1. МСВС ќе продолжат да постојат и после 2030 затоа што едноставно ќе има пазар за нив.
2. Властите во УК може да донесат какви сакаат регулативи, и МСВС нема да се продаваат кај нив после 2030. Едноставно светот ќе продолжи понатаму. Никого не го заболе што УК носи погрешни одлуки. За да спроведеш фул електрик инфраструктура, мора да имаш еволуирана фул електрик понуда од производителите. Глобалното загадување неможе да го решат неколку бирократи со дигање два прста во парламент предводени од кловн како Борис Џонсон. Но тоа е друга област, не поврзана со форумов.
3. Хибридите се тука за да ја намалат емисијата на јаглеродни честички од метежите што се случуваат во големите градови. Поентата првенствено е таа, потоа е економичноста и употребливоста на истите. Нас како потрошувачи ни е чудно постоењето на хибриди од аспект на тоа што го нудат како возила, и гледаме голема глупост во постоењето на истите понекогаш. Но, поентата на хибридите не е да го направат потрошувачот среќен, туку да го намалат загадувањето таму каде што МСВС не успеваат. Тезата на класниот дека 90% од времето хибридот ќе ми штеди кога го возам низ град, а 10% ќе ми троши повеќе кога ќе го возам на отврено, можеме да ја замениме со: 90% хибридот нема да загадува кога го возам низ град, 10% на отворено ќе загадува како и сите други возила.
4. Римац е одличен дечко со одлична визија. Возилата му се солидни, и не се распаѓаат како Тесла на автопат. Во последно време малку почна да се флекса и да покажува мускули таму каде што се мерат други работи, ама ќе оставиме времето да покаже дали еволуира со бизнисот во прав правец.
Електричните возила не се долгорочно решение за иднината на автоиндустријата. Проблемот е во тоа што моментално богатите земји форсираат електрификација на возниот парк, на сметка на експлоатација на природни ресурси кај земјите кои не се економски развиени. Данска има фантастичен процент на електрични возила во сообраќај и работи одлично на остварување на Еколошките норми. Но од друга страна, најголемиот приход како држава го остварува преку копање и продажба на нафта. Во исто време увезува струја која е произведена на не еколошки методи, за да може населението да вози електрични возила. И сето тоа е убаво спакувано во 2 минутни репортажи на вести кои што ни ги пласираат на нас да ги гледаме, и да чувствуваме одговорност дека сме еколошки „глупи„ споредено со Данците. А, да се разбира да не го заборавиме и извозот на половни кршеви од Данска кон земјите од источниот блок. Се разбира, за некоја година ќе дојде и потребата на складирање на искористените батерии (литиумот) од електричните возила, што секако ќе бидат извезени во Африка, затоа што Данска е чиста и не загадува.
Данска, е само случаен пример за да ја објаснам апсурдноста на целата проблематика, немам ништо против Данците, особено не против данкињите.