Јас сум на втор кат во зграда со 3 спрата, и имам соларно со слободен пад. И да, притисокот не е најдобар. Ке мора да си ставиш или пумпа внатре, или си земи директно под притисок.
Тоа се мислам и јас.
200 литарски, под притисок. Доаѓал со и со греач за догревање. Бојлерот бил на кровот, во тоалетот нема ништо.
Некаде доаѓа околу 70.000 тотал.
Бидејќи сакам да ставам и проточен Bosch, прашав и за тоа. Можело комбинација, независни се еден од друг системите.
Мада како што знам - проточниот можеш да го поврзеш со соларот и ќе служи само како бајпас кога водата што доаѓа од соларот е иста или повисока од таа наместената на проточниот.
Не знам што да правам, треба да кажам за ден-два.
- Да ставам соларно или не
- Ако ставам, дали да останат независно од друго (бидејќи и соларното има за догрејување) или да го поврзам на проточниот