Здраво дечки.
Во процес сум на местење инсталација во нов стан, имам 2-3 прашања околу рутерите не Телеком и како се поврзува телевизија и интернет на излезните порти.
Ако има некој кој работи во Телеком нека пише бројче во порака, да се слушнеме.
Фала однапред.
Пиши и овде што ти се прашањата, можеби некој од нас ќе знае.
Оти ми е тешко да го дефинирам прашањето, дека не ја разбирам добро тематиката.
Телеком апаратите имаат 4 излези.
Дали секој излез може да е дефиниран да биде Телевизиија или Интернет или нема врска тоа ?
Дали ако имам 1 кабел од 1 излез од рутерот дефиниран за ТВ, дали можам да поврзам на свич и од него да поврзам 2 магента уредчиња и на тој начин да користам 2 телевизори со тој еден кабел, или мора 1 кабел да биде поврзан директно со едно магента апаратче ?
Од Магента апаратчето ке имам кабел и ке имам RJ45 socket во ѕид, дали тој socket ке е проблем кога ке го поврзам на магента апаратчето.
Кој кабел се препорачува за најдобра брзина, Cat6a или Cat6e или ?