Автор Тема: Мотори осетливи на плин  (Прочитано 90729 пати)

Отсутен onak

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 15993
  • сељаторе ин ил селандроре!!
    • КАНО еко системи
Одг: Мотори осетливи на плин
« Одговори #150 на: 17 Март 2014, 09:56:57 am »
Постојат неколку опции за решавање на проблемот:
1. Купување афтермаркет вентили (комплет) кои се зајакнати и ја издржуваат зголемената температура. Оваа опција постои за Hyundai во Европа.
2. Паралелно работење на бензинските дизни во сите режими, над 4000рпм 100% на бензин.
3. Капалка со адитив.
4. Повремено возење само на бензин.

Ако знае некој нешто друго нека дополни.
многу ме нервира кога си упорен во нешто а не си доволно информиран...

ВЕНТИЛИ неможеш да изладиш со користење на бензин... можеш да изладиш ДИЗНИ... повременото возење на бензин е комплетно непотребно... тоа е застарен метод за чистење на прашина, гареж и масни наслаги по усисните делови (карбуратор и грана) од времето кога се инсталираа и користеа плински уреди на плочка. сега секое палење на возилото е на бензин, па автоматски се префрла на плин.

зајакнати вентили дрн-мрн... тоа е измислено од такви тролачи како што си ти, за да има на пазаров  што народ да купупува и да троши пари. зајакнати вентили (со цементација) се користат во преадаптирање на обични мотори во спортски а не при користење на плински уред...

зголемената температура на издувните гасови е минорно мала во однос на целокупната температура која се појавува при експлозија... и на бензин, малку запни ја колата по угорница ке ја добиеш повисока температура и на гасови и на експлозија во цилиндар дури и поголема одколку на плин...

значи мешаш материјали дизни со вентили
мешаш поими работна температура со температура на експлозија и издувни гасови...
и секако нафрлуваш лажни и измислени податоци како што се 1000-те степени разлика во детонација-експлозија

не сум сам сигурен дали намерно го правиш тоа од аспект на тролање или толку ти е знаењето... како и да е треба да бидеш соодветно истретиран бидејки пишуваш работи кои се тотално неточни, на автомобилски форум на кој лугето што сакаат да се информираат ке прочитаат о ке имаат грешка во знаењето заради тебе и таквите како тебе...
www.kano.com.mk
www.parno.com.mk
www.kanosistemi.com.mk
www.evtinogreenje.com.mk
https://www.facebook.com/kano.eko.sistemi
кликни на било кој, нема да утнеш, сите водат на исто место, во исто време

Отсутен LosiPatista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 12136
  • Duh sa TDI-jom
Одг: Мотори осетливи на плин
« Одговори #151 на: 17 Март 2014, 10:05:03 am »
Ќе го оставам Симо да те просветли. Јас нема да се замарам со тебе.

Torsion Beam - The Only Axle You Will Ever Need

Отсутен krell

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1809
Одг: Мотори осетливи на плин
« Одговори #152 на: 17 Март 2014, 10:13:27 am »
@Onak

Мене ме интересира:

Зашто тогаш воопшто има потреба од капалка?


Зашто доаѓа до оштетување на вентили кај некои од возилата, доколку се возат  на плин?

(Сузуки новите модели, HONDА I-Vtec , Subaru (за ова имаше и long term тест во некое од хрватските часописи, кое можеби и го имам некаде, и каде заклучок им беше дека цената за сервисирање на оштетените вентили ради плинот ја надминува заштедата во меѓувреме).

Да нагласам дека сите овие возила кога се возат на бензин имаат импресивна количина на изминати километри без проблеми.


Ова го прашувам  од аспект на дилемите што ги имам за евентуално вградување на плин некогаш...



Отсутен LosiPatista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 12136
  • Duh sa TDI-jom
Одг: Мотори осетливи на плин
« Одговори #153 на: 17 Март 2014, 10:14:39 am »
Hyundai, Mitsubishi, Opel....листата е голема, ја има на првата страна.

Torsion Beam - The Only Axle You Will Ever Need

Отсутен onak

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 15993
  • сељаторе ин ил селандроре!!
    • КАНО еко системи
Одг: Мотори осетливи на плин
« Одговори #154 на: 17 Март 2014, 10:15:39 am »
абе дека страдаат вентили на некои (со послаб квалитет) возила страдаат, ама дека со бозење на бензин ке ги спасиш не... тоа се обидов горе да му кажам на тролачов ама он како и секогаш си тера по свое, филозовски мења и селектира дел од текстот и го изобличува...

