Автор Тема: Електрични автомобили и хибриди  (Прочитано 638781 пати)

Отсутен fcwizard

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 255
Одг: Електрични автомобили и хибриди
« Одговори #2445 на: 16 Ноември 2020, 16:06:49 pm »
Ех барем еден процент од луѓето на балканов да размислуваа како него. What if?

Отсутен AUUU

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7275
Одг: Електрични автомобили и хибриди
« Одговори #2446 на: 16 Ноември 2020, 22:19:24 pm »
Ех барем еден процент од луѓето на балканов да размислуваа како него. What if?

немам зборови, секој што почнал од гаража и стигнал до 700, 7000, 70.000 вработени заслужува длабок наклон, само што по патот некои остануваат луѓе, а некои се претвараат во Доналд Трамп.

Мате сеуште го пљукаат во Хрватска како зима од државата, ама тоа е менталитетот на Балканот.

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34340
  • Таков е животот... јебига
Одг: Електрични автомобили и хибриди
« Одговори #2447 на: 17 Ноември 2020, 07:57:43 am »
Ех барем еден процент од луѓето на балканов да размислуваа како него. What if?

немам зборови, секој што почнал од гаража и стигнал до 700, 7000, 70.000 вработени заслужува длабок наклон, само што по патот некои остануваат луѓе, а некои се претвараат во Доналд Трамп.

Мате сеуште го пљукаат во Хрватска како зима од државата, ама тоа е менталитетот на Балканот.

Кој го пљука за што? Да не беше Мате Римац 90% од тие што слушнале за Хрватска немаше да имаат поима дека постои.

Отсутен Bicikle

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10577
Одг: Електрични автомобили и хибриди
« Одговори #2448 на: 17 Ноември 2020, 20:57:01 pm »
Ех барем еден процент од луѓето на балканов да размислуваа како него. What if?

немам зборови, секој што почнал од гаража и стигнал до 700, 7000, 70.000 вработени заслужува длабок наклон, само што по патот некои остануваат луѓе, а некои се претвараат во Доналд Трамп.

Мате сеуште го пљукаат во Хрватска како зима од државата, ама тоа е менталитетот на Балканот.
E ja nema garaza :(

Отсутен Fic_CC

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 16758
  • Keep it 100
Одг: Електрични автомобили и хибриди
« Одговори #2449 на: 18 Ноември 2020, 15:02:29 pm »

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34340
  • Таков е животот... јебига
Одг: Електрични автомобили и хибриди
« Одговори #2450 на: 20 Ноември 2020, 23:10:11 pm »

Отсутен mkm

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1307
Одг: Електрични автомобили и хибриди
« Одговори #2451 на: 23 Ноември 2020, 23:38:45 pm »
Добар чланак на Ауторепублика. Да не вадам цитати бидејќи вреди од збор до збор само ќе споделам линк.
Иде у прилог на скептиците (како мене) дека пренапумпана е приказнава со хибриди ЕВ, укинување на мотори со внатрешно согорување во ГБ од 2030год итн, итн. Се е некако ммногу фејкерски. Преобемни зафати за овозможување предуслови треба за да се обезбеди таа транзиција, што значи треба мнооогу време да помине. Ова се само обиди да се заобиколат високите казни за флотни емисии на издувни гасови на ЕУ
https://autorepublika.com/2020/11/23/analiza-dopunjivi-hibridi-su-konstruisani-za-laboratoriju-ne-za-realan-zivot/?fbclid=IwAR0Img2h4IWpsdIMqQ898juWIO-CpYQ4rmT8MBs0zZ149WI5_x1t2rX9lAg

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 30196
    • CARclub.mk
Одг: Електрични автомобили и хибриди
« Одговори #2452 на: 23 Ноември 2020, 23:55:58 pm »
Ајде вака...

Кога човек зема предвид купување плаг-ин хибрид, треба да си направи есап дали му одговара на секојдневните потреби.

Зошто ги потенцирам секојдневните потреби? Затоа што (просечен) плаг-ин хибрид поминува околу 40-50 километри со едно полнење на батериите. Тоа е повеќе од доволно за дневни потреби - возење од дома до работа, носење деца вамте-тамте (годинава ни тоа), одење до супермаркет и слични кратки патувања. Не ми се верува дека некој од нас рутински поминува повеќе од 50-тина километри на ден. И генерално ги поминуваме во градски услови - тргни-застани ситуации, релативно ниски брзини - ситуации во кои плаг-ин хибридите се брилијантни.

Во тој случај, плаг-ин хибридот е одличен. Ќе биде возен и експлоатиран мање-више на струја, а потрошувачката на гориво ќе биде минимална. За тие 3-4-5, па и 10 пати годишно кога ќе ми треба да го извадам плаг-ин хибридот на автопат, не ми праи разлика дали ќе троши 5 или 8 литри на 100 километри. Ако 90% од километрите ми троши 0 литри на 100 километри (скроз на струја да го возам) или 2 литри на 100 км (кога стребува), а 10% од километрите ми троши 5-7 литри на 100 километри... Тоа ми е апсолутно океј.

Плаг-ин хибридите се преоден чекор, секако. И не се silver bullet. Не одговараат на сечиј животен стил, нити па сите имаат услови да ги полнат. Јас - да можам да си го дозволам, секако - со задоволство би одбрал плаг-ин хибрид, би го полнел секоја вечер во двор и би си свиркал со смешна потрошувачка.

Најсвеж пример ми е Jeep Compass 4xe плаг-ин хибридот. Официјално декларираат околу 50 км со полни батерии. Јас успеав да поминам околу 42-43. Понатаму, со полна батерија и комбинирано градско возење ми покажа меѓу 1.9 и 2.4 литри бензин на 100 километри. Со намерно испразнета батерија (симната на 1%) ми покажа просечна потрошувачка од 4.5-4.6 литри на 100 километри - бидејќи во тие ситуации функционира како самополнечки хибрид (а-ла Тојота, со полни-празни активности цело време).

Наскоро ќе го земам Jeep-от пак (веќе ми е договорено, само треба да се потврди датата) и ќе направам едно мерење Скопје - Охрид и обратно. Ќе тргнам со полна батерија, ќе возам по знаци, ќе стигнам во Охрид, ќе ја наполнам пак батеријата и ќе тргнам назад, пак по знаци. Баш ме интересира што ќе покаже.

Отсутен mkm

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1307
Одг: Електрични автомобили и хибриди
« Одговори #2453 на: 24 Ноември 2020, 00:05:35 am »
Пред пар месеци читав по англиските портали направена анкета кај возачите со plug-in хибриди и констатирано е дека преку 70% од сопствениците дали поради тоа што забораваат, ги мрзи или не знам која причина, колите ги возат на бензин. Све у свему утната е поентата. Како во горе наведениот текст, сеуште се прават коли кои што ќе ги исполнуваат еко нормите во лаборатириски услови со единствена цел да не плаќаат пенали. Пак ќе речам пренаглото форсирање на нереални еко норми најпрво безобразно ги поскапуваат возилата заради вложување во скапа а недоволно ефикасна технологија или заради вакви сојузи https://www.bloomberg.com/news/articles/2020-11-02/honda-joins-fiat-in-tapping-tesla-for-europe-emission-compliance
кои што се по исплатливи отколку плаќање казни за емисија на издувни гасови на ЕУ, а се промашува не целта, туку целата мета.
На крај “го јадат“ крајните купувачи заради тоа што еве на пр еден Голф стикна до 24К евра

Отсутен JezuzNoChill

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1023
Одг: Електрични автомобили и хибриди
« Одговори #2454 на: 24 Ноември 2020, 00:52:39 am »
Не мислам ниту дека е утната поентата ниту дека некој потрошувач "го јаде".

Можеш што сакаш за потребите да си купиш од најекономичен 1.0 дизел до V8 бензинец со 15л/100км.

Ако сакаш хибрид, а не полниш имаш самополнечки, а ако сакаш повеќе да возиш на стуја имаш и на полнење.

Нема ништо лошо во форсирање на производителите да развиваат и имплементираат нови технологии. Ако хонда и фиат морале да платат казни сами си се криви и нема да ги жалам.

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 55136
  • Махер
Одг: Електрични автомобили и хибриди
« Одговори #2455 на: 24 Ноември 2020, 05:49:17 am »
Ајде вака...

