Зарем постои некој што покрива стари дијагнози?
Да. Кај мене на работа ги покрија и старите дијагнози. Ама станува збор за колективно осигурување за голем број на вработени.
Условите за полисите се различни, како поединец немаш голема моќ за преговарање за условите... ама како компанија со голем број на вработени, може да се преговараат условите за што се и колку покрива приватното осигурување...
Несакам имиња да спомнувам (сепак се работи за колективни договори), ама со првата осигурителна компанија имавме проблеми, зафркаваа. Исти работи кај некого ги покриваа, а кај некого одбиваа со глупи изговори..
Сега со новата е многу поинаку. Јасно се дефинирани условите за осигурување и многу поедноставно е целиот процес за покривање на штети.. т.е. покривање на трошоци за здравствени услуги...