Xsara 1.4i 2003-та... т.е. 2002-ра, купена април 2003
Нова... од Бомак тогаш...
Од опрема скоро ништо, во тоа време за тие пари беше бест бај. Конкуренцијата немаше ни електрични прозори напред
Значи, прв газда веќе 15 години... 67000 км. Она што ќе го напишам не ја одразува реално колата во смисла ја бива или не, баш заради малата километража.
За тие 15 години генерално колата служи одлично, ама си има понекоја буба.
Беше уште под гаранција, откажа централната. Ја променија десната брава и немаше проблем.
Од 2004-та до денес не можам да откријам некое ситно лупкање некаде позади лево... како некој тапацир на врата или на стубот... кој ќе го знае.
Мизерна е електрониката:
Спомнатата централна лани пак откажа, тогаш беше левата предна брава, и сега во моментов од денес, пак не работи централната.
Лани цркна инструмент таблата.
Пред 2-3 години имаше влага во БСИ-то. Се среди.
Околу 50000 км. го променив издувот, среден и заден лонец. ОК тоа е можеби заради малку возење...
Стабилизатори на двете страни, и јабучици на двете страни на околу 62000.
Е за ова не знам, ама ќе го спомнам: Се откачила стегата на манжетната на левата полуосовина кајшто влегува во менувачот, и осеќам вибрации на 30-40 км/ч. Оштетена чашката па купував нова полуосовина. Стегата ја немаше иначе, манжетната здрава!
И, морам да го пофалам фабричкиот акумулатор на Варта, кој издржа 13 години.