Автор Тема: Купување стан (пред се во Скопје), каде (локација), реални цени или не?  (Прочитано 459909 пати)

Отсутен MartinAlfista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 18002
Расмислувај и како ќе го чистиш овој одвод. Знам дека на сите ни е филм дома да ни изгледа како во Booking/Airbnb смештај, ама забораваме дека со овие работи треба да живееме, да ги чистиме и одржуваме.

Отсутен balanar

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2749
Знам дека на сите ни е филм дома да ни изгледа како во Booking/Airbnb смештај

Мене не ми е.

Како што видов од некои видеа од правење на самиот мијалник - тоа е правоаголна плочка што се подига и можеш да чистиш.
https://www.facebook.com/share/v/1CGyqocGDr/
« Последно менување: 02 Април 2026, 20:35:59 pm balanar »

Отсутен draganamon

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 896
Изработуваат и во Пробиштип
https://www.facebook.com/profile.php?id=61584203873603

Инаку, за удржување се и лесни

Отсутен draganamon

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 896
Здраво дечки.
Во процес сум на местење инсталација во нов стан, имам 2-3 прашања околу рутерите не Телеком и како се поврзува телевизија и интернет на излезните порти.

Ако има некој кој работи во Телеком нека пише бројче во порака, да се слушнеме.
Фала однапред.

Отсутен smole

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3152
Здраво дечки.
Во процес сум на местење инсталација во нов стан, имам 2-3 прашања околу рутерите не Телеком и како се поврзува телевизија и интернет на излезните порти.

Ако има некој кој работи во Телеком нека пише бројче во порака, да се слушнеме.
Фала однапред.

Пиши и овде што ти се прашањата, можеби некој од нас ќе знае.

Оти ми е тешко да го дефинирам прашањето, дека не ја разбирам добро тематиката.

Телеком апаратите имаат 4 излези.
Дали секој излез може да е дефиниран да биде Телевизиија или Интернет или нема врска тоа ?

Дали ако имам 1 кабел од 1 излез од рутерот дефиниран за ТВ, дали можам да поврзам на свич и од него да поврзам 2 магента уредчиња и на тој начин да користам 2 телевизори со тој еден кабел, или мора 1 кабел да биде поврзан директно со едно магента апаратче ?

Од Магента апаратчето ке имам кабел и ке имам RJ45 socket во ѕид, дали тој socket ке е проблем кога ке го поврзам на магента апаратчето.

Кој кабел се препорачува за најдобра брзина, Cat6a или Cat6e или ?

Отсутен Skywalker

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4278
На вифи работат новите андроид уреди од телеком. Не ти требаат кабли за нив…освен ако не е големо растојанието.
Lt. Commander Data: "I will always be puzzled by the human predilection for piloting vehicles at unsafe velocities"

Отсутен draganamon

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 896
На вифи работат новите андроид уреди од телеком. Не ти требаат кабли за нив…освен ако не е големо растојанието.

Магента апаратчето за Телевизија е на wifi ?

Отсутен Skywalker

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4278
Новите се андроид боксови со Вифи. Имаат нормално и етернет порта.
Lt. Commander Data: "I will always be puzzled by the human predilection for piloting vehicles at unsafe velocities"

Отсутен draganamon

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 896
Кај мене се на кабел.
И сега сакам да знам дали ке можам од Телеком рутерот да пуштам еден кабел, да го ставам нма свич и од него да поврзам 2 телевизори за интернет и 2 магента уредчиња.
Јас мислам дека Не, ама еден дечко ме убедува дека може.

Отсутен tomaso

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2353
Побарај од новите ресивери. Андроид бокс се,  нема потреба од кабел. Со оптика си функционораат како што треба.

Отсутен MartinAlfista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 18002
Старите рутери се поврзуваат со ресивер за ТВ преку LAN портови и обично портовите 3 и 4 се дедицирани за ресивер за ТВ.

Кога сум барал поддршка барем, така ми кажувале - уштекај ресивер на порта 3 или 4 од рутерот.

Ама полесно ти е да побараш од новите уреди, како што те инструираат членовите, помалце кабли и дупки по ѕидови ќе имаш.

Отсутен Zile

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8234
  • Плинаш!!!
Кај мене се на кабел.
И сега сакам да знам дали ке можам од Телеком рутерот да пуштам еден кабел, да го ставам нма свич и од него да поврзам 2 телевизори за интернет и 2 магента уредчиња.
Јас мислам дека Не, ама еден дечко ме убедува дека може.
Ајде да пробам да ти дадам некаков одговор. Јас имам 2 андроид бокса од телеком. Двата ги користам со кабел ( едноставно не сакам да бидат преку вифи). Е сега од рутерот ми излага еден кабел за во тв-то (андроид тв) еден за во боксот од телеком и еден за во плејстејшанот. Од 3тата порта еден кабел ми оди во спална во свич а од свичот еден кабел оди во боксот, друг во другото сони и трет во компјутерот. Не се сеќавам сега, ама мислам дека портите од рутерот не се сетирани да бидат за тв само или за интернет само.

Sent from my Xiaomi 15t using Tapatalk

Присутен ficomk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4578
Здраво дечки.
Во процес сум на местење инсталација во нов стан, имам 2-3 прашања околу рутерите не Телеком и како се поврзува телевизија и интернет на излезните порти.

Ако има некој кој работи во Телеком нека пише бројче во порака, да се слушнеме.
Фала однапред.

Пиши и овде што ти се прашањата, можеби некој од нас ќе знае.
Оти ми е тешко да го дефинирам прашањето, дека не ја разбирам добро тематиката.

Телеком апаратите имаат 4 излези.
Дали секој излез може да е дефиниран да биде Телевизиија или Интернет или нема врска тоа ?

Дали ако имам 1 кабел од 1 излез од рутерот дефиниран за ТВ, дали можам да поврзам на свич и од него да поврзам 2 магента уредчиња и на тој начин да користам 2 телевизори со тој еден кабел, или мора 1 кабел да биде поврзан директно со едно магента апаратче ?

Од Магента апаратчето ке имам кабел и ке имам RJ45 socket во ѕид, дали тој socket ке е проблем кога ке го поврзам на магента апаратчето.

Кој кабел се препорачува за најдобра брзина, Cat6a или Cat6e или ?

Може @balanar  да е подетално информиран, ама како што знам нема дедицирани порти на рутерот за ТВ или било што. На магента боксовите им треба само интернет конекција и би требало да работат. Тоа што сакаш да го постигнеш треба да си функционира без никаков проблем. Ако веќе ги имаш уредите и свичот, земи одма пробај да си бидеш сигурен, али многу сум сигурен дека ќе ти функционира. Провери да не треба да го конфигурираш свичот, ама ако е некој нов, би требало све сам да си направи, само уштекај му каблите и тоа е тоа.

Отсутен balanar

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2749
Ако имаш од новите Магента боксови (со Андроид) - тој го прикачуваш на wifi и тоа е тоа. Кај мене е преку LAN кабел од рутерот на Телеком.
А самиот рутер не прави разлика што ќе уштекаш у него - телевизор, фиксен компјутер, Плејстејшн или што да е. Нема дедицирани порти.

Дали ќе работи ако уштекаш кабел у свич, па од свичот два телевизора - не знам.