Локална фирма е. Колку што знам, имаат амбиции да ја подрашират малку мрежата. Ама со овие цени, не се конкурентни на ЕВН.
Се, се. Како не се. Ако си случаен намерник со желба за брз DC полнач, што ќе те напуни фул дур да кснеш нешто у истгејт, повеќе ти се исплати отколку да одиш со платежна картица на рапид чарџер на ЕВН. овие наплаќаат 30 денари, и што е најбитно можеш да стаиш 500-че, или да стаиш 5000, сеедно, и да кажеш „напуни ми за 500 денари“, или напуни фул, или напуни додека има кредит на апликацијата.
За разлика од овој принцип, на ЕВН кога плаќас со платежна картица, бираш „скини ми од картица 2000, или 3000 денари“. Е сеа, пошто минимум е 2000 денари, ти ако напуниш за 300-400 денари, овие другиве пари (кусурот) ти остануваат резервирани отприлика недела дена, додека некој не реши во ЕВН да кликне „врати ги на чоекот париве“. Ако случајно ти се прекине од некоја причина сесијата на полнење, ќе мора да ти резервираат нови пари, за нова сесија. Поглупо - здравје! Ја додека сфатив „колку е саат“ имав резервирано 8000 денари од страна на евн, првите денови од поседувањето на ЕВ кола.
Е да, и при тој глуп начин на наплата, они ти зимаат 40ден за DC kWh, додека овие кај истгејт земаат 30ден, што не е мала разлика.
За AC струја и EVN зема 30 ден. што е ок, или ако си на постпејд, тогаш 25 денари, што е уште по-ок.