Здраво дечки, имам поло 1.4 бензин 2010 со поминати 150.000км, во последен период приметувам дека педалата за кумплуг е потврда од што беше, освен тоа не приметувам ништо друго, пролизгување на кумплуг, тропање, мирис на изгорено, ниту пак имам проблем со менување на брзини.
Не е потребно голема сила за притискање меѓутоа во скопски гужви знае да биде напорно : ).
Дали би можел да го решам проблемот со менување на горна пумпа или ќе трееба комплет цел сет да менувам ( ламела, ,потисна итн..)
Фала и секој совет е добредојден.