Пред 10 год. ми вадеа живец и ми го пунеа зубот у Воена болница. При тоа иглата им се скршила и не се ни потрудиле да ја извадат (значи се осеќа при чистењето кога ќе се скрши, а и кога се вади се гледа со око дека фали парче), го затвориле каналот и толку! Стално осеќав болка, притисок, на благо, на ладно ..., кога отидов ми рекоа дека наводно тоа било нормално и дека ќе ме болело и на промена на времето.
Уште на Драгстерот ми потече забот и баш Carrier166 беше таму и вика одма да идам на лекар. Ја, најголемиот коркач кога е у прашање некој доктор да ти праи нешто, а и хиперзензитивен на болка

не отидов. По некое време отокот се смири и болката се повлече.
Пред некој ден се повтори истата ситуација. Јебига кај се женев ... под рука и право ме однесе на зубар. Го отвори каналот, направи РТГ и што да видиш (мислам не ме изненадува, ама малер кај баш кај мене-затоа и ги избегавам лекарите, освен ако ептен немаш излез, па си викаш ај и ќорава кокошка некад ќе убоде нешто) ПАРЧЕ ИГЛА у коренот кој надвиснал накај коренот на другиот заб, па и него го зафатил ... КАТАСТРОФА мислам !!!
И сеа чаре: Апикотомија или у превод операција т.е. сечење на дел од коренот кај што е иглата и процесот, киретажа, полнење пак на каналот, шиење, антибиотици, аналгетици, мраз, ладна течна храна,, вадење конци, месец дена заебанции ... ХМММ А зошто бе да ве прашам? Ја ли сум крив или оние неписмени, неодговорни и несовесни копилиња??? Башка 100 евра уште онака ко за казна

Е тоа ти е, ја не викам ништо - кој работи и греши АМА да ја прикриеш твојата неспособност на сметка на некој невин ... Немојте ви се молам !!!
Закажана ми е за у субота, нормално ако спадне отокот, а до тогаш кркам антибиотици, а за стравот ич да не зборам - не чини да знаеш многу работи изгледа
ООО КАКО ЈЕ ЛЕПО БИТИ ГЛУП !!!