Апдејт по извозени 3-4к км, комбето е жива катастрофа. На 5-6 степени надворешна темп. не поминува ни 250-270км, брзите полначи ми се на неколку километри од мене, па после работа морам да седам плус 1 час за да се наполни. На 200 метри од каде што живеам има полнач од 22 kWh (читај 11), паркингот не се плаќа после 18ч, но после 3 часа има т.н “тарифа за блокирање на полнач” која изнесува 6€ од час (некаде е 12€), што значи таа опција не одговара. Слободно дизел комбе за мене нема, па месечно вкупно морам да останам 20+ часа да полнам, страшно.
Полнењето кошта околу 65€ на јавен брз полнач за тие 250-270км, додека дизел комбињата трошат 50-55€ нафта. Не знам си кој памет луѓе купуваат ел. возила, буквално на пат до Минхен од 400км морам да застанам да полнам и да губам време, плус паркинзите за ел. возила се плаќаат. Сум видел неколку пати како типот доаѓа да полни, па жената/пријателот го земаат со друга кола дома…
Едит:
Просечна потрошувачка ми е 26.5 kWh/100km.