Да се вклучам малку во темата.
Значи ете според некои производители не треба да се вози колата под 1/4 гориво во неа,според некои вози ја нема гајле итн.итн.Држи муабетот и на Бугар и на другите.
Како и досега за други муабети,така и за овај не можи да заклучиме дека ако возиш под 1/4 ке рикни пумпата.Се дешавало и на нон стоп полни(над половина) резервоари да рикнала пумпата,така да не можеме да генерализираме.
Од лично искуство додека ја имав Хондата(бензинот беше околу 50+ден),истата имаше поголема резерва,поточно со 1000ден наточено гориво стрелката седеше рамно на црвено(а на таа положба врвев минимално 150км)...Значи јас нон стоп Хондата ја возев на резерва(освен 4-5 пати во 3-4 години) па ни пумпата рикна ниту ништо.
Алфата ја возев прописно(не по каталог) туку тоа време држев пари,па никогаш не ја оставив без бензин.
БМВ-то сум го возел и со празен резервоар и со полн,али претежно е под 1/4 па ете го нема никаква мака.Сега одкако не го возам,стрелката е падната кај ретровизорот па пак си брчи,вози и нема гајле....