Многумина од нас овде слепо си го бранат брендот што моментално го поседуваат.
Во тоа нема ништо лошо нити страшно!
Повеќето од нас си ги сакаат своите возила а тоа што го сакаш, нормално е да го браниш.
Но дали сте се запрашале, колкумина од нас си го бранат своето возило, не затоа што го сакаат и се задоволни од него, туку затоа што сакаат да си го оправдаат својот избор?
Дали има и такви?
Па сигурно дека има, прашање е само колку се тие спремни да си ја признаат својата грешка?
Секому може да му се случи да згреши, кој од недоволна информираност. кој од самоувереност, некого го понела еуфоријата и потпаднал под иммпресиите што ги остава првата средба со ново возило, и тн.
Без разлика на причините, такви случаеви имало и ќе има, но како што реков колку сме ние спремни јавно или под маската на нашето форумско име, накитено со омилениот аватар, да ги признаеме?
Признавање на грешка не со цел исповедување и исмејување, туку со цел да се помогне некому да не ја повтори истата грешка.
Еве јас ќе почнам прв.
2009 година купи Цитроен Ц 4, со основниот мотор од 1.4 литри и 90 Кс.
Во целина гледано, купуваш ново возило па ти останува да го пробаш и видиш како се понаша на пат, дали задоволува моторчето, ергономија во текот на возењето, како функционират сите тракатанци внатре и нормално спрема она што тебе ти треба и го очекуваш од возилото.
Со оглед на тоа дека имав возено доста автомобили (90% од нив беа со дизел мотори и над 2 литра кубикажа) се осеќав самоуверен и мислев дека нема да погрешам при изборот.
Да се разбереме, целта ми беше да купам фамилијарно возило од компакт класата, доволно за (тогаш) 4 члено семејство, а да не е поскапо од 13.000 евра, максимум14.000, зато ашто за 15.000 па нагоре имав поволни понуди од странство на за две класи подобри возила но сепак половни.
Го провозев она што ми беше дадено за пробно возило, прво низ Скопје а потоа излегов и на автопат.
Со оглед дека ме оставија сам да се возам, ме немаше едно добри 2 часа.
Првите впечатоци беа добри. Завршна обработка повеќе од солидна, ефтина пластика имаше на предната конзола кај радиото и на воланот, се друго беше фино и меко на допир. Се функционираше меко и убао, сите команди сета електроника која патем ја имаше на претек, работеше тип топ.
Мотор како за 1.4 не беше лош, чак што више бев пријатно изненаден. За неговите 1.4 литри и 90 коњи супер си бркаше работа.
1.6 ХДИ беше мнооогу попримамлива варијанта ама и 2.500 евра поскапа а и не сакаа да чујат за попуст.
Од пуста самоувереност не ми текна да прашам дали тест возилото што ми го дадоа да го возам е 1.4 или 1.6 ??
Јас бев уверен дека е 1.4 у ствари не ни помислив дека може да е 1.6 што после се покажа дека е така, кога отидов на прв сервис и поразговарав со дечките, ама веќе беше касно.
Нејсе, Тогаш за тогаш немав многу потреба од патување со сопствено возило бидејќи имав службено на користење, значи град и тек тук надвор до Скопје ваму таму.
Со тогашната цена од 12.800 ЕВРА за 1.4 моторот со металик боја, алу фелни, клима, електрика на прозори, подесување седишта, волани, магленки, темпомат, лимитер на брзина и сл, ми се виде како супер опција.
Сотоа што примаа пари на рака и плус делнавме нешто као попустче, ми дојде ептен петка.
Се арно се убаво, додека не почнаа проблемите со електрониката, борд комјутер, помошен дисплеј и така натаму. Од кога тоа се направи се појави потреба да патувам почесто надвор од државава со сопствена кола и тогаш тињата од мотор си дојде до израз. Нити можеш ко човек да претицаш, нити е пријатно да се возиш во неа ако тераш над 120 (бучи), нити потрошњата е на некое прифатливо ниво.
Се на се, на горниште ако успориш мораш и втора да ставиш па додека земеш залет ќе се усереш, не можеш да претицаш ако нема 300 метра бришан простор пред тебе и сето тоа уз просечна потрошња од 10 литра.
Повторниот дефект на електрониката (цркна скроз борд компјутерот) ме наведе на озбилно размислување да ја сменам колата.
А кога после еден обилен дожд почна да ми покажува дека вратата не ми е затворена, дека немам доволно течност во кочниците, дека горивото ми е на резерва, дека акумулаторот ми е празен, решив да ја однесам на сервис да ја направат за последен пат и да ја продадам.
Со оглед на тоа дека пред тоа имав скоро две години возено Ксантија 1.8 која ми беше оставена на располагање, си мислев дека нема утка што се однесува до квалитетот на изработката и доверливоста. За моторот не бев баш најсреќен но со оглед на цената која ја имаше тогаш возилото и дека нема потреба од многу патување надвор, ми изгледаше како супер опција во однос вложено-добиено.
Доста мои пријатели ме убедуваа да не земам Цитроен, посебно не Ц4 поради проблеми кои ги имале со електрониката ама јас едноставно останав глув на нивните совети.
После 15 месеци го продадов Цитроенот со поминати 20.000 Км, направени два сервиса редовни и 4 вонредни од кои едниот траеше цели два месеци, Купен за 12.600 неофицијално (официјално 12.800) а продаден за 8.000 евра (замена старо за ново).
Знам дека темава нема да има многу приврзаници, особено во поглед на отворање на душата да си кажат она што навистина го мислат, и тоа нјповеќе од страв од исмејување и омаловањување, но сепак, мое е да пробам!