Автор Тема: Здравје, медицински установи, опрема и стручност на персоналот  (Прочитано 1765035 пати)

Отсутен nikola98

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 950
  • The best or nothing.
Влегов во една оптика на зелен пазар и дечкото ми рече : "Со млака вода и малку сјај се мијат" и ми даде едно малечко крпче за бришење.
Не сум знаел за опцијава со микрофибер, а имам неколку парчиња дома.

Во друга оптика ми рекоа дека новите стакла немаат антирефлексен слој нанесено на самото стакло, туку  во самиот процес на производство се нанесува и меша, и многу потешко може да се оштети.

Да ги научам очите на новиот диоптер, и да си купам подобри стакла. Дали Hoya или Zeiss ќе видиме што е подобро.

Отсутен DarthJe5us

  • Авиону, сломићу ти крила..
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20339
Како и да е ќе се изгребат наочарите ама не би требало да се приметува.

Најлошо нешто што може да се случи е да испукаат слоевите врз стаклата што се, ама тоа може да се случи и на прв ден од користење. Можеш со сјај и прсти директ да ги исчистиш, сапун за раце итн. Додека се нови стаклата можеби нема да треба ни да ги бришеш со крпа откако ќе ги измиеш затоа што не се задржува вода на стаклото.

Според мене не вреди да се земат било кои освен најевтините стакла со антирефлекс.

Отсутен nikola98

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 950
  • The best or nothing.
Не ја разбирам последната реченица.

Сакаш да кажеш, не вреди hoya или zeiss како бренд, или воопшто не е потребно да се купат поскапи стакла?

Отсутен aronmacedon

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 248
Има некој искуство со Неда Трајковска во Систина за операции на колено? Додуше не знам дали таа ќе ја прави операцијата, ама ете мислење/искуства?

Вака спремна делува, ама да си прашам :)

Иначе го скинав менискусот и сега имало некој со артоскопија као го шиеле.
Или Боро Илиев или Мики Ивановски.

Отсутен ficomk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4549
Ако не е комплицирана операцијата, не игра многу улога кој ќе ти ја прави.
Многу побитна е рехабилитацијата после.

Отсутен DarthJe5us

  • Авиону, сломићу ти крила..
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20339
Не ја разбирам последната реченица.

Сакаш да кажеш, не вреди hoya или zeiss како бренд, или воопшто не е потребно да се купат поскапи стакла?

Не вреди скапи стакла. Сите се гребат и на сите може да им испукаат филтри. Освен антирефлексниот филтер исто нема бенефит од другите.

Чувај пари за кога ќе треба наочари со дупли рецепт.

Отсутен Carpathian Lord

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 15303
https://acibademsistina.mk/mk/home/doktor/108
https://acibademsistina.mk/mk/home/doktor/171

Овие двајца крајната дијагноза ми ја востановија. Дали некој од нив ќе ме оперира не знам.

Отсутен Jimny

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3542
Ти плаќаш ти бираш нема што они ти како пациент си го барај Боро Илиев за колено нема подобар толку.
You have to start with the truth. The truth is the only way that we can get anywhere. Because any decision-making that is based upon lies or ignorance can't lead to a good conclusion.

Отсутен pirat_07

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8334
  • Rural fuckin society - we live in!!!
По 3 недели во Цар Самоил Банско Струмица, се прибрав.

Хотелот спастрен повеќе од соодветно.
Топло, храна шведска маса трите оброка. 10+ менија на секој оброк, салати, благо, јогурт, млеко, чаеви, лимонади... Уште што не...

Се убив бела лазања јадење со свежо чисто телешко.

Готвачот од Кавадарци, со мишелинова ѕвезда. Со комерцијалистот зборев, уште пилешкото вика го земаме замрзнато, и тоа ќе се смени.

Секоја препорака.

Отсутен nikoloskim23

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 69
Поздрав клуб, дали некој до сега од вас имал проблем со синусно влакно? Ако има некој таков да сподели како се спасил и совет да даде би бил благодарен :)

Отсутен koce1102

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1566
Има некој искуство со Неда Трајковска во Систина за операции на колено? Додуше не знам дали таа ќе ја прави операцијата, ама ете мислење/искуства?

Вака спремна делува, ама да си прашам :)

Иначе го скинав менискусот и сега имало некој со артоскопија као го шиеле.
Или Боро Илиев или Мики Ивановски.
Има некој искуство со Неда Трајковска во Систина за операции на колено? Додуше не знам дали таа ќе ја прави операцијата, ама ете мислење/искуства?

Вака спремна делува, ама да си прашам :)

Иначе го скинав менискусот и сега имало некој со артоскопија као го шиеле.

Јас не го скинав сличен проблем имав,од таму Боро Илиев го барај ако имаш шанса и можност само ОН за колено

Др. е специјалист само за операции ?

Имам проблеми со колената скоро 2 месеци .
Витамини , масти , масажи на половина - демек од таму доаѓала болката  .
Па решив да закажам кај ортопед и читам овде баш за тоа се прави муабет :)

Отсутен Xristijan

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 301
Дајте предлог некое место во февруари ќе примам радио јод барем една недела да се изолирам негде, хотел или нешто слично.

Отсутен Bravo

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2475
Има некој искуство со Неда Трајковска во Систина за операции на колено? Додуше не знам дали таа ќе ја прави операцијата, ама ете мислење/искуства?

Вака спремна делува, ама да си прашам :)

Иначе го скинав менискусот и сега имало некој со артоскопија као го шиеле.
Или Боро Илиев или Мики Ивановски.
Има некој искуство со Неда Трајковска во Систина за операции на колено? Додуше не знам дали таа ќе ја прави операцијата, ама ете мислење/искуства?

Вака спремна делува, ама да си прашам :)

Иначе го скинав менискусот и сега имало некој со артоскопија као го шиеле.

Јас не го скинав сличен проблем имав,од таму Боро Илиев го барај ако имаш шанса и можност само ОН за колено

Др. е специјалист само за операции ?

Имам проблеми со колената скоро 2 месеци .
Витамини , масти , масажи на половина - демек од таму доаѓала болката  .
Па решив да закажам кај ортопед и читам овде баш за тоа се прави муабет :)

Прво на ортопед па на физијатар.

Отсутен Ordevski

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1952
Поздрав клуб, дали некој до сега од вас имал проблем со синусно влакно? Ако има некој таков да сподели како се спасил и совет да даде би бил благодарен :)
Решавај што порано, пробај на пластика за малку порадикална хирургија особено ако е длабок синусот.

Sent from my SM-S938B using Tapatalk


Отсутен aronmacedon

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 248
https://acibademsistina.mk/mk/home/doktor/108
https://acibademsistina.mk/mk/home/doktor/171

Овие двајца крајната дијагноза ми ја востановија. Дали некој од нив ќе ме оперира не знам.
Тој тандем за операции на кичма може ама за колено или Боро или Мики. За твои пари ти одлучуваш кој ќе те оперира. И како што пишаа погоре, рехабилитацијата потоа ти е најважна, дури и поважна од самата операција