вози 200 ако сакаш.
« Последно менување: 14 Јануари 2011, 13:06:01 pm Deni »