Едно е да возиш чат-пат, друго е да живееш со електрично возило. Посебно со фул електрик, не хибрид.
Не е за секого применливо, и тоа треба да нѝ биде јасно на сите, и ќе треба да биде малку подолг еволутивен пат, не многу долг, нема тоа да биде 50 години, ама едно 15-тина ќе треба. Немаат сите можност за полнење без мака, на пат кога се оди, треба да удриш еден дигитрон со главни места за полнење и во случај на имрџнси алтернативи во близина. Со новиве возила рангот и брзините на полнење се веќе многу прифатливи, може со прво полнење и 20-30 минутен рапид чарџинг да се поминат 800-900км, што е сосема доволен дневен ранг (може да исцедиш уште 300-400 со уште едно застанување, ама ретко кој има потреба или капацитет да помине повеќе од 1200-1400км во еден ден. така да ќе си дојдат работите на свое место, но со подобра инфраструктура. Сега за сега, инфраструктурата е солидна, но не е беспрекорна, ама ќе биде..