Поефтини се електричните во секој случај, башка немаш никаков сервис..добро би ми дошло сега едно електрично за оваа година, моментално тепам по 240 км дневно, 5 недели со ред.
4.4 вадам со дубакот, ама со камионите возам или +10 од нив 
Со таа дневна километража, плачеш ти за електрично возило. Било кое помодерно електрично возило лесно проаѓа 200 километри.
Се надевам дека наскоро ќе имаме и конкретен форумски пример. Особено за оние што проаѓаат поголема дневна километража и сегашните цени на горивата, возилото се покрива фул за околу 3 години.
И кој ќе сака да купи 10 годишен електричен автомобил. Вака на прва бројките изгледаат фрапантни но ако земеш се во предвид не се толку разлика. Недоволно за да висеш по полначи и секое патување да биде логистички кошмар.
Можеби не 10-годишно, ама без поголем страв би купил 5 години старо електрично возило, со батерии сè уште под гаранција. А како што сè повеќе има и независни сервиси кои ги средуваат работите, и тоа станува помалку важно. Неофицијално, наскоро би требало да има EV Clinic франшиза и во Скопје.
Истотака доволно е да мавнеш еден камен од одрон и да мора да менуваш батерија од десетици илјади евра.
За тоа постои осигурување.