Скоро месец дена не сум апдејтувал, ама секој слободен и неврнежлив викенд по нешто се штрафи и подзатегнува и подсредува:
Некој кога го демонтирал предниот браник, ги откачил нефункционалните прскалки за фарови, ама ги оставил цревата да висат под браник. Знаев дека не „држи“ течност за брисачи, ама не знаев дека цревата висат. При вожња, испадна цревото, и се искина. Нејсе, и онака нема да бидат функционални прскалките за фарови во скоро време, си го собрав цревото во гаража. Ја онеспособив пумпата за прскаалки на фарови, ги запушив цревата што не се потребни, и ги поминав со силикон дихтунџињата на пумпите, пошто и од таму пушташе вода. Сега имам ненаштелувани, но функционални прскалки на брисачите

Колата фабрички имала електрохроматски ретровизор, кој претходниот газда го извадил зошто не ја држел позицијата и го заменил со обичен. Среќа го сочувал оригиналниот и го добив заедно со колата. Додуша со колата добив мнооогу демонтирани делови кои ги монтирам полека полека.
Проблемот со ретровизорот беше скршен држач, го демонтирав и видов каде е проблемот.


Сите обиди да се зацврсти со стеги, жици и сл. беа безуспешни, па на крај мораше радикално да се пристапи кон проблемот. Го уништив обичниот ретровизор, тој не се рскллопуваше, па морав да го искршам куќиштето, за да го искористам држачот. Малку лепак, малку дремелче, си легна на место. За жал, немам слики од процесот, на крај ми снема батерија и немав време да чекам. Сепак, успешно го монтирав електрохроматскиот ретровизор.
Задните светла на на вратата од гепек беа лом испукани и оштетени, пуштаа вода кога врне и внатре во гепекот капеше вода кога ќе отворев гепек. Некој пробувал да ги лакира, па лакот испукан и матиран.
Ги извадив, пробав да ги средам, не многу успешно. Имав заштитна фолија за фарови купена за Апчето, па ги обвиткав со фолијата, ги вратив назад, но на прв дожд, пак влага во гепек, Толку испукани, не само стаклата, туку и самите куќишта на светлата




Овие се веќе NLA (No Longer Available) штопови, дури и од афтермаркет производители. Ако се најде олд њу сток, тогаш се ѓаволски скапи. Среќа се појави една фејслифт за растурање пред некој ден, па си купив светла во солидна состојба. Едниот маалку напукнат, но употреблив. Како и да е, ќе кркаат фолија пред да ги доуништи забот на времето. Еве ги :

Исто така, кога веќе „одврзав новчаникот“, земав и тапацирите и патос што фалеа во гепек поради монтираниот метан.
Еве сликици пред:

Еве после вадење на боците:

Еве сега како изгледа. Само провизорно се ставени, ќе се растурат сите тапацири и ќе се наместат како што треба во следна прилика. Чистење на пролет. Сега не мислам да си играм со влага на кола која стои надвор на ова време:

А да, и си купив и катадиоптер на задниот браник кој ми фалеше:

И си купив и гуми на старо, од наш член кој ја продаде колата, Sava Intensa UHP2 за летни 225/45/17 кои ќе одат на летните бандаши (на пролет).
Следно, веројатно ќе биде хладњачето за во кабина, сервис, преглед на свекици, манжетни, подвозје и амортизери, само за тоа си бара потопло време, сега се мислам да ја сместам во оддалечена гаража на презимување до пролет.
Во меѓувреме, се гледа убав туторијал - ќе затреба: