Колку и да не сум фан на Континентал, сега за сега имам само пофални зборови. Алфата пак е на шетња - Хрватска, Австрија и на крај пак Германија. Ги пробав гумите малку на снегче, малку на вода и доста на суво и немам никакви замерки дури и за бучавата. Мислам дека подеднакво се бучни односно тивки како летните Пирели.
За разлика од пролетта, овој пат со стејџ 1, без лимитер на максимална и 0,5 литра поголема потрошња. На аутобан успеав само да се осигурам дека нема лимитер (265) кратко бидејќи не сум сам но утре му се токмам да излезам и да видам до кај ќе оди. Ќе пишам…

