Автор Тема: Електрични автомобили и хибриди  (Прочитано 802217 пати)

Отсутен kimi makedonski

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3530
  • Хюндай Тюсон
Одг: Електрични автомобили и хибриди
« Одговори #3765 на: 08 Октомври 2026, 22:24:55 pm »
Гаранција не ли покрива тоа?

Поефтини се електричните во секој случај, башка немаш никаков сервис..добро би ми дошло сега едно електрично за оваа година, моментално тепам по 240 км дневно, 5 недели со ред.
4.4 вадам со дубакот, ама со камионите возам или +10 од нив  :-X
Kolku ke kosta servisot ko ke rokne nekoja kelija od baterijata, nekoj inverter ili motorot ke se napuni so antifriz....

Sent from my SM-S938B using Tapatalk



И кој ќе сака да купи 10 годишен електричен автомобил. Вака на прва бројките изгледаат фрапантни но ако земеш се во предвид не се толку разлика. Недоволно за да висеш по полначи и секое патување да биде логистички кошмар.

Истотака доволно е да мавнеш еден камен од одрон и да мора да менуваш батерија од десетици илјади евра.


Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 30868
    • CARclub.mk
Одг: Електрични автомобили и хибриди
« Одговори #3766 на: 08 Октомври 2026, 22:35:01 pm »
Поефтини се електричните во секој случај, башка немаш никаков сервис..добро би ми дошло сега едно електрично за оваа година, моментално тепам по 240 км дневно, 5 недели со ред.
4.4 вадам со дубакот, ама со камионите возам или +10 од нив  :-X

Со таа дневна километража, плачеш ти за електрично возило. Било кое помодерно електрично возило лесно проаѓа 200 километри.

Се надевам дека наскоро ќе имаме и конкретен форумски пример. Особено за оние што проаѓаат поголема дневна километража и сегашните цени на горивата, возилото се покрива фул за околу 3 години.

И кој ќе сака да купи 10 годишен електричен автомобил. Вака на прва бројките изгледаат фрапантни но ако земеш се во предвид не се толку разлика. Недоволно за да висеш по полначи и секое патување да биде логистички кошмар.

Можеби не 10-годишно, ама без поголем страв би купил 5 години старо електрично возило, со батерии сè уште под гаранција. А како што сè повеќе има и независни сервиси кои ги средуваат работите, и тоа станува помалку важно. Неофицијално, наскоро би требало да има EV Clinic франшиза и во Скопје.

Истотака доволно е да мавнеш еден камен од одрон и да мора да менуваш батерија од десетици илјади евра.

За тоа постои осигурување.


Отсутен kimi makedonski

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3530
  • Хюндай Тюсон
Одг: Електрични автомобили и хибриди
« Одговори #3767 на: 08 Октомври 2026, 22:58:18 pm »
Поефтини се електричните во секој случај, башка немаш никаков сервис..добро би ми дошло сега едно електрично за оваа година, моментално тепам по 240 км дневно, 5 недели со ред.
4.4 вадам со дубакот, ама со камионите возам или +10 од нив  :-X

Со таа дневна километража, плачеш ти за електрично возило. Било кое помодерно електрично возило лесно проаѓа 200 километри.

Се надевам дека наскоро ќе имаме и конкретен форумски пример. Особено за оние што проаѓаат поголема дневна километража и сегашните цени на горивата, возилото се покрива фул за околу 3 години.

И кој ќе сака да купи 10 годишен електричен автомобил. Вака на прва бројките изгледаат фрапантни но ако земеш се во предвид не се толку разлика. Недоволно за да висеш по полначи и секое патување да биде логистички кошмар.

Можеби не 10-годишно, ама без поголем страв би купил 5 години старо електрично возило, со батерии сè уште под гаранција. А како што сè повеќе има и независни сервиси кои ги средуваат работите, и тоа станува помалку важно. Неофицијално, наскоро би требало да има EV Clinic франшиза и во Скопје.

Истотака доволно е да мавнеш еден камен од одрон и да мора да менуваш батерија од десетици илјади евра.

За тоа постои осигурување.


Првите 5-6 години да но скептичен сум дека осигурувањето ќе ти покрие повеќе од 30 проценти штета после 7 години од батеријата. Ако беше така сите ќе мававме камења и ќе ни ставаа нови батерии на секои 7 години. Бомбона бизнис ќе беше.
Тука е главниот проблем после неколку години ниту си да ја задржиш за подолго ниту лесно ќе ја продадеш. И да си заштедил 10к евра на гориво но истите си ги загубил на цена. Успат си се измалтретирал на полначи. Чисто за споредба пред 1 недела направив тура низ романија со хондата минав околу 2к километри за една недела. Ако бев со електрично возило ќе требаше да планирам кај ќе полнам и да дремам по полначи. Вака потрошив околу 200 евра бензин и поминав не повеќе од 15 минути да полнам бензин 3 резервоара по 5 минути.