Автор Тема: Мојата кола е тапа...!  (Прочитано 229731 пати)

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34097
  • Таков е животот... јебига
Одг: Мојата кола е тапа...!
« Одговори #1110 на: 29 Јуни 2018, 07:51:35 am »
Ааа јас мислев Клиото не е ново.
Али според видеово, ако и ова е стварно 75кс и е во 5-та брзина тогаш при 130 треба да има некаде 2400 вртежи, исто како кај мене на пример во 6-та 106кс

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34097
  • Таков е животот... јебига
Одг: Мојата кола е тапа...!
« Одговори #1111 на: 29 Јуни 2018, 07:59:07 am »
Јас како што гледам, Каптур 90кс е со 6 брзини а Клио 75кс со 5. 5-тата брзина на клиото е значително подолга од 5-тата на Каптурот, така да не гледам ништо сумјиво тука.

Отсутен Luki Junior

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5041
  • The Spartan General
Одг: Мојата кола е тапа...!
« Одговори #1112 на: 29 Јуни 2018, 08:07:12 am »
Сумливо е и точка.   ;D ;D
Fehlende Pferde Sterken sind mit Wahnsinn ersetzt.

Отсутен zlatkoa

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3257
Одг: Мојата кола е тапа...!
« Одговори #1113 на: 29 Јуни 2018, 08:47:26 am »
Неколку работи се многу важни во споредбата на Клио-то и Каптур-от.

- Аеродинамичката ефикасност (големина на челна површина која се судира (бори) со воздушно струење при 120 км/ч)
- Преносни односи во менувачот
- Тежиште на возилото
- Големина на пневматици

Ниту една од горните 4 точки, не се идентични кај двете споредени возила. Дури и да имале идентични мотори со иста моќност, едното возило ќе биде "топ" а другото ќе биде "тиња".

Тоа што членот го напиша неколку постови претходно било субјективно чувство дека клиото е побрзо. Што е сосема во ред, и очекувано, затоа што клиото веројатно и со послабиот мотор ги "задоволува" четирите точки од погоре, многу поефикасно и подобро од Каптурот.

Отсутен MartinAlfista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 17502
  • Alfa Romeo Corruption 1.4 Turbo
Одг: Мојата кола е тапа...!
« Одговори #1114 на: 29 Јуни 2018, 09:30:27 am »
Xsara 1.4i 2003-та... т.е. 2002-ра, купена април 2003 :) Нова... од Бомак тогаш...
Од опрема скоро ништо, во тоа време за тие пари беше бест бај. Конкуренцијата немаше ни електрични прозори напред :)
Значи, прв газда веќе 15 години... 67000 км. Она што ќе го напишам не ја одразува реално колата во смисла ја бива или не, баш заради малата километража.
За тие 15 години генерално колата служи одлично, ама си има понекоја буба.
Беше уште под гаранција, откажа централната. Ја променија десната брава и немаше проблем.
Од 2004-та до денес не можам да откријам некое ситно лупкање некаде позади лево... како некој тапацир на врата или на стубот... кој ќе го знае.
Мизерна е електрониката:
Спомнатата централна лани пак откажа, тогаш беше левата предна брава, и сега во моментов од денес, пак не работи централната.
Лани цркна инструмент таблата.
Пред 2-3 години имаше влага во БСИ-то. Се среди.
Околу 50000 км. го променив издувот, среден и заден лонец. ОК тоа е можеби заради малку возење...
Стабилизатори на двете страни, и јабучици на двете страни на околу 62000.
Е за ова не знам, ама ќе го спомнам: Се откачила стегата на манжетната на левата полуосовина кајшто влегува во менувачот, и осеќам вибрации на 30-40 км/ч. Оштетена чашката па купував нова полуосовина. Стегата ја немаше иначе, манжетната здрава!
И, морам да го пофалам фабричкиот акумулатор на Варта, кој издржа 13 години.


Капачињата на задните врати тропаат, тие одма до прозорот каде што е индикаторот за child lock. :) И тропаат појасите позади, лежат директно на пластика. Понекогаш тропа и задната полица. За тоа решението е да ја турнеш скроз во лево или десно, да ја углавиш на некој начин.

Отсутен kargh77

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 434
Одг: Мојата кола е тапа...!
« Одговори #1115 на: 29 Јуни 2018, 09:32:09 am »
Хмм... никогаш не сум помислил на појасите... баш ќе пробам со врзани појаси назад.

Отсутен Mikius

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10138
Одг: Мојата кола е тапа...!
« Одговори #1116 на: 29 Јуни 2018, 09:35:12 am »
Точно. Имав сомнежи, за кои кои во салонот бев дочекан на НОЖ. Нивна работа е да продаваат, а не да ми држат лекции по етика.

