Автор Тема: Хомологација - Единечно одобрување без COC за возила без ЕУ типско одобрување?  (Прочитано 2127 пати)

Отсутен volenos

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 337
Не ми е јасно зашто вакво, високо квалитетно и пред се возило со малку километри неможе да помине хомологација?

Па голф 5ки со по милион киломеѕжтри е дозволено за влезе а на ова не.
Мора да има некое објаснување за ова

Од мое истражување:
Има два начини за да поминеш хомологација:

1. Идентификација
2. Единечно Одобрување

И овие две начини се опишани чисто во Законот за Возила.

Идентификација е за техничко лице да провери визуелно дали возилото е од одобрен тип во ЕУ и Америка. Ова се прави со проверување на e1 код на плочката на возилото или со проверување на COC документ. Од како ќе го проверат ова, вадат документ: Согласност за Регистрација, истиот ден се завршува.

COC не може да се извади, само фабриката тоа го вади.

Единечно одобрување е за единечно возило, кое не е ЕУ-US одобрено. Ова е посебна процедура и функционира вака:

1. Се носи возилото на увид.
2. Се доставува сертификат од правно лица во МК кое потврдува дека возилото задоволува ЕУ стандарди (изгледа ТИВ-МК).
3. Се доставува техничка документација од правен увозник за карастериски на возилото кое е одобрено во МК (Порше - МК).
4. Техничко лице од Хомологација проверува дали возилото на увид ги има овие карактеристики според ТИВ и Порше МК.
5. Оваа документација се испраќа во Биро за Метрологија, они одобруваат и после тоа се издава Согласност за Регистрација и процедурата трае 10+ дена.

Е сега, проблемот е што:

Од Порше Скопје не знаат или нејќат да ми извадат документ со технички спецификации (документ кој кажува како треба возилото да личи за МК пазар пр: волан на лева страна, дијаметар на кочници, вмро налепница, мвр миривче итн), додека се јавив во Порше Ротердам и ми кажаа само адреса да им кажам и да ми го пратат документот до дома, проблемот е што таа техничка документација важи за Холандија, не за Македонија.

Скоро сите од Хомологација не се запознаени со оваа процедура, ми кажуваат: "Ама дечко, без плочката не може", ги мешаат Идентификација и Единечно Одобрување, а без нив не може да се почне процедурата.

Воопшто не се ни јавив во ТИВ бидејќи 2 работи веќе ме блокираат.


превара се нашиве во Порше.
Само да грабаат. а за вршење услуга тоа јок.
Може да им текне сега они да прават така.
увези од горе и да ги шиткаат тука.
Се разбира за нив ќе важи законот, ќе се среди работа.