Автор Тема: Хомологација - Единечно одобрување без COC за возила без ЕУ типско одобрување?  (Прочитано 14985 пати)

Отсутен y2k

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 14
Некој аптејд на темава?

Контактирани МКАР само што слушнаа Кореа не може одма! Контактирани РГВ исто и тие не може викаат. Контактирани од биро ама одговор нема.

EDIT, одговор од Технички.

Офф беее немало на плочката одобрение, па за тоа се прави единечно одобрување, законот за единечно одобрување е баш за овие коли кои немаат европско одобрение. Точно е дека неспособните не располагаат со база на податоци за овие коли. Овластениот застапник, нормално, не сака да слушне за вакви коли, бидејќи доколку започне увоз, ќе им пропадне цел мкар на кутрите. Истото важи и за другиве како ргв група - се штитат меѓу себе.

Базата на податоци ја имаат TUV SUD, TUV NORD и слични компании за xомологација низ Европа. Техничкиот лист директно се вади по број на шасија од TUV SUD и TUV NORD... Ако им покажеш дека еве имаш теxнички лист со податоци??? Тогаш ќе има друг изговор...

Ние што сакаме да ни биде чисто и по закон не прават будали, а тие што увезуваат коли од Кореја секој месец, што само лепат број на единечно одобрение на плочката и без проблем поминуваат хомологација и технички преглед? Тоа не е проблем м??? А тоа што низ Скопје се возат стотици коли донесени од Кореја на овој начин, за тие замижуваат а??

Не знам што да кажам искрено, освен некој да пробал со TUV дали ќе успее било што тука

Отсутен portimao

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 9
Инаку агентот од autowini тврди дека во Македонија има увоз на возила

Не да има... Скопје плива од такви коли. За Тетово, Струга, Гостивар и другиве градови да не правиме муабет... Остај агентот од autowini, мене и од неколку шпедиции ми потврдија дека секој месец се носат коливе.

Отсутен MartinAlfista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 18105
  • Giulietta QV 1750 TBi
    • Instagram
Инаку агентот од autowini тврди дека во Македонија има увоз на возила

Не да има... Скопје плива од такви коли. За Тетово, Струга, Гостивар и другиве градови да не правиме муабет... Остај агентот од autowini, мене и од неколку шпедиции ми потврдија дека секој месец се носат коливе.

Епа нека ги посочат конкурентите или поединците што го посредуваат ова, пошо очигледно има начин :)

Отсутен k3b

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 116
Продавач од Албанија :)

Sent from my iPhone using Tapatalk

Отсутен Co9099

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 112
Надвор од темава, МВР нема да ви го регистрира возилото ако е со Јужна Кореја сообраќајна, не ја прифаќаат. Така да ја би ги избегнувал тие возила.
Ќе треба да го увезете и регистрирате у Албанија па со Албанска сообраќајна да се регистрира во Македонија. Не се исплати.

Отсутен y2k

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 14
Тоа е мојата чудесна земја:)

Отсутен y2k

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 14
Ova e od diler vo bg so uvoz od Korea

https://i.postimg.cc/fbyC8fZm/BGG.png

Инаку законот во Македонија вика

Секое половно возило кое доаѓа од увоз, а претходно било легално регистрирано во земја-членка на ЕУ, автоматски ги исполнува условите за хомологација во Македонија.“

И сега според ова ако колата е регистрирана во БГ треба да немаш никаков проблем да ја увезеш и регистираш во Македонија
« Последно менување: 27 Јуни 2026, 12:27:04 pm y2k »

Отсутен portimao

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 9
Надвор од темава, МВР нема да ви го регистрира возилото ако е со Јужна Кореја сообраќајна, не ја прифаќаат. Така да ја би ги избегнувал тие возила.
Ќе треба да го увезете и регистрирате у Албанија па со Албанска сообраќајна да се регистрира во Македонија. Не се исплати.

Нема да ја прифатат и ако е оригиналната? Најдов агент кој може да испрати оригинал.

Отсутен portimao

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 9
Ova e od diler vo bg so uvoz od Korea

https://i.postimg.cc/fbyC8fZm/BGG.png

Ова може да биде некое решение. Веќе се прават комбинации со Албанија / Косово за да се извади сообраќајна, али мислам дека царина кај нив е околу 20% од вредноста на колата, што вреди за поевтини коли. Како се пресметува царината во Бугарија? Дали тамо вадат TUV, или ќе треба тука да се брка работа?

Technotest се вика ваљда TUV кај нив. Го контактирав продавачов да видам што ќе каже

Отсутен andrejnaumovski

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2505
Ova e od diler vo bg so uvoz od Korea

https://i.postimg.cc/fbyC8fZm/BGG.png

Ова може да биде некое решение. Веќе се прават комбинации со Албанија / Косово за да се извади сообраќајна, али мислам дека царина кај нив е околу 20% од вредноста на колата, што вреди за поевтини коли. Како се пресметува царината во Бугарија? Дали тамо вадат TUV, или ќе треба тука да се брка работа?

Увоз на автомобили надвор од ЕУ во Бугарија е 10% царина и 20% ДДВ, што ти е ефективно разликата од да ја купиш колата во ЕУ вс Кореја

Исто и Албанија околу 30%

Отсутен y2k

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 14
Еве одговор од дирекно од министерство

 Почитувани,

Во прилог се одговорите за прашањата:

    Дали моторно возило произведено за пазар надвор од Европската Унија (во конкретниот случај Република Кореја) може да биде регистрирано во Република Северна Македонија преку постапка за единично одобрување?

