Таман ќе се појави некоја позитивна промена, Македонија мора одма да усере некако.
Веќе скоро цела недела чекам одговор дали може да се издаде технички лист за конкретно возило преку новиот застапник на ТÜВ Реинланд во Македонија - Велмар. Толку ли е тешко да се одговори на еден емаил?
Во меѓувреме, од ПСС, кои се новите застапници на ДЕКРА, добив одговор дека не издаваат сертификати за корејски возила. Малку чудно. Не дека преку ДЕКРА се издаваат сертификати и потврди за корејски увозни возила во Бугарија и сите други европски земји.
Додека чекав одговор од Велмар, директно се обратив до официјалниот ТÜВ Реинланд за истото возило, со истите податоци што претходно ги испратив и до ПСС/ДЕКРА.
Добив позитивен одговор дека за конкретното возило може да се издаде технички лист / сертификат, по цена од 260 евра, кој може директно да се испрати на домашна адреса.
Следниот чекор е да се обратам директно до DEKRA Бугарија и да го побарам истото што го побарав и од ПСС DEKRA. Баш ме интересира каков одговор ќе добијам од нив.
Не се откажуваме...
