Автор Тема: Електрични автомобили и хибриди  (Прочитано 638751 пати)

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 30196
    • CARclub.mk
Одг: Електрични автомобили и хибриди
« Одговори #2460 на: 24 Ноември 2020, 09:30:02 am »
Најголемиот проблем со плагин е тоа што треба да имаш гаражно место / паркинг место со соодветен штекер за да го полниш. Затоа и „не ги полнат“ често немаат дома или на работа опција и треба да одат на бензинска. И не одат. Треба да дремат со саати таму. Ете зошто.

Јас имам каде да полнам, си предвидов во самата градба да има полнач за електрични возила. И Зеро условно кажано има, односно може да има со мала инвестиција од 50евра на кабел и водоотпорен штекер и посебен осигурач за да имаш комплетно дедицирано место за полнење на колата дома. Но тоа го нема скоро никој статистички гледано.

Мрзата за полнење е истата мрза зошто не си ги паркираат колите во двор туку на улица. Мрза и погрешни сфаќања на природата и опкружувањата. Ама не е само мрза. Не е само што треба да ја полни, него треба да ја паркира во двор, а тек потоа да ја полни. Е како не сеа ќе се бута кога има место на УЛИЦА.

Апсолутно е така, ама е надминливо. И секако дека не е за секого - немаме инфраструктура, како што нема ни во другите земји. Ама како што реков, треба човек сам да си направи есап и да си испланира како би го експлоатирал возилото. Ќешки да стигнам јас до момент да купувам плаг-ин хибрид, ќе дадам уште 1000 евра за да си монтирам дома 7 kW полнач компатибилен со сите плаг-ин хибридни и електрични возила. И крај.

Еден другар веќе размислува за плаг-ин хибрид (и живее во зграда) и веќе е стигнат до фазата на размислување да „пушти кабел“ (односно да изведе правилна инсталација) од тераса (живее на прв спрат, едното паркинг место му е пред зграда) и така да ја полни колата, или да изведе инсталација во подземна гаража (во која нема засебен штекер) и да мери колку од „заедничката“ струја би трошел и да ја плаќа.

Може, не дека не може. Само треба да се надмине. Секако, кај нас тоа е многу, многу, многу тешко, ама ако некој има мерак и желба и мотивација и е подготвен да го смени малку од малку начинот на користење возило, тогаш е изводливо.

Плус, не мора да ја ставаш колата во двор да ја полниш на секое влегување/излегување ако излегуваш неколку пати на ден. Доволно е еднаш, навечер.

1. МСВС ќе продолжат да постојат и после 2030 затоа што едноставно ќе има пазар за нив.

Апсолутно.

3. Хибридите се тука за да ја намалат емисијата на јаглеродни честички од метежите што се случуваат во големите градови. Поентата првенствено е таа, потоа е економичноста и употребливоста на истите. Нас како потрошувачи ни е чудно постоењето на хибриди од аспект на тоа што го нудат како возила, и гледаме голема глупост во постоењето на истите понекогаш. Но, поентата на хибридите не е да го направат потрошувачот среќен, туку да го намалат загадувањето таму каде што МСВС не успеваат. Тезата на класниот дека 90% од времето хибридот ќе ми штеди кога го возам низ град, а 10% ќе ми троши повеќе кога ќе го возам на отврено, можеме да ја замениме со: 90% хибридот нема да загадува кога го возам низ град, 10% на отворено ќе загадува како и сите други возила.

Ми се допаѓа ова, може.

Електричните возила не се долгорочно решение за иднината на автоиндустријата. Проблемот е во тоа што моментално богатите земји форсираат електрификација на возниот парк, на сметка на експлоатација на природни ресурси кај земјите кои не се економски развиени. Данска има фантастичен процент на електрични возила во сообраќај и работи одлично на остварување на Еколошките норми. Но од друга страна, најголемиот приход како држава го остварува преку копање и продажба на нафта. Во исто време увезува струја која е произведена на не еколошки методи, за да може населението да вози електрични возила. И сето тоа е убаво спакувано во 2 минутни репортажи на вести кои што ни ги пласираат на нас да ги гледаме, и да чувствуваме одговорност дека сме еколошки „глупи„ споредено со Данците. А, да се разбира да не го заборавиме и извозот на половни кршеви од Данска кон земјите од источниот блок. Се разбира, за некоја година ќе дојде и потребата на складирање на искористените батерии (литиумот) од електричните возила, што секако ќе бидат извезени во Африка, затоа што Данска е чиста и не загадува.
Данска, е само случаен пример за да ја објаснам апсурдноста на целата проблематика, немам ништо против Данците, особено не против данкињите.

Одлично интервју на Chris Harris со лик од UK National Grid кој е директно инволвиран во приказната. Многу работи фино ги објаснува.


