Фала ти док! Да се враќа дупло поголем.
Ќе видам за машината за садови, има фора во кабинетот што го планирав за неа/до неа.
Не знам што модели гледав, мислам дека гледав 60cm широка.
Јас сум 185cm, така нешто. Дома што сум сега, работниот дел/плотната во кујната е на 90cm, види баш кај тебе што е. ОК ми е мене таа висина, не ми е прениско. Девојката кај мене е метро и желба за растење, ако ставам повисок од 90cm - ќе треба да вежба рамења

За ТВ секако ќе отиде на ѕидот и штек испланирав на 120-130cm од подот, а ќе видам за црево како ќе е.
Јас испланирав доста додатни штекови секаде низ станот (од мои идеи и помош од Џимни) од тоа што мислам дека основно го ставаат, како и некои додадени места за прекидачи за светло и тавански светла.
Ќе има повуци - потегни во тој дел ако не сакаат да ме испочитуваат. Тоа си го зацртав и морам да го решам.
А ова му седнав да го испланирам (кујната) за да не му ја мислам потоа, во поглед на штекови, кабли во кујната, позиционирање...
