Автор Тема: Renault Megane 3 RS250  (Прочитано 2239 пати)

Отсутен DinoIsm

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 21
  • 2011 Renault Megane 3 RS250
Renault Megane 3 RS250
« на: 27 Октомври 2024, 18:17:27 pm »
Како љубител на француски возила (особено Рено) и многу поминато време покрај нив во сервис со татко ми уште од мали нозе, дојде време да купам една од многуте коли кои што го означија Рено како сериозен бренд барем во моите очи.
По долго време поминато на огласите барајќи спортска кола, налетав на овој примерок на Реклама5 и одлучив дека ваква кола не се пропушта.
Во меѓувреме пред купувањето на Меганот, многу видеа беа изгледани, странски форуми прочитани и слики разгледани.
Овој Меган го зема местото на 2016 Ауди А3 1.6ТДИ кое што го имав и го продадов за да го купам него.

Колата ја купив од @andrejnaumovski во август годинава.
Секоја чест на нему за начинот на кој што ја одржувал и чувал додека била кај него и му благодарам за се од негова страна во текот на продажбата.

Меганот е несекојдневна појава во оваа изведба и до сега во Скопје имам видено само уште еден црвен на улица откако го купив мојот.
Начинот на кој што се споени моторизацијата, суспензијата и шасијата на ова возило е просто неверојатно. Створен е за да ги владее кривините без никакви проблеми и се гледа како неговиот појак брат, RS275 Trophy-R своевремено го добил рекордот на Нурбургринг. Меганот ми прави многу голем мерак, и во иднина сакам да го направам по мој вкус, нешто во стилот на OEM+ проект без непотребни модификации или претерувања. Ова е идеално возило кое што има се што е потребно од опрема за секојдневието (Bluetooth, греачи и електрика на седишта, клима, keyless entry and go, сончев кров итн.) без да го изгуби својот спортски карактер. Со своите 300hp и 415Nm се однесува перфектно и не гледам потреба од зголемување на тие бројки со оглед на проблемите кои што можат да настанат како резултат на тоа.

Колата откако е кај мене има добиено:
1. Нови свеќици за палење
2. Нов термостат за ладење кој што им е слаба точка на овој модел (потрошувачката падна за 1.5Л)
3. Фабричките бандажи беа китирани и префарбани во нијанса на сребрено-сива боја на BMW (Donington Grey Metallic)
4. Single stage полирање за да ги извадам флеките од вода и повторно да добијам беспрекорен сјај
5. Фабричкиот краен лонец е вратен и колата сега звучи потивко и многу подобро
6. Промена на масло во менувач
7. ЛЕД долги светла, позиција, рикверц и на таблицата
8. 18-инчни оригинал Рено бандажи (модел Celsium од Лагуна 3 купе) за зимски гуми (offset-от на овие бандажи го прави фитментот на колата перфектен, дури мислам и да ги направам летен сет)

Модификациите кои што сакам да ги направам во иднина се следните:
1. Комплет силиконски црева за турбо и интеркулер RS Performance
2. Strut brace
3. Подобрено озвучување
4. Префарбување на кочионите шепи
5. Појачани Ксенон сијалици (Осрам или Филипс)
Истотака сакам да направам и освежување во делот на моторот, како промена на бомбини за палење, чистење на дизни и некои други ситници.


Еве и неколку слики откако е кај мене:
Simplicity is the ultimate sophistication.

Отсутен vladic3110

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5557
Одг: Renault Megane 3 RS250
« Одговори #1 на: 27 Октомври 2024, 18:27:47 pm »
Како сам да се прочитав во првиот пасус :)
Со здравје да се вози!
Renault Megane 3 1.6 100hp, Authentique
http://forum.carclub.mk/index.php/topic,19609.0.html

Отсутен andrejnaumovski

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1007
Одг: Renault Megane 3 RS250
« Одговори #2 на: 27 Октомври 2024, 19:07:53 pm »
Со здравје да си ја возиш, и многу безгрижни километри. Јас не ја изнауживав ко што треба за жал, ти посакувам тебе и за двајцата да ѝ го извадиш меракот.  ;D

Отсутен nestor04

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5921
  • Шо да пишам тука?🤔
Одг: Renault Megane 3 RS250
« Одговори #3 на: 27 Октомври 2024, 19:18:08 pm »
Average 15.7L/100km  :o

Отсутен DinoIsm

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 21
  • 2011 Renault Megane 3 RS250
Одг: Renault Megane 3 RS250
« Одговори #4 на: 27 Октомври 2024, 19:35:28 pm »
Average 15.7L/100km  :o

По менување на термостатот падна на 15.0 а се надевам дека со чистењето на дизните дека ќе се подобри уште малку. Ставив и гориво 98 од Шел да видам дали ќе има разлика, но сепак не очекувам колава да троши 10Л  ;D
Simplicity is the ultimate sophistication.

