Дечки може некој има повеќе инфо и знање на темава:
Пишав пред точно 2 години за проблемите со алергија кај малата и оваа година сакавме да го изодиме детално патот да видиме дали е до имунитет, алергија и сл. Имунолошката слика и е добра ама општата слика за алергија, односно вредноста на IgE е 105 потврдува дека има алергија.
Од ОРЛ Клиника и Козле, при преглед на носето укажаа деак има алергисак реакција, дадена препорака со спрејчиња (Етацид, Назонекс).
При тестирање за алергија на Козле, од реагенсите/алергените што ги имаа излезе негативна.
Вчера во Биотек направивме тестирање на 300 алергени и покажува реакција само ан еден алерген: домашен штурец

Првично ми беше смешно, ама изгуглав и видов дека ЕУ во 2022/2023 година дозволила во исхрана да се употребува прав од домашен штурец и тоа во леб и други производи од тесто, житарки, бисквити, пекарски производи, тестенини, сосови, состојки за пица итн итн.
Иако законски треба во декалрација да има состав за секој производ, јас не сум приметил на некој производ да има такво нешто (не дека сум барал, ни на крај памет).
Некој да не има повеќе инфо, на пример за потврдени производи кај нас во кои има таква состојка.....