Во тоа време возев меган2, 2005та, 1.5 дци 82 коња, кој на 130 вртеше со 3.000 во 5та. Споредено со каптурот, имаше логика. Земено во предвид и други карактеристики (разлики) меѓу двата.

Е сега навистина веќе не се сеќавам за каптурот дали имаше 6та, во секој случај, во највисок пренос имаше 2.700 при 130.

Во секој случај клиото драстично отскокнуваше како за 75 коња.

Отсутен Stratro

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 22218
Одг: Мојата кола е тапа...!
« Одговори #1117 на: 29 Јуни 2018, 09:52:40 am »
Има еден каптур во гаража.....со 18 ки бандажи...али дебелина на гума повеќе од 185 нема .
Не знам со кој памет.



Отсутен Power to the people

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6442
  • Медалист, Олимпијада за Сарказам Перу '98
Одг: Мојата кола е тапа...!
« Одговори #1118 на: 29 Јуни 2018, 10:29:54 am »
Е сега навистина веќе не се сеќавам за каптурот дали имаше 6та, во секој случај, во највисок пренос имаше 2.700 при 130.
Прва работа кога седнувам во друга кола, ги осеќам педалите, и гледам менувачот, колку брзини има и каде е рикверц. Во место проверувам, прва, втора, неутрална позиција, дури после тргам.

Отсутен Mikius

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10138
Одг: Мојата кола е тапа...!
« Одговори #1119 на: 29 Јуни 2018, 11:29:34 am »
Е сега навистина веќе не се сеќавам за каптурот дали имаше 6та, во секој случај, во највисок пренос имаше 2.700 при 130.
Прва работа кога седнувам во друга кола, ги осеќам педалите, и гледам менувачот, колку брзини има и каде е рикверц. Во место проверувам, прва, втора, неутрална позиција, дури после тргам.
Так нормално, седиште, ретровизори...

Проверив на интернет, дефинитивно 5 брзини.
Миле ми направи шашма, да не бидам100% сигурен, поминаа 2 год. :)

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34097
  • Таков е животот... јебига
Одг: Мојата кола е тапа...!
« Одговори #1120 на: 29 Јуни 2018, 21:24:20 pm »
Ти викам ја :)

@zlatkoa каптурот и клиото кои делат платформа и се три сантима разлика во висина се МНОГУ различни? Ова ко да го пишува у библија или куран.

Отсутен filipv

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7511
  • и сега?
Одг: Мојата кола е тапа...!
« Одговори #1121 на: 01 Април 2019, 14:20:10 pm »
Гасете есп
Така е. Треба да стои уклучено. Ама во дадени услови конкретно со Туарегот кога бев по снеговите планински буквално не дава гас. Нови Мишелин зимски. Лоу рејнџ ставено, Сноу ставено на угорница едвај 5 кмч со гас до крај. 100 саата ќе се качувам. Испоисклучив се што можеше, се убрза докај 40кмч и некако се трпеше. Стварно на снег на угорница знае да те углави скроз еспто. Не секогаш ама се дешава кога се екстремни услови.

ESP е систем за подобрување на безбедноста, а не за подобрување на времињата во ридско-брзински трки.

(не ме прашувајте како сум ја ископал оваа порака... случајно нешто искликав и баам ова ми падна у очи)

Отсутен osmica8

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 11741
  • Архитект
Одг: Мојата кола е тапа...!
« Одговори #1122 на: 02 Април 2019, 10:08:29 am »
Ти викам ја :)

@zlatkoa каптурот и клиото кои делат платформа и се три сантима разлика во висина се МНОГУ различни? Ова ко да го пишува у библија или куран.

Знам дека е старо ова. Ама сега ми дојде во леј.

12 см во висина.
5 см во ground clearance .

Отсутен Mikius

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10138
Одг: Мојата кола е тапа...!
« Одговори #1123 на: 27 Март 2020, 12:27:05 pm »
Hyundai i30 1.4 црди
Се навикнав но многу ми оди на нерви, мислиш на воздух вози колата. За тие 2 цртички на пумпа натанкирав 16 литри. Резервоарот е 52 литри.
А кога ќе се дојде индикаторот на средина, цртичките паѓаат со вртоглава брзина.

Истото и кај i10kata.



Sent from my Redmi Note 7 using Tapatalk


Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29666
    • CARclub.mk
Одг: Мојата кола е тапа...!
« Одговори #1124 на: 27 Март 2020, 12:37:20 pm »
Кај многу коли е така, не само кај тебе. Некаде читав дека е ради обликот на резервоарот (поширок горе, потесен доле).