Opel Astra G 1.4 1998
- Први импресии кога ја купив топ кола, малку затресуваше од ламелата ама не ми сметаше, сфатив дека не е до мене иско немав положено, туку и друг ја повози и му тресеше во прва и втора.
- Моторот на третиот клип беше со помалку компресија, ќе ја возев и така доколку немав пари да сменам мотор, ниеден мајстор не запримети и моторот уште 100.000 ќе тера сигурно.
- Првите два проблеми се средија.
- Корозија имаше на задните полумесеци, се сменија и тие.
- Вода ми пушташе од сајлата за хауба, со месеци ме мачеше додека не извадов сѐ и не исушив добро.
- Кочниците ги сменив, новите квичеа, сега еве цел месец не квичат, изгледа таман се.
- Проблем со документи за промена на мотор, морало фактура, ајде и тоа се среди.
- Сега ме нервира една точка што имам на вратата и ја мацнав со боја и малку ако се поднаведниш се познава, никој не заприметува, ама мене ми пречи и сакам да ја поминам со проѕирен лак и да ја исполирам целосно.
- Ме нервира таа пластиката што е на маската близу до шофершајбната каде има отвори за парно. Кога отпуштам кумплунг побрзо или забрзувам нагло затресува пластиката и виси не лежи убаво, маана на астрите им е, гледав по форуми сунѓери имаат лепено на неа за да не треси во возење, пробав со течна гума ама само на топло лепи.
- Пластиката од совозачкото седиште ми е скршена, па планирам двете да ги земам од кај Пешов.
- Менувачот на поладно потешко влегува во прва, нема луфта, променето е маслото, ама мора да застаниш скроз за да ја стсвиш во прва, а како што е тргни застани наместо го возење да менувам морам да застанам. Не е толку лошо колку што беше лошо на Антарата која нема шанси во прва да ја ставиш во движење, а менувачот беше перфектен таму, овде барем од 3 пати еднаш ќе влезе во прва во движење.
- Нема клима, ама не ми е жешко со шиберот отворен.
- И најголем проблем ми се потрошените пари на неа, а километри не правам воопшто (или немам потреба или не остануваат финансии за возење).
Друго според мене нема што да се промени, сѐ е ново на неа и едно најмало делче ќе тера минимум 50.000 км.
Еве колку ме кошта комплетно:
Мислам дека доста е со влог за кола стара скоро 25 години.