тоа е тоа...
www.kano.com.mk
www.parno.com.mk
www.kanosistemi.com.mk
www.evtinogreenje.com.mk
https://www.facebook.com/kano.eko.sistemi
кликни на било кој, нема да утнеш, сите водат на исто место, во исто време

Отсутен LosiPatista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 12136
  • Duh sa TDI-jom
Одг: Мотори осетливи на плин
« Одговори #155 на: 17 Март 2014, 10:18:10 am »
Ти си тролач бе, имаш огромно искуство со плин, а не си кажал ништо корисно во темава. Тоа што го кажа, е сосема погрешно и се коси со ставот на целата автомобилска заедница. Јас секогаш ќе најдам луѓе што се согласуваат со мене, прашањето е дали ти ќе најдеш такви?

Torsion Beam - The Only Axle You Will Ever Need

Отсутен onak

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 15993
  • сељаторе ин ил селандроре!!
    • КАНО еко системи
Одг: Мотори осетливи на плин
« Одговори #156 на: 17 Март 2014, 10:26:05 am »
Ти си тролач бе, имаш огромно искуство со плин, а не си кажал ништо корисно во темава. Тоа што го кажа, е сосема погрешно и се коси со ставот на целата автомобилска заедница. Јас секогаш ќе најдам луѓе што се согласуваат со мене, прашањето е дали ти ќе најдеш такви?

ти ке најдеш луге од автомобилска заедница? хахаха... ок, ке најдеш... прво и основно која е таа заедница? месна заедница? имаат ли локална самоуправа....

јас позади мене имам експерти кои работат активно на тоа поле... на 3 експерти зборот е појак од 1000 луге корисници како тебе кои се водат од претпоставки и читање на текстови по нет...

а тоа длаи ке кажам нешто кориано или не зависи од мојот кеиф а не од твојата потреба... едноставно, точно тоа е причината поради која почнаа луге познаавачи на материјата да го напуштаат форумов... истово да не го копирам о дпецони што го пиша во темата за забалешки... доаѓаат деца кои мислат дека знаат се и буквално кењаат по темите...

и да напишам нешто корисно, од такви како тебе нема да дојде до израз, бидејки форумов го третираш како место за мајтап а не место за давање корсини информации... до сега од тебе ништо корисно не прочитав а толку време си на форумов...

почињам сериозно да се нервирам и да ми смета вакви ставри... претжно доаѓам да се релаксирам, сум помогнал на безброј луге со совети и искуство, сум споделил неколку мои лични проекти и како што гледам таквите како тебе успешно уништуваат се... се размислувам и јас како пецони+ти да постапам... не за друго несакам да се нервирам... заклучи темите и почни мајтап да си играш со лугето... давај им грешни податоци, насочувај ги кон други лажни вистини...
www.kano.com.mk
www.parno.com.mk
www.kanosistemi.com.mk
www.evtinogreenje.com.mk
https://www.facebook.com/kano.eko.sistemi
кликни на било кој, нема да утнеш, сите водат на исто место, во исто време

Отсутен krell

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1809
Одг: Мотори осетливи на плин
« Одговори #157 на: 17 Март 2014, 10:31:57 am »
абе дека страдаат вентили на некои (со послаб квалитет) возила страдаат, ама дека со бозење на бензин ке ги спасиш не... тоа се обидов горе да му кажам на тролачов ама он како и секогаш си тера по свое, филозовски мења и селектира дел од текстот и го изобличува...

тоа е тоа...

Онак прашувам бидејќи наведените возила и марки се со прилично висок квалитет, и по статистика прилично нерасипливи возила кога се возат на бензин.

Значи не станува збор за неквалитетни возила каде што ова се случува...
Те молам одговори ми базирано на твоето искуство што е тоа што прави проблем кога овие возила се возат на плин?

Ако нема зголемена температура , зашто тогаш треба капалка?

Ако дојде до проблем, колку чини во просек сервисирањето на изгорените и оштетени вентили?

Присутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 43792
  • Il Moderatore
Одг: Мотори осетливи на плин
« Одговори #158 на: 17 Март 2014, 10:35:09 am »
Јас колку што знам, рецесијата на вентилите во главата се јавува поради послаби материјали на самата глава и самите вентили/
Горењето на вентилите настанува, кога рецесијата ќе биде доволно голема за да не може вентилот комплетно да го затвори издувниот канал, бидејќи зазорот помеѓу вентилите и брегастата веќе не постои.