Отсутен marjanot

  • Следен од Hammond на Инстаграм.
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 11094
  • Ќybriт Pro Max
Одг: Електрични автомобили и хибриди
« Одговори #2461 на: 24 Ноември 2020, 11:04:27 am »

Еден другар веќе размислува за плаг-ин хибрид (и живее во зграда) и веќе е стигнат до фазата на размислување да „пушти кабел“ (односно да изведе правилна инсталација) од тераса (живее на прв спрат, едното паркинг место му е пред зграда) и така да ја полни колата, или да изведе инсталација во подземна гаража (во која нема засебен штекер) и да мери колку од „заедничката“ струја би трошел и да ја плаќа.

Може, не дека не може. Само треба да се надмине. Секако, кај нас тоа е многу, многу, многу тешко, ама ако некој има мерак и желба и мотивација и е подготвен да го смени малку од малку начинот на користење возило, тогаш е изводливо.


кај мене во зграда (во гаража) веќе еден комшија си изведе инсталација да си го полни кајенот

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 30196
    • CARclub.mk
Одг: Електрични автомобили и хибриди
« Одговори #2462 на: 24 Ноември 2020, 11:17:40 am »
Па фала богу.

Отсутен DarthJe5us

  • Авиону, сломићу ти крила..
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20226
Одг: Електрични автомобили и хибриди
« Одговори #2463 на: 24 Ноември 2020, 12:18:01 pm »

Еден другар веќе размислува за плаг-ин хибрид (и живее во зграда) и веќе е стигнат до фазата на размислување да „пушти кабел“ (односно да изведе правилна инсталација) од тераса (живее на прв спрат, едното паркинг место му е пред зграда) и така да ја полни колата, или да изведе инсталација во подземна гаража (во која нема засебен штекер) и да мери колку од „заедничката“ струја би трошел и да ја плаќа.

Може, не дека не може. Само треба да се надмине. Секако, кај нас тоа е многу, многу, многу тешко, ама ако некој има мерак и желба и мотивација и е подготвен да го смени малку од малку начинот на користење возило, тогаш е изводливо.


кај мене во зграда (во гаража) веќе еден комшија си изведе инсталација да си го полни кајенот

На негов струјомер или му го плаќате цел влез полнењето?

Отсутен Majstoriste

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 53
Одг: Електрични автомобили и хибриди
« Одговори #2464 на: 24 Ноември 2020, 13:22:07 pm »
Проблемот зошто плаг-ин хибридите во моментов не го даваат очекуваниот резултат е во флотната продажба. Заради даночни олесувања низ Европа, овие коли на големо ги купуваат компании што ги даваат на вработените заедно со картичка за гориво. Во таква ситуација возачот одбира полесен пат, пуни службено гориво и можеби штека кабел само ради повластен паркинг у центар. Едноставно, тој не заинтересиран за филозофијата што ја носи поседувањето на плаг-ин хибридот и не поминал низ размислување дали му треба таква кола, стратегија на користење, бенефит од неа и.т.н. Му ја дале службена, ја вози 3 години на начин како нему највеќе му одговара, никој не го тера да има некој процент на км на струја и на крај ја враќа на лизинг компанијата.
Е, тука е моментот. Кога лизинг компанијата ќе продава 3 години стар пасат плаг ин хибрид, да го купи некој кој промислил и ќе извади максимум од електричното возење.

Отсутен mkm

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1307
Одг: Електрични автомобили и хибриди
« Одговори #2465 на: 24 Ноември 2020, 14:26:08 pm »
Ако хонда и фиат морале да платат казни сами си се криви и нема да ги жалам.

Друже тоа е бајпас. Заобиколување на системот. Ќе платат на Тесла рекет за да не платат казна кон ЕУ. Фактички ако една компанија задоволува електро норми и има одредена квота, може да ја распродава преостанатата квота на други производители. И што се постигнало со тоа? Шверц. Општ хаос.

Отсутен marjanot

  • Следен од Hammond на Инстаграм.
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 11094
  • Ќybriт Pro Max
Одг: Електрични автомобили и хибриди
« Одговори #2466 на: 24 Ноември 2020, 14:39:06 pm »

Еден другар веќе размислува за плаг-ин хибрид (и живее во зграда) и веќе е стигнат до фазата на размислување да „пушти кабел“ (односно да изведе правилна инсталација) од тераса (живее на прв спрат, едното паркинг место му е пред зграда) и така да ја полни колата, или да изведе инсталација во подземна гаража (во која нема засебен штекер) и да мери колку од „заедничката“ струја би трошел и да ја плаќа.

Може, не дека не може. Само треба да се надмине. Секако, кај нас тоа е многу, многу, многу тешко, ама ако некој има мерак и желба и мотивација и е подготвен да го смени малку од малку начинот на користење возило, тогаш е изводливо.


кај мене во зграда (во гаража) веќе еден комшија си изведе инсталација да си го полни кајенот

На негов струјомер или му го плаќате цел влез полнењето?