Одговор: Да, доколку ги поседува бараните документи во постапката за единечно одобрување. Во член 8 од Правилникот за единечно одобрување на возило („Службен весник на Република Македонија“ бр. 16/10, 62/10, 105/10, 13/11, 39/11, 169/11, 185/11, 84/12, 132/12, 153/12, 59/13, 138/13, 29/14, 35/14, 119/14, 168/14, 182/16 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.30/21 и 37/26) е пропишана потребна пропратна документација кон барањето за добивање на одобрение за единечно возило.

                Ако Органот за одобрување-Биро за метрологија утврди дека не се исполнети барањата, согласно со одредбите од овој закон, донесува решение во писмена форма за одбивање на барањето за издавање на одобрение за единечно возило.

    Кои документи и техничка документација се потребни за спроведување на постапката за единично одобрување на вакво возило?

Одговор: Во член 8 од Правилникот за единечно одобрување на возило („Службен весник на Република Македонија“ бр. 16/10, 62/10, 105/10, 13/11, 39/11, 169/11, 185/11, 84/12, 132/12, 153/12, 59/13, 138/13, 29/14, 35/14, 119/14, 168/14, 182/16 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.30/21 и 37/26) е пропишана потребна пропратна документација кон барањето за добивање на одобрение за единечно возило.

    Дали е потребен Certificate of Conformity (COC), или постапката може да се спроведе и со друга техничка документација (TÜV Datenblatt, технички спецификации од производителот или друг еквивалентен документ)?

Одговор: Согласно член 8 од Правилникот за единечно одобрување на возило („Службен весник на Република Македонија“ бр. 16/10, 62/10, 105/10, 13/11, 39/11, 169/11, 185/11, 84/12, 132/12, 153/12, 59/13, 138/13, 29/14, 35/14, 119/14, 168/14, 182/16 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.30/21 и 37/26) во постапката на единечно одобрување потребно е да се достави потврда за исполнување на техничките барања во оригинал издадена од производителот или од застапникот на производителот, односно технички карактеристики и список на одобренија доделени за возилото, неговите системи, самостојните технички единици и составните делови, согласно барањата од Прилог II од овој правилник или потврда за исполнување на техничките барања издадена од независна институција наведена во Договорот за донесување на униформни (еднообразни) технички прописи за возилата на тркала, опремата и деловите кои можат да се вградат и/или да се користат на возила на тркала, како и за условите за реципрочно признавање на одобрувањата издадени врз база на тие прописи (Спогодба од 1958) која ќе биде прифатена од Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини, односно технички карактеристики и список на одобренија доделени за возилото, неговите системи, самостојните технички единици и составните делови, согласно барањата од Прилог II од овој правилник.

Преглед на независните институции кои ги прифаќа Министерството на следните линкови:

                - Листа на независни институции во статусот на Договорот од 1958 година на Обединетите нации, а прифатени од Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини:

                WP.29 - 1958 Agreement Status

                - Листа на независни институции-тековно овластени технички служби во секоја земја членка на Европската унија:

                https://ec.europa.eu/docsroom/documents?tags=technicalserviceauto&pageSize=30&sortCol=title&sortOrder=asc

    Кои правни лица или овластени технички служби се надлежни за спроведување на постапката за единично одобрување и издавање на потребната техничка документација?

Одговор: Постапката на одобрување на единечно возило се спроведува во овластени технички служби. Услов за добивање на овластување за техничка служба е правното лице да биде акретирано инспекциско тело од страна на Институтот за акредитација на РСМ. Пребарување на технички служби кои ја спроведуваат постапката на единечно одобрување на возила на следниот линк: https://iarm.gov.mk/category/akr_inspekciski/.

    Дали постојат законски или подзаконски ограничувања кои би спречиле регистрација на вакво возило доколку ги исполнува сите технички и безбедносни барања?

Одговор: Согласно член 17 став (8) од Законот за возила („Службен весник на Република Македонија“ бр.140/08, 53/11, 123/12, 153/12, 70/13, 164/13, 138/14, 154/15, 192/15, 39/16 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.161/19, 308/20, 87/23, 148/25, 160/25, 258/25, 58/26 и 145/26) доклку Органот за одобрување-Биро за метрологија утврди дека не се исполнети барањата, согласно со одредбите од овој закон, донесува решение во писмена форма за одбивање на барањето за издавање на одобрение за единечно возило.

Значи, се што треба е еден ТÜВ Датенблатт и возилото оди на одобрување... Сега прашањето е - што правиме со тоа што не издаваат сообраќајна дозвола од Кореја?

На страницата autowini пишува дека издаваат само копија од "Title Cancellation Certificate", а таква копија најверојатно нема да биде прифатена. Агент од autowini ме информираа дека постои можност да се издаде оригинален документ заверен со апостил, но само доколку продавачот на колата се согласи да го предаде оригиналниот документ. Ми кажаа дека оваа постапка веќе ја правеле за други држави кои имаат слични административни пречки како Македонија.

Дали би го прифатиле оригиналниот документ заверен со апостил наместо сообраќајна дозвола? Инаку, во документот ги пишува истите податоци како и во класичната сообраќајна дозвола и некои други дополнителни податоци кои може да послужат и како доказ за потекло.

Отсутен y2k

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 14
Калакурница е ова сето. Овие викаат едно, кој и да прашаш од технички викаат не поминува ова. Ова само во Македонија ваков циркуз може да се приреди