Решение за ова е едноставно и мислам дека може секој вичен мајстор кој обработувал глави да го направи. Тоа е да стави појачани ситсеви на вентилите (тоа се местата на главата, кај што вентилот допира), и вентили со подобар квалитет.








Еве ги и ситсевите:







Јас мислам дека ако имам возило кое ми е вредно и тешко за оправка, би ги направил овие промени пред да вградам плин, чисто превентивно. Отворање глава не е нешто што го расипува моторот, како што некои сакаат тука да прикажат :)


За другиот дел од дискусијата - не коментирам. Извадете си ги очите, па да зачистам глупости.

@onak i @losi patishta, ве молам да не ме ставате во глупи дискусии без потреба.


Едит: @Krell, како што кажав претходно, карбонските наслаги од бензинот служат како заштита на вентилите и ситсевите. Поради почистото согорување на плинот, овие наслаги ги нема, па почнува вентилот да удира директно врз лежиштето. Колку тоа може да го издржи самиот мотор - зависи од дизајнот на материјалите. Истиот проблем се јави и при премин од оловен на безоловен бензин. Потполно истиот! Оловото во служеше како дампенинг елемент помеѓу вентилот и лежиштето.



Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен LosiPatista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 12136
  • Duh sa TDI-jom
Одг: Мотори осетливи на плин
« Одговори #159 на: 17 Март 2014, 10:41:16 am »
ти ке најдеш луге од автомобилска заедница? хахаха... ок, ке најдеш... прво и основно која е таа заедница? месна заедница? имаат ли локална самоуправа....

Тоа е автомобилска заедница, ама откаде ти би знаел што е автомобилска заедница, кога ти живееш во твојот затворен свет.


јас позади мене имам експерти кои работат активно на тоа поле... на 3 експерти зборот е појак од 1000 луге корисници како тебе кои се водат од претпоставки и читање на текстови по нет...

Експерти :) Од експерти си страдаме.


а тоа длаи ке кажам нешто кориано или не зависи од мојот кеиф а не од твојата потреба... едноставно, точно тоа е причината поради која почнаа луге познаавачи на материјата да го напуштаат форумов... истово да не го копирам о дпецони што го пиша во темата за забалешки... доаѓаат деца кои мислат дека знаат се и буквално кењаат по темите...

Точно така, имаш кеф да се караш и да тролаш. Немаш кеф да напишеш нешто корисно. Ти си песимист бе, секогаш кога си тука кењаш дека некој го заебал форумот, и сеа сите почнале да се откажуваат од форумот. Секогаш кога има затишје на форумот потенцираш дека некој го заебал форумот и ти си рекол дека така ќе биде, пошто поединци се криви за се. Едвај чекаш да се случи такво нешто, па да го оставиш пенкалото на раат, и да уживаш во неработењето на форумот. А зошто тогаш си толку упорен, секој ден се логираш и се караш со сите? Јас ќе ти кажам зошто, затоа што сакаш да го усереш форумот, затоа што си песимист по природа и ти смета форумот, сакаш да пропадне!

и да напишам нешто корисно, од такви како тебе нема да дојде до израз, бидејки форумов го третираш како место за мајтап а не место за давање корсини информации... до сега од тебе ништо корисно не прочитав а толку време си на форумов...

Лол. Секој може да види кои теми јас ги има отворено и колку имам допринесено за форумов. Ако се анализираат твоите пораки, 85% се карање со членови.


почињам сериозно да се нервирам и да ми смета вакви ставри... претжно доаѓам да се релаксирам, сум помогнал на безброј луге со совети и искуство, сум споделил неколку мои лични проекти и како што гледам таквите како тебе успешно уништуваат се... се размислувам и јас како пецони+ти да постапам... не за друго несакам да се нервирам... заклучи темите и почни мајтап да си играш со лугето... давај им грешни податоци, насочувај ги кон други лажни вистини...

така е, усери го форумот.

Torsion Beam - The Only Axle You Will Ever Need

Отсутен krell

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1809
Одг: Мотори осетливи на плин
« Одговори #160 на: 17 Март 2014, 10:47:01 am »
Јас колку што знам, рецесијата на вентилите во главата се јавува поради послаби материјали на самата глава и самите вентили/
Горењето на вентилите настанува, кога рецесијата ќе биде доволно голема за да не може вентилот комплетно да го затвори издувниот канал, бидејќи зазорот помеѓу вентилите и брегастата веќе не постои.