на негов

Отсутен Stratro

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 22225
Одг: Електрични автомобили и хибриди
« Одговори #2467 на: 24 Ноември 2020, 15:11:14 pm »
Нико и Мате.. то су срца два.

 

Отсутен mkm

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1307
Одг: Електрични автомобили и хибриди
« Одговори #2468 на: 25 Ноември 2020, 13:56:57 pm »
Туку има друг проблем што ме мачи со ЕВ. Телефонов дур ми беше нов батеријата издржуваше 2 дена со едно полнење. Сега после 2,5 години издрчува едвај до 4-5 попладне

Отсутен R2D2

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 632
Одг: Електрични автомобили и хибриди
« Одговори #2469 на: 25 Ноември 2020, 14:24:12 pm »
Туку има друг проблем што ме мачи со ЕВ. Телефонов дур ми беше нов батеријата издржуваше 2 дена со едно полнење. Сега после 2,5 години издрчува едвај до 4-5 попладне
Не е проблем, повеќето производители имаат солидни гаранции за батериите.
Еве еден пример за пежо - "Животниот век на батеријата кај Peugeot возила е со гаранција од 8 години или изминати 160.000km, по чие изминување батеријата ќе има капацитет од 70%. За време на гаранцискиот период, Peugeot врши замена на батеријата, во случај да нема механичко оштетување на батеријата."
Шкода Октавиа 1.5 ТСИ, (А8 2020) http://forum.carclub.mk/index.php/topic,24484.0.html
Mercedes A160 (W168) http://forum.carclub.mk/index.php/topic,2269.0.html

Отсутен DimitarMK

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1937
Одг: Електрични автомобили и хибриди
« Одговори #2470 на: 25 Ноември 2020, 17:04:33 pm »
Јас како следно возило би сакал да имам plug-in хибрид. Голф 7 GTE за моите потреби би бил идеален, со 30-40km опсег би го возел на бензин само за викенди надвор од градска средина.
Нема потреба за него од скапа станица за полнење бидејќи вградениот полнач е со моќност од 3.6kW и не поддржува директно DC полнење. Еден шуко приклучок со 16A осигурач и терај.


Инаку за Golf 8 eHybrid и GTE полначот ќе се произведува во MK. :)

Отсутен JezuzNoChill

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1023
Одг: Електрични автомобили и хибриди
« Одговори #2471 на: 25 Ноември 2020, 17:15:19 pm »
Туку има друг проблем што ме мачи со ЕВ. Телефонов дур ми беше нов батеријата издржуваше 2 дена со едно полнење. Сега после 2,5 години издрчува едвај до 4-5 попладне
Твојот телефон нема ни греење ни ладење на батеријата и секој ден го полниш до 100% и седи така цела вечер што е најштетно за батеријата.

Тоа е еквивалентно на тоа секој ден 365 дена во годината максимално да ја измачуваш. Односно на електрична кола со 300км досег годишно да поминуваш 109.000км.

Sent from my Pixel 2 XL using Tapatalk


Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34340
  • Таков е животот... јебига
Одг: Електрични автомобили и хибриди
« Одговори #2472 на: 25 Ноември 2020, 23:09:21 pm »
Туку има друг проблем што ме мачи со ЕВ. Телефонов дур ми беше нов батеријата издржуваше 2 дена со едно полнење. Сега после 2,5 години издрчува едвај до 4-5 попладне
Твојот телефон нема ни греење ни ладење на батеријата и секој ден го полниш до 100% и седи така цела вечер што е најштетно за батеријата.

Тоа е еквивалентно на тоа секој ден 365 дена во годината максимално да ја измачуваш. Односно на електрична кола со 300км досег годишно да поминуваш 109.000км.

Не е ништо штетно за батеријата па ниту нешто измачуваш. не сме 1903-та година од дамна веќе 20 години е надминат тој проблем на пре-полнење на батерии.

Отсутен JezuzNoChill

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1023
Одг: Електрични автомобили и хибриди
« Одговори #2473 на: 25 Ноември 2020, 23:55:15 pm »
Не реков пре-полнење. Обично 100% полнење  на литиумските батерии трајно ги оштетува. Си има вграден лимитер во скоро сите електрични возила со кој си местиш максимално полнење со цел на зачувување на животот на батеријата. Најдобро е под 60% да се држиш ама најчесто го оставаат на 80%, а полнење до 100% само пред да одиш на пат.

Направија и Apple автоматски да се полни до 80% навечер телефонот и сабајле се дополнува до 100%.

Sent from my Pixel 2 XL using Tapatalk


Отсутен Mikius

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10323
Одг: Електрични автомобили и хибриди
« Одговори #2474 на: 26 Ноември 2020, 00:31:08 am »
Пред спиење го закачувам телефонот да се полни и ме боли стојко за батеријата. Нека се полни ако сака и 102 посто.

Ќе и робувам на батеријата, ќе си го прашам.