Моментално се мислам да ги офарбам кочионите шепи, меѓутоа има еден мал проблем кој што се двоумам како да го решам. Станува збор за логото на Брембо на предните шепи. Имам две варијанти:
Прва варијанта: да ги офарбам комплетно шепите и пред да го нанесам последниот слој на лак, да залепам налепница Брембо и врз неа да ставам уште еден слој лак (мислам дека нема да држи многу долго налепницата со оглед на условите на кои што е изложена).
Втората варијанта: да го оставам предниот дел од шепата неофарбан каде што е логото и на крај само да ставам лак и врз неофарбаниот дел (ова би било полесно и подобро, меѓутоа не знам како би изгледала шепата со 2 нијанси на неа). Неофарбаниот дел е заокружен на сликата.
Истотака сакам да ги офарбам со боја и лак кој што е за шасија а не специјално за висока температура, и не знам дали ќе издржи крајниот резултат бидејќи боите кои што ги имам одбрано нормално не се достапни во таква изведба.
На интернет имам прочитано дека многу луѓе имаат фарбано шепи на тој начин без никаков проблем, па би сакал да слушнам и мислење од вас доколку некој го пробал тоа.
Сега се префрламе на одлуката за боја. Во глава ми се вртат 5 бои, сите се од BMW (според мене ги прават најубавите бои за коли) и тие се следните:
1. Sapphire blue metallic
2. San Marino blue metallic
3. Marina Bay blue metallic
4. Twilight Purple metallic
5. Liquid Copper metallic (ова е веќе многу поразлична боја од другите, дури и можно е да штрчи премногу)
Црвена, жолта и други бои не ми се свиѓаат така да тие отпаѓаат.
Sent from my SM-A736B using Tapatalk