Поголем проблем на електричните возила ќе биде што државите сфатија дека не можат да заработат дополнително од акцизите за гориво на нив и предлагаат електричните да плаќаат поголем денок. Знаеме сите колкави се акцизите за гориво и кога се зголеми бројот на електрични изгледа осетно падна и приходот од горивата што го полнат буџетот.
Еве пример:
https://www.fakulteti.mk/mobile/news/16102025/shvajcarija-bara-sopstvenicite-na-elektrichni-avtomobili-da-plakjaat-dopolnitelen-danok-za-patishtata
Оправдувањето е дека даноците од горивата се користат за оддржување на патиша, а електричните не користат горива и не допринесуваат. Предлагаат да се плаќа по тоа колку возиш километри годишно толку повеќе да платиш данок.
Изгледа профитот како и секогаш ќе ја убие секоја добра идеја, а чим швајцарците потегнале ќе го спроведат.
 За жал ќе ја убијат поентата на електричните возила. Само се надевам дека ние нема слепо да се водиме по секој закон од западниот свет, ама како што гледам дека и пратките од Кина ќе сме ги оданочувале по примерот на ЕУ....
Се сеќавате кога ни рекоа дека дизелот е минато, а бензинот е иднината? Не беше тоа еволуција. Беше трик. Беше игра со бројки. Од 4–5 литри одеднаш станавме заробеници на 7–11 литри. Не беше технологија, беше рекет. Еден маестрален механизам со кој цели држави го полнеа сопствениот џеб. А сега, со електричните, таа магија им се губи. Го нема повеќе невидливото цедило на народот. И тука се раѓа една нова борба за рекет.
Тојота, одамна ја прочитаа книгата. Хибридите им се поезија, едноставни, издржливи, вечни. Но, како да заборавиле дека кола без изолација е како дом без покрив, како ајкула без заби, како кактус без боцки, песна без мелодија, оган без топлина, река без вода, сонце без светлина, книга без букви, војска без меч, птица без крилја, море без вода, град без луѓе, ѕвезда без фузија, пат без асфалт, саат без стрелки, дрво без лисја, гитара без жици, срце без ритам, небо без сонце, зима без ладно, лето без сонце, врата без рачка, прозорец без стакло, цвет без мирис, вино без вкус, поет без зборови, воин без храброст, учител без ученици, мост без река, брод без ветер, плажа без песок, дете без насмевка, сцена без светла, филм без слика, книга без почеток, патник без гугл мапс, љубов без бакнеж, песна без зборови, месечина без ноќ, сон без фантазија, часовник без време, пламен без искра, дланка без прсти, огледало без одраз, војна без грав, битка без војници, човек без мозок. Само Камри, создадена за Америка, знае што значи да те прегрне тишината додека возиш.
И ете го Волво. Тие се издигнаа. Т8, 455 коњи, со истата гордост ставен во секој модел, да, да. Тоа е демократија во инженерството. V60 и XC60 станаа вистинската мерка за паметен автомобил. И не се гласни. Не се дерат со маркетинг. Ама во Данска, Белгија, Германија, во Америка и Кина, луѓето ги препознаа и бројките им растат. Волво денес не е магија затоа што тие се нешто боженствено. Волво е магија затоа што другите паднаа. Мерцедес и БМВ, порано симболи на осмисленост и копнеж, станаа сенки на самите себе. А Волво иако стои стабилно, изгледа како да се движи со огромни чекори напред во споредба со нив. И тука, кај нас, кога ќе видам V60 или XC60 со рамка од Олимпија Моторс, ми ја грее душата. Радост што има избор, радост што има иднина. Радост што можеме да веруваме дека автомобилот не мора да биде само машина, туку искрено дело на ум, визија и храброст. И тоа по соодветна цена во Олимпија Моторс. Браво и за Волво и за ОМО.