Клиниката за Гинекологија е правена према европски стандарди. По изградбата, нормално „мораше“ да се пренаменат просториите, па страдаше најосновниот оддел - родилното. Укината е од само за министерот познати причини патолошка бременост, па сега сите ги пораѓаат со царски рез, заедно со редовните родилки. Има два три пункта за пораѓање и си ги мењаат местата према ургентност или врски блиски до управата. Директорот го сменија со надеж дека овој ќе биде поарен. Смените на вработените (пред овој директор) беа потполно нелогични. Просториите кај што се пораѓаат жените НЕМААТ ВЕНТИЛАЦИЈА ни природно осветлување! Важно најгорниот спрат е резервиран за лекарски соби ? Комуникацијата со одделот за интензивна нега, шок соба, анестезија ... заради глупата средишна поставеност на родилното е катастрофално отежнат, па потребно е сестрите да ги бараат лекарите на мобилен заради интервенции и сл.
Па добро бе Македонијо - каде вака и до кога ? Чии интереси застапувате ? Министеров го „среди“ образованието, па сега ќе го средува и здравството, а?

А бе ние сме само за у Африка да му праиме друштво на Бугар

Се додека лекарот е бр. 1 субјект во здравството, а не пациентот - нема тука леб. А тие „сироти“ ги крадат и сијалиците по ходниците на дежурства, мора да им потпишеш пред да одиш под нож дека ако лекарот ја утне работата ти си со тоа согласен да изиграваш колатерална штета. Ама важно стетоскопот околу врат и шетај се по тоа болницата додека по тебе трчаат и те молат за помош обичните смртници.
Немам ништо против лекарите, да не се разбереме погрешно АМА тие што се луѓе пред се и што ја почитуваат својата заклетва, кои за жал можат на прсти да се избројат. Имав прилика да се запознаам и со професори од медицинскиот факултет... на прв поглед максимално службени, ама (пошто се муфтаџии) по две-три чашки у кафана ќе си ја потврдиш својата перцепција за луѓето во бели мантили.
Дежурствата се приказни сами за себе, а пошто економијата не им е јака страна им воведоа и колеги за истото, па сеа ќе треба колачот да се дели, нели
Тендерите ... уф, немора да се коментира мислам

Многу ми е криво што е дојдено до ова дереџе. Влогот за студии им бил голем, хмм ок, поштуем, ама ако мислиш дека толку вредиш отвори си приватна ординација и види до кај си. Ама никој не ме знае, треба прво да се искурчам по клиникиве да ме запознаат, па после следи жетвата ... ц ц ц
Незнам што ме натера пак да се уплеткам у оваа дегутантна тема, можда погоре опишана ситуација со ГАК или

Има многу млади луѓе на форумов и им посакувам со лесно да им се породат сопругите, мојата прикаска е само моја и за среќа Господ даде да биде све ОК, ви посакувам и на вас Господ да биде со вас, пошто у оваа фак'н држава више на никој не можеш да се ослониш. Кај се тие толку стручни кадри да ги видам ? Заминаа у Ремедика, Систина ...

Зошто ?
Уште за крај да кажам дека ова не е социјална држава како што беше порано и дека тешко на оној кој нема пари, врски или партиска книшка. Како и да е Господ е еден, а првдата можда е спора - ама не и недостижна! Секоја чест за оние кои чесно, хумано, совесно и професионално си ја вршат должноста, дај боже да ги има што повеќе. Останатите мора да се дел од некој неуспешен абортус, предизвикан повторно од таквите како самите себе .