Кога човек зема предвид купување плаг-ин хибрид, треба да си направи есап дали му одговара на секојдневните потреби.

Зошто ги потенцирам секојдневните потреби? Затоа што (просечен) плаг-ин хибрид поминува околу 40-50 километри со едно полнење на батериите. Тоа е повеќе од доволно за дневни потреби - возење од дома до работа, носење деца вамте-тамте (годинава ни тоа), одење до супермаркет и слични кратки патувања. Не ми се верува дека некој од нас рутински поминува повеќе од 50-тина километри на ден. И генерално ги поминуваме во градски услови - тргни-застани ситуации, релативно ниски брзини - ситуации во кои плаг-ин хибридите се брилијантни.

Во тој случај, плаг-ин хибридот е одличен. Ќе биде возен и експлоатиран мање-више на струја, а потрошувачката на гориво ќе биде минимална. За тие 3-4-5, па и 10 пати годишно кога ќе ми треба да го извадам плаг-ин хибридот на автопат, не ми праи разлика дали ќе троши 5 или 8 литри на 100 километри. Ако 90% од километрите ми троши 0 литри на 100 километри (скроз на струја да го возам) или 2 литри на 100 км (кога стребува), а 10% од километрите ми троши 5-7 литри на 100 километри... Тоа ми е апсолутно океј.

Плаг-ин хибридите се преоден чекор, секако. И не се silver bullet. Не одговараат на сечиј животен стил, нити па сите имаат услови да ги полнат. Јас - да можам да си го дозволам, секако - со задоволство би одбрал плаг-ин хибрид, би го полнел секоја вечер во двор и би си свиркал со смешна потрошувачка.

Најсвеж пример ми е Jeep Compass 4xe плаг-ин хибридот. Официјално декларираат околу 50 км со полни батерии. Јас успеав да поминам околу 42-43. Понатаму, со полна батерија и комбинирано градско возење ми покажа меѓу 1.9 и 2.4 литри бензин на 100 километри. Со намерно испразнета батерија (симната на 1%) ми покажа просечна потрошувачка од 4.5-4.6 литри на 100 километри - бидејќи во тие ситуации функционира како самополнечки хибрид (а-ла Тојота, со полни-празни активности цело време).

Наскоро ќе го земам Jeep-от пак (веќе ми е договорено, само треба да се потврди датата) и ќе направам едно мерење Скопје - Охрид и обратно. Ќе тргнам со полна батерија, ќе возам по знаци, ќе стигнам во Охрид, ќе ја наполнам пак батеријата и ќе тргнам назад, пак по знаци. Баш ме интересира што ќе покаже.
Еднаш по ззнаци еднаш нормално. Барем да се знае нормалната потрошња, а не само хајпермајлинг.

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 30196
    • CARclub.mk
Одг: Електрични автомобили и хибриди
« Одговори #2456 на: 24 Ноември 2020, 08:49:28 am »
Пред пар месеци читав по англиските портали направена анкета кај возачите со plug-in хибриди и констатирано е дека преку 70% од сопствениците дали поради тоа што забораваат, ги мрзи или не знам која причина, колите ги возат на бензин. Све у свему утната е поентата.

Да купиш плаг-ин хибрид и да не го полниш (поради било кои причини - мрза, заборавање, итн) е исто као ликот на видеото со хилтата.


Го имаш алатот. Ама не го користиш како што треба. И крив ти е производителот?

Затоа цело време зборам дека одлуката за купување плаг-ин хибрид од една страна треба да е убаво размислена, од друга страна повлекува некаква промена во начинот на возење и начинот на користење возило. Да, ќе треба да го полниш. Да, ќе треба да го смениш малку стилот на возење. Ама тоа не е страшно, ни лошо, ни погрешно. Како што секој ден полниме мал милион други работи - од телефони, до лаптопи, до саати, до чуда - така ќе полниме и коли.

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 55136
  • Махер
Одг: Електрични автомобили и хибриди
« Одговори #2457 на: 24 Ноември 2020, 08:57:42 am »
Најголемиот проблем со плагин е тоа што треба да имаш гаражно место / паркинг место со соодветен штекер за да го полниш. Затоа и „не ги полнат“ често немаат дома или на работа опција и треба да одат на бензинска. И не одат. Треба да дремат со саати таму. Ете зошто.