Отсутен Makedons

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 257
  • Macedonia
Одг: Renault Megane 3 RS250
« Одговори #5 на: 27 Октомври 2024, 20:02:48 pm »
Секогаш е убаво да се види кога некој вози кола што му се свиѓа. Според опишаното се гледа дека ти прави мерак. Нека те служи добро и многу безгрижни километри!

Отсутен Fizzbuzz

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 49
Одг: Renault Megane 3 RS250
« Одговори #6 на: 27 Октомври 2024, 22:19:32 pm »
Секогаш е убаво да се види кога некој вози кола што му се свиѓа. Според опишаното се гледа дека ти прави мерак. Нека те служи добро и многу безгрижни километри!

Истото сакав да го кажам, ме претрка  :)

Отсутен Bravo

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1727
Одг: Renault Megane 3 RS250
« Одговори #7 на: 27 Октомври 2024, 22:23:07 pm »
На Мики Меганот. Првиот газда ја чуваше ептен колку што знам. Солидно чувано ауто.

Отсутен kire95

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1837
Одг: Renault Megane 3 RS250
« Одговори #8 на: 28 Октомври 2024, 10:20:52 am »
Создравје да се вози и само убавини да ти носи

Отсутен Carpathian Lord

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 13932
Одг: Renault Megane 3 RS250
« Одговори #9 на: 28 Октомври 2024, 10:24:17 am »
Ваквите коли реално треба да се чувани. Не ти вози Ѓоќо од Сингелиќ RS250 па да штеди на колата. Мора да имаш мерак за ваква кола.

Отсутен andrejnaumovski

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1007
Одг: Renault Megane 3 RS250
« Одговори #10 на: 28 Октомври 2024, 10:52:02 am »
Ваквите коли реално треба да се чувани. Не ти вози Ѓоќо од Сингелиќ RS250 па да штеди на колата. Мора да имаш мерак за ваква кола.

Би се зачудил колку често знаат да паднат во грешни раце. :) ама сега колава е топ и не се сомневам дека ќе биде исто чувана

Отсутен DinoIsm

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 21
  • 2011 Renault Megane 3 RS250
Одг: Renault Megane 3 RS250
« Одговори #11 на: 28 Октомври 2024, 11:47:20 am »
Ваквите коли реално треба да се чувани. Не ти вози Ѓоќо од Сингелиќ RS250 па да штеди на колата. Мора да имаш мерак за ваква кола.

Би се зачудил колку често знаат да паднат во грешни раце. :) ама сега колава е топ и не се сомневам дека ќе биде исто чувана

Без гајле, од моја страна ќе биде чувана на максимално ниво и подобро, како механички така и естетски.

Инаку мислам дека секоја кола заслужува да биде одржувана без разлика дали е возило со врвни перформанси или возило за секојдневна употреба. :)
Simplicity is the ultimate sophistication.

Отсутен DinoIsm

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 21
  • 2011 Renault Megane 3 RS250
Одг: Renault Megane 3 RS250
« Одговори #12 на: 10 Ноември 2024, 16:08:39 pm »
Греота да не се искористи вакво убаво време за перење






Sent from my SM-A736B using Tapatalk

Simplicity is the ultimate sophistication.

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29671
    • CARclub.mk
Одг: Renault Megane 3 RS250
« Одговори #13 на: 10 Ноември 2024, 19:08:34 pm »
Ти фали Карклуб стикерче за +20 коња.

Отсутен DinoIsm

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 21
  • 2011 Renault Megane 3 RS250
Одг: Renault Megane 3 RS250
« Одговори #14 на: 10 Ноември 2024, 21:21:36 pm »
Ти фали Карклуб стикерче за +20 коња.
Чим се 20 коња во прашање ќе му најдеме место да го залепиме

Sent from my SM-A736B using Tapatalk

Simplicity is the ultimate sophistication.