Жалам што си имал лошо искуство, но високата цена не е автоматска гаранција за непогрешливост или "квалитет". Цената заслужува транспарентност и човечност.
А и сите тие професии што ги наброја си имаат јасни цени, не гледам зошто кај докторите би било поинаку.
И ќе напоменам, не навлагам во стручноста на персоната, туку само ме интересира, колку кошта услугата и дали јас можам да ја платам.
Јас имав лошо искуство со доктор (светски човек, студии и работа во странство, советник во влада итн) на кој му беше платено скапо... Тука можев да си дозволам да платам (скоро тројно поскап од многу доктори), ама беше залудно. И се водев по онаа стара: Не прашувај што е добро, прашувај што е скапо.