Јас имам каде да полнам, си предвидов во самата градба да има полнач за електрични возила. И Зеро условно кажано има, односно може да има со мала инвестиција од 50евра на кабел и водоотпорен штекер и посебен осигурач за да имаш комплетно дедицирано место за полнење на колата дома. Но тоа го нема скоро никој статистички гледано.

Мрзата за полнење е истата мрза зошто не си ги паркираат колите во двор туку на улица. Мрза и погрешни сфаќања на природата и опкружувањата. Ама не е само мрза. Не е само што треба да ја полни, него треба да ја паркира во двор, а тек потоа да ја полни. Е како не сеа ќе се бута кога има место на УЛИЦА.

Отсутен zlatkoa

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3308
Одг: Електрични автомобили и хибриди
« Одговори #2458 на: 24 Ноември 2020, 09:01:55 am »
1. МСВС ќе продолжат да постојат и после 2030 затоа што едноставно ќе има пазар за нив.
2. Властите во УК може да донесат какви сакаат регулативи, и МСВС нема да се продаваат кај нив после 2030. Едноставно светот ќе продолжи понатаму. Никого не го заболе што УК носи погрешни одлуки. За да спроведеш фул електрик инфраструктура, мора да имаш еволуирана фул електрик понуда од производителите. Глобалното загадување неможе да го решат неколку бирократи со дигање два прста во парламент предводени од кловн како Борис Џонсон. Но тоа е друга област, не поврзана со форумов.
3. Хибридите се тука за да ја намалат емисијата на јаглеродни честички од метежите што се случуваат во големите градови. Поентата првенствено е таа, потоа е економичноста и употребливоста на истите. Нас како потрошувачи ни е чудно постоењето на хибриди од аспект на тоа што го нудат како возила, и гледаме голема глупост во постоењето на истите понекогаш. Но, поентата на хибридите не е да го направат потрошувачот среќен, туку да го намалат загадувањето таму каде што МСВС не успеваат. Тезата на класниот дека 90% од времето хибридот ќе ми штеди кога го возам низ град, а 10% ќе ми троши повеќе кога ќе го возам на отврено, можеме да ја замениме со: 90% хибридот нема да загадува кога го возам низ град, 10% на отворено ќе загадува како и сите други возила.
4. Римац е одличен дечко со одлична визија. Возилата му се солидни, и не се распаѓаат како Тесла на автопат. Во последно време малку почна да се флекса и да покажува мускули таму каде што се мерат други работи, ама ќе оставиме времето да покаже дали еволуира со бизнисот во прав правец.

Електричните возила не се долгорочно решение за иднината на автоиндустријата. Проблемот е во тоа што моментално богатите земји форсираат електрификација на возниот парк, на сметка на експлоатација на природни ресурси кај земјите кои не се економски развиени. Данска има фантастичен процент на електрични возила во сообраќај и работи одлично на остварување на Еколошките норми. Но од друга страна, најголемиот приход како држава го остварува преку копање и продажба на нафта. Во исто време увезува струја која е произведена на не еколошки методи, за да може населението да вози електрични возила. И сето тоа е убаво спакувано во 2 минутни репортажи на вести кои што ни ги пласираат на нас да ги гледаме, и да чувствуваме одговорност дека сме еколошки „глупи„ споредено со Данците. А, да се разбира да не го заборавиме и извозот на половни кршеви од Данска кон земјите од источниот блок. Се разбира, за некоја година ќе дојде и потребата на складирање на искористените батерии (литиумот) од електричните возила, што секако ќе бидат извезени во Африка, затоа што Данска е чиста и не загадува.
Данска, е само случаен пример за да ја објаснам апсурдноста на целата проблематика, немам ништо против Данците, особено не против данкињите.


Отсутен DarthJe5us

  • Авиону, сломићу ти крила..
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20226
Одг: Електрични автомобили и хибриди
« Одговори #2459 на: 24 Ноември 2020, 09:28:11 am »
Ова се популистички мерки, направи сега нешто што за 10 години ќе треба некој друг да смислува како да се спроведе.