Најголемиот проблем со плагин е тоа што треба да имаш гаражно место / паркинг место со соодветен штекер за да го полниш. Затоа и „не ги полнат“ често немаат дома или на работа опција и треба да одат на бензинска. И не одат. Треба да дремат со саати таму. Ете зошто.
Јас имам каде да полнам, си предвидов во самата градба да има полнач за електрични возила. И Зеро условно кажано има, односно може да има со мала инвестиција од 50евра на кабел и водоотпорен штекер и посебен осигурач за да имаш комплетно дедицирано место за полнење на колата дома. Но тоа го нема скоро никој статистички гледано.
Мрзата за полнење е истата мрза зошто не си ги паркираат колите во двор туку на улица. Мрза и погрешни сфаќања на природата и опкружувањата. Ама не е само мрза. Не е само што треба да ја полни, него треба да ја паркира во двор, а тек потоа да ја полни. Е како не сеа ќе се бута кога има место на УЛИЦА.
Апсолутно е така, ама е надминливо. И секако дека не е за секого - немаме инфраструктура, како што нема ни во другите земји. Ама како што реков, треба човек сам да си направи есап и да си испланира како би го експлоатирал возилото. Ќешки да стигнам јас до момент да купувам плаг-ин хибрид, ќе дадам уште 1000 евра за да си монтирам дома 7 kW полнач компатибилен со сите плаг-ин хибридни и електрични возила. И крај.
Еден другар веќе размислува за плаг-ин хибрид (и живее во зграда) и веќе е стигнат до фазата на размислување да „пушти кабел“ (односно да изведе правилна инсталација) од тераса (живее на прв спрат, едното паркинг место му е пред зграда) и така да ја полни колата, или да изведе инсталација во подземна гаража (во која нема засебен штекер) и да мери колку од „заедничката“ струја би трошел и да ја плаќа.
Може, не дека не може. Само треба да се надмине. Секако, кај нас тоа е многу, многу, многу тешко, ама ако некој има мерак и желба и мотивација и е подготвен да го смени малку од малку начинот на користење возило, тогаш е изводливо.
Плус, не мора да ја ставаш колата во двор да ја полниш на секое влегување/излегување ако излегуваш неколку пати на ден. Доволно е еднаш, навечер.
1. МСВС ќе продолжат да постојат и после 2030 затоа што едноставно ќе има пазар за нив.
Апсолутно.
3. Хибридите се тука за да ја намалат емисијата на јаглеродни честички од метежите што се случуваат во големите градови. Поентата првенствено е таа, потоа е економичноста и употребливоста на истите. Нас како потрошувачи ни е чудно постоењето на хибриди од аспект на тоа што го нудат како возила, и гледаме голема глупост во постоењето на истите понекогаш. Но, поентата на хибридите не е да го направат потрошувачот среќен, туку да го намалат загадувањето таму каде што МСВС не успеваат. Тезата на класниот дека 90% од времето хибридот ќе ми штеди кога го возам низ град, а 10% ќе ми троши повеќе кога ќе го возам на отврено, можеме да ја замениме со: 90% хибридот нема да загадува кога го возам низ град, 10% на отворено ќе загадува како и сите други возила.
Ми се допаѓа ова, може.
Електричните возила не се долгорочно решение за иднината на автоиндустријата. Проблемот е во тоа што моментално богатите земји форсираат електрификација на возниот парк, на сметка на експлоатација на природни ресурси кај земјите кои не се економски развиени. Данска има фантастичен процент на електрични возила во сообраќај и работи одлично на остварување на Еколошките норми. Но од друга страна, најголемиот приход како држава го остварува преку копање и продажба на нафта. Во исто време увезува струја која е произведена на не еколошки методи, за да може населението да вози електрични возила. И сето тоа е убаво спакувано во 2 минутни репортажи на вести кои што ни ги пласираат на нас да ги гледаме, и да чувствуваме одговорност дека сме еколошки „глупи„ споредено со Данците. А, да се разбира да не го заборавиме и извозот на половни кршеви од Данска кон земјите од источниот блок. Се разбира, за некоја година ќе дојде и потребата на складирање на искористените батерии (литиумот) од електричните возила, што секако ќе бидат извезени во Африка, затоа што Данска е чиста и не загадува.
Данска, е само случаен пример за да ја објаснам апсурдноста на целата проблематика, немам ништо против Данците, особено не против данкињите.
Одлично интервју на Chris Harris со лик од UK National Grid кој е директно инволвиран во приказната. Многу работи фино ги објаснува.