Автор Тема: Хомологација - Единечно одобрување без COC за возила без ЕУ типско одобрување?  (Прочитано 2897 пати)

Отсутен Co9099

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 106
Во врска со возилото (https://forum.carclub.mk/index.php/topic,26434.0.html), ме интересира дали некој на форумов знае процедурата и времетраењето за поминување на хомологација за возила кои не се наменети за Европски пазар, без COC и без ЕУ типско одобрување?

Според законот кој го прочитав, таа опција е достапна и се вика "Единчено Одобрување" и иде преку Биро за Метрологија, али до сега се јавив на повеќе места кои вршат Хомологација (меѓу кои и Машински фак) и сите ми кажаа дека: "Не може да помине на Хомологација ако не е за ЕУ или US пазар.".

Што е сосема спротивно на тоа законот што го вика.

Некој да не знае?

Отсутен Carpathian Lord

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 14705
https://www.eurococ.eu/en/#products

Како што гледам можеш online COC да добиеш

Отсутен Спенсер

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7513
Ако нешто не може да се реши со малку пари, може да се реши со малку повеќе пари.  Ако не може легално, ќе може "легално".

Отсутен vladic3110

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5928
За ова прашав во другата тема дали е за еу пазар колата ко се смеевте, постирав и видео од србин шо цело време увезува се и свашта и раритети, скоро во секое видео спомнува пред да се земи да се провери на тоа налепницата дали пиши еу1, оти го јадол немиен еднаш ,узвезил платил царина  давачки за на крај да не може са се регистрира под никаков основ и ќе оди за делови.
  И овде вероватно се слични правилата, едино со тоа шо вика членот погоре, да се подмачка дебело некаде евентуално.
20:10 на видеото

Sent from my iPhone using Tapatalk
Renault Megane 3 1.6 100hp, Authentique
http://forum.carclub.mk/index.php/topic,19609.0.html

Отсутен volenos

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 360
Баш пиши што ќе направиш. Јас мислам нема да има проблем

Никој не се смееше, ја отворив темава поради твојот пост, за на другите да можат полесно да ја најдат информацијата ако некогаш им треба.

Инаку според тоа што го прочитав во Законот за Возила, нема никаков проблем да се увезе возило кое нема e1 одобрение, само е посебна процедура, која што моментално ја истражувам.

Отсутен osmica8

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 11810
  • Архитект
За ова прашав во другата тема дали е за еу пазар колата ко се смеевте, постирав и видео од србин шо цело време увезува се и свашта и раритети, скоро во секое видео спомнува пред да се земи да се провери на тоа налепницата дали пиши еу1, оти го јадол немиен еднаш ,узвезил платил царина  давачки за на крај да не може са се регистрира под никаков основ и ќе оди за делови.
  И овде вероватно се слични правилата, едино со тоа шо вика членот погоре, да се подмачка дебело некаде евентуално.
20:10 на видеото

Sent from my iPhone using Tapatalk

Запази убаво. Вика дека тоа возило го продал после како странец.
Значи нашол начин како да го среди.
Убаво вика членот, треба да се најди начинот како да се среди ова.

Отсутен vladic3110

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5928
@osmica8 Со други зборови, бриго моја преџи другом. Не завршил работа, ја продал како шо ја купил.
Renault Megane 3 1.6 100hp, Authentique
http://forum.carclub.mk/index.php/topic,19609.0.html

Отсутен Carpathian Lord

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 14705
И ја продава во земја како Холандија каде може

Отсутен volenos

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 360
Не ми е јасно зашто вакво, високо квалитетно и пред се возило со малку километри неможе да помине хомологација?

Па голф 5ки со по милион киломеѕжтри е дозволено за влезе а на ова не.
Мора да има некое објаснување за ова

Отсутен AngelSK

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1879
Не ми е јасно зашто вакво, високо квалитетно и пред се возило со малку километри неможе да помине хомологација?

Па голф 5ки со по милион киломеѕжтри е дозволено за влезе а на ова не.
Мора да има некое објаснување за ова

Некој стар закон што не му притребало на некој функционер да го смени бидејќи се вози во службени пасати

Отсутен Carpathian Lord

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 14705
Не ми е јасно зашто вакво, високо квалитетно и пред се возило со малку километри неможе да помине хомологација?

Па голф 5ки со по милион киломеѕжтри е дозволено за влезе а на ова не.
Мора да има некое објаснување за ова

Можеш Голф за УСА и ЕУ пазар  ама не од Јапонија. Копчаш?

Мада мислам дека може да добие Coc за Поршево.

Отсутен Co9099

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 106
Не ми е јасно зашто вакво, високо квалитетно и пред се возило со малку километри неможе да помине хомологација?

Па голф 5ки со по милион киломеѕжтри е дозволено за влезе а на ова не.
Мора да има некое објаснување за ова

Од мое истражување:
Има два начини за да поминеш хомологација:

1. Идентификација
2. Единечно Одобрување

И овие две начини се опишани чисто во Законот за Возила.

Идентификација е за техничко лице да провери визуелно дали возилото е од одобрен тип во ЕУ и Америка. Ова се прави со проверување на e1 код на плочката на возилото или со проверување на COC документ. Од како ќе го проверат ова, вадат документ: Согласност за Регистрација, истиот ден се завршува.

COC не може да се извади, само фабриката тоа го вади.

Единечно одобрување е за единечно возило, кое не е ЕУ-US одобрено. Ова е посебна процедура и функционира вака:

1. Се носи возилото на увид.
2. Се доставува сертификат од правно лица во МК кое потврдува дека возилото задоволува ЕУ стандарди (изгледа ТИВ-МК).
3. Се доставува техничка документација од правен увозник за карастериски на возилото кое е одобрено во МК (Порше - МК).
4. Техничко лице од Хомологација проверува дали возилото на увид ги има овие карактеристики според ТИВ и Порше МК.
5. Оваа документација се испраќа во Биро за Метрологија, они одобруваат и после тоа се издава Согласност за Регистрација и процедурата трае 10+ дена.

Е сега, проблемот е што:

Од Порше Скопје не знаат или нејќат да ми извадат документ со технички спецификации (документ кој кажува како треба возилото да личи за МК пазар пр: волан на лева страна, дијаметар на кочници, вмро налепница, мвр миривче итн), додека се јавив во Порше Ротердам и ми кажаа само адреса да им кажам и да ми го пратат документот до дома, проблемот е што таа техничка документација важи за Холандија, не за Македонија.

Скоро сите од Хомологација не се запознаени со оваа процедура, ми кажуваат: "Ама дечко, без плочката не може", ги мешаат Идентификација и Единечно Одобрување, а без нив не може да се почне процедурата.

Воопшто не се ни јавив во ТИВ бидејќи 2 работи веќе ме блокираат.

Отсутен ficomk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4394
Каков аматеризам упм, то ест намерно тоа за да почастиш кај што треба.

Отсутен AUUU

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7230
Да го тераш у Гостивар на технички и регистрација со две љубичасти европски?