Еве одговор од дирекно од министерство
Почитувани,
Во прилог се одговорите за прашањата:
Дали моторно возило произведено за пазар надвор од Европската Унија (во конкретниот случај Република Кореја) може да биде регистрирано во Република Северна Македонија преку постапка за единично одобрување?
Одговор: Да, доколку ги поседува бараните документи во постапката за единечно одобрување. Во член 8 од Правилникот за единечно одобрување на возило („Службен весник на Република Македонија“ бр. 16/10, 62/10, 105/10, 13/11, 39/11, 169/11, 185/11, 84/12, 132/12, 153/12, 59/13, 138/13, 29/14, 35/14, 119/14, 168/14, 182/16 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.30/21 и 37/26) е пропишана потребна пропратна документација кон барањето за добивање на одобрение за единечно возило.
Ако Органот за одобрување-Биро за метрологија утврди дека не се исполнети барањата, согласно со одредбите од овој закон, донесува решение во писмена форма за одбивање на барањето за издавање на одобрение за единечно возило.
Кои документи и техничка документација се потребни за спроведување на постапката за единично одобрување на вакво возило?
Одговор: Во член 8 од Правилникот за единечно одобрување на возило („Службен весник на Република Македонија“ бр. 16/10, 62/10, 105/10, 13/11, 39/11, 169/11, 185/11, 84/12, 132/12, 153/12, 59/13, 138/13, 29/14, 35/14, 119/14, 168/14, 182/16 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.30/21 и 37/26) е пропишана потребна пропратна документација кон барањето за добивање на одобрение за единечно возило.
Дали е потребен Certificate of Conformity (COC), или постапката може да се спроведе и со друга техничка документација (TÜV Datenblatt, технички спецификации од производителот или друг еквивалентен документ)?
Одговор: Согласно член 8 од Правилникот за единечно одобрување на возило („Службен весник на Република Македонија“ бр. 16/10, 62/10, 105/10, 13/11, 39/11, 169/11, 185/11, 84/12, 132/12, 153/12, 59/13, 138/13, 29/14, 35/14, 119/14, 168/14, 182/16 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.30/21 и 37/26) во постапката на единечно одобрување потребно е да се достави потврда за исполнување на техничките барања во оригинал издадена од производителот или од застапникот на производителот, односно технички карактеристики и список на одобренија доделени за возилото, неговите системи, самостојните технички единици и составните делови, согласно барањата од Прилог II од овој правилник или потврда за исполнување на техничките барања издадена од независна институција наведена во Договорот за донесување на униформни (еднообразни) технички прописи за возилата на тркала, опремата и деловите кои можат да се вградат и/или да се користат на возила на тркала, како и за условите за реципрочно признавање на одобрувањата издадени врз база на тие прописи (Спогодба од 1958) која ќе биде прифатена од Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини, односно технички карактеристики и список на одобренија доделени за возилото, неговите системи, самостојните технички единици и составните делови, согласно барањата од Прилог II од овој правилник.
Преглед на независните институции кои ги прифаќа Министерството на следните линкови:
- Листа на независни институции во статусот на Договорот од 1958 година на Обединетите нации, а прифатени од Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини:
WP.29 - 1958 Agreement Status
- Листа на независни институции-тековно овластени технички служби во секоја земја членка на Европската унија:
https://ec.europa.eu/docsroom/documents?tags=technicalserviceauto&pageSize=30&sortCol=title&sortOrder=asc Кои правни лица или овластени технички служби се надлежни за спроведување на постапката за единично одобрување и издавање на потребната техничка документација?
Одговор: Постапката на одобрување на единечно возило се спроведува во овластени технички служби. Услов за добивање на овластување за техничка служба е правното лице да биде акретирано инспекциско тело од страна на Институтот за акредитација на РСМ. Пребарување на технички служби кои ја спроведуваат постапката на единечно одобрување на возила на следниот линк:
https://iarm.gov.mk/category/akr_inspekciski/.
Дали постојат законски или подзаконски ограничувања кои би спречиле регистрација на вакво возило доколку ги исполнува сите технички и безбедносни барања?
Одговор: Согласно член 17 став (

од Законот за возила („Службен весник на Република Македонија“ бр.140/08, 53/11, 123/12, 153/12, 70/13, 164/13, 138/14, 154/15, 192/15, 39/16 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.161/19, 308/20, 87/23, 148/25, 160/25, 258/25, 58/26 и 145/26) доклку Органот за одобрување-Биро за метрологија утврди дека не се исполнети барањата, согласно со одредбите од овој закон, донесува решение во писмена форма за одбивање на барањето за издавање на одобрение за единечно возило.