Секоја втора недела доаѓа Корола Ибрид да ме земе за на аеродром. Сите таксисти веќе имаат по една таква, нема веќе мерцедеси и Шарани, само Короли.
Иако се токмев за една и ја капарисав, се пишманив до периодот до кој можев да се предомислам. Ќе собирам троа повеќе пари за нешто подостоинствено. Иако Королата е совршена од секој аспект, со звучната изолација не се живее, особено бидејќи рутите ми надминуваат по 1000км на ден. Едноставно со таква лименка од звучна изолација не се живее.
Сега истражувам колкав е проблемот сам да си наместам саглам огноотпорна изолација или да ќекам подобри времиња и следната генерација во 2026-та година. Ако не ја оправат звучната изолација со следната генерација има средни шанси да се фрлам во Дунав.