Решение за ова е едноставно и мислам дека може секој вичен мајстор кој обработувал глави да го направи. Тоа е да стави појачани ситсеви на вентилите (тоа се местата на главата, кај што вентилот допира), и вентили со подобар квалитет.


(Фотографијата е скриена. Кликни тука за да ја прикажеш..)

(Фотографијата е скриена. Кликни тука за да ја прикажеш..)

(Фотографијата е скриена. Кликни тука за да ја прикажеш..)

Еве ги и ситсевите:

(Фотографијата е скриена. Кликни тука за да ја прикажеш..)

(Фотографијата е скриена. Кликни тука за да ја прикажеш..)

(Фотографијата е скриена. Кликни тука за да ја прикажеш..)

Јас мислам дека ако имам возило кое ми е вредно и тешко за оправка, би ги направил овие промени пред да вградам плин, чисто превентивно. Отворање глава не е нешто што го расипува моторот, како што некои сакаат тука да прикажат :)


За другиот дел од дискусијата - не коментирам. Извадете си ги очите, па да зачистам глупости.

@onak i @losi patishta, ве молам да не ме ставате во дискусии без потреба.


Симо фала ти.. Ова е тоа што ме интересираше..

Сепак изгледа дека кај некои нови возила што се под гаранција, и не е така паметно да се вгради плин  (освен ако гаранцијата не продолжи да важи, и ако е возило што статистички е докажано дека нема проблем со плин).

Јас лично на ново возило по се изгледа не би вградил плин.

На возило што е веќе старо и што нема што да се изгуби, и што е онака за акање веројатно би вградил.



Отсутен LosiPatista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 12136
  • Duh sa TDI-jom
Одг: Мотори осетливи на плин
« Одговори #161 на: 17 Март 2014, 10:52:36 am »
Јас мислам дека ако имам возило кое ми е вредно и тешко за оправка, би ги направил овие промени пред да вградам плин, чисто превентивно. Отворање глава не е нешто што го расипува моторот, како што некои сакаат тука да прикажат :)



Пред да вградиш плин би отварал декла?

А што значи црвеното?

Torsion Beam - The Only Axle You Will Ever Need

Отсутен Chlink

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8534
  • alfa 156 1.8 t.s & alfa 159 2.4 jtdm
Одг:
« Одговори #162 на: 17 Март 2014, 11:11:49 am »
Мене ми има изгорено вентил додека возам на плин. На максимална брзина, не знам сеуште дали беше од плинот. Кога ја средив колата бев во плимонт и прашував за капалка, ми рекоа дека нема потреба да уживам. Од тогаш над 150 на плин немав возено. Вчера на максимална возев на плин пошо забораив да префрлам, така некое време и ми текна. Немам во моментов никакви последици.

Присутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 43792
  • Il Moderatore
Одг: Мотори осетливи на плин
« Одговори #163 на: 17 Март 2014, 11:12:59 am »
@Losko, да речеме имам Corvette ZR6, и сакам да си ја возам на плин. Сум си ја купил на старо - све ок. Така? Да претпоставиме дека на корветава и` страдаат вентили или ситсеви или и двете од лпг.

Одговорот е: Да, ќе и` отворам глава, и ќе ја прилагодам за работа на плин, без око да ми трепне.
Затоа што: Пред да изгорат вентилите (и да направат поголема штета и да ме остават на пат), ќе почнат да се случуваат други работи. Со мала рецесија, нема доволно отворање на вентилите, ќе има послаба снага и ќе ме нервира колата. Може полошо ќе пали на сабајле и ред други работи. Све тоа ќе се случува доста порано пред да се случи неизбежното горење на вентили и поголема штета (може и зарибан мотор).
Тоа може да ме кошта колку уште еден плински уред, ама ако не го направам, може да ме кошта цел нов мотор од корвета, кој веројатно ќе треба да го увезувам од америка и да ми го монтираат во грција :)

@Chlink, кај твојата кола веројатно е друга прикаската. Веројатно е последица од долго време невозење на возилото. Ќе се десело и само на бензин да си ја возел.

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен krell

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1809
Одг: Мотори осетливи на плин
« Одговори #164 на: 17 Март 2014, 11:23:11 am »
Мене ми е криво што не ставив плин на HR-V то. Тој мотор нема воопшто проблеми со плин, а извозев на бензин 110000 км.

На CR-V во дефинитивно нема да ставам плин во наредниве 5 години.