Автор Тема: Купување стан (пред се во Скопје), каде (локација), реални цени или не?  (Прочитано 286702 пати)

Отсутен yarre

  • Bearing Expert
  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1302
  • www.lagermax.mk
    • LAGERMAX
Ако кровот е направен со каратаван и изолација од терпапир (и) блокови од стаклена вуна а одозгора ќерамиди, би требало да е ок. Исто е и со сендвич панел. Сендвич панелот сега е најлесно и практично решение.
Но за жал заради цена, во поголем дел кровот е направен на бетонската плоча на кој е ставено метална конструкција и одозгора само пластифициаран лим. Температурата ( висока или ниска ) се пренесува на плочата која понатаму зрачи во станот.

Отсутен ficomk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4200
Јас би барал стан на поткровје во нова зграда, или релативно нова зграда, по можност со помалце катови, на пример 3-4. Би избегнувал стари згради над 30-40 години, заради следново: веројатно кровот не е никогаш одржуван, па ако нејќеш да ти тече дома, ќе треба ти да платиш па после со господ напред да наплатиш од резервен фонд, зашто голема е веројатноста во таква зграда да живеат пензионери кои може одвај врзуваат крај со крај, па уште да треба да одвојат големи средства за да уплатат во резервен фонд мислам дека нема шанси.
Ако најдеш зграда во изградба, искористи ги сите можности што ги имаш за да се осигураш дека кровот ќе биде направен како што треба за да немаш ни ти па ни цела зграда проблеми во наредните години. Дополнително, по моја логика, нов стан купува некој што може да си го дозволи, па после гаранцијата и да треба да се издвојат средства за санација на кровот не би требало да е проблем, а и веќе ќе има собрано средства низ годините.

Отсутен bear

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1997
  • If you can dream it, you can do it.
Не сите купуваат нов стан, од што може да си дозволат. Има случај, каде во стан од 60м2, живеат 6члена. И ти утре да сакаш да се ожениш, каде ќе живееш? Единствена опција ти е ќирија, а кога че размислиш подобро, плаќај рата отколку пари за ќирија, кои се пропаднати.

Никогаш не вели никогаш.

Отсутен ficomk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4200
Едноставно, ако не можеш да си дозволиш стан нема и да го купиш, нели? Нема кредит да ти даде банката. Но да не идеме случај до случај, секако има и што купиле стан па одвај преживуваат месец за месец.

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29607
    • CARclub.mk
Не ја терајте дискусијата во друга насока, конкретна работа си праша Ипкис.

Отсутен bear

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1997
  • If you can dream it, you can do it.
Едноставно, ако не можеш да си дозволиш стан нема и да го купиш, нели? Нема кредит да ти даде банката. Но да не идеме случај до случај, секако има и што купиле стан па одвај преживуваат месец за месец.

На двајца вработени со по 30к плата, банката и те како дава кредит. Кредит кој треба да се враќа следни 30год, и рата од 20иљади денари. Верувај воопшто не ти требаат трошоци после 3-5 год, околу 4/5иљади евра, за санација.

Ипкис, јас ќе ти контрирам. Подобро, роб на колата, отколку вечно да си нервозен, и да те јаде нешто. Под роб мислам, да носиш децата школо/англиски/пливање.
Еве @t0m1cA продава куќа. Решил дека во стан е подобро.  ;D
Никогаш не вели никогаш.

Отсутен Silvester

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1783
@Ipkisija Meskosa
Јас исто се распрашував за поткровје (последен спрат во нова зграда каде нема косини), но додека се думав, станот се продаде. Тогаш најмногу ми беше мисла дека ќе биди жешко во лето и дека можно е да капи.

Во однос на капењето, не е правило дека само на последен спрат капи. Конкретно во Порта Аеродром (тобако 2) течи од тавани на подолните спратови и не можат да најдат што е проблемот, демек имало некој цеп кој не знаеле каде е  :D

Од сегашен аспект, размислувам поинаку. Односно, ако прокапи знам кровот е и ќе дадам 3-5к евра и ќе средам. Ако е жешко ќе пуштам клими. Ама барем една будала помалку ќе трпам (таа над мене).

За конкретно искуство може да кажи @Carpathian Lord Како што памтам тој беше задоволен на последен спрат.

Поголем проблем го гледам тоа што нема лифт. Можеби 3 спрата не се многу, но сепак некогаш ќе имаш потреба да качуваш точаци, тротинети, ствари, да дојди некој постар човек на гости и слични непредвидени ситуации.

Отсутен Tommy

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7244

Исто така ме интересира за колку време се здосадува качување до 3ти кат без лифт (рандом симпатични зградичиња кои ми се допаѓаат со таа катност најчесто се без лифт) и дали од старт да ја отпишам таа опција, поткровје во зградиче без лифт?


Навика е. Во претходната зграда каде што живеев, бев на 3-ти спрат, и редовно користев лифт за нагоре. Надолу секогаш пеш си идев. Очигледно, лифт е добра работа е кога си товарен, особено со кеси, или си со деца помали.

Сега каде што живеам, сум на втор спрат, и зградата е без лифт. Добрата работа е што си физички активен, и се навикнуваш со време. Најголемиот проблем што го имав беа колички за деца, затоа што кога шетам со малечките, не можеш да качиш се во раце до горе. Потпораснаа малечките, и сега единствениот проблем што го имам е кога мора од пазарење сите кеси да ги качам до горе. Се прават и по 2-3 тури. Генерално, се навикнав, и не ми е огромен проблем.

Отсутен Carpathian Lord

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 13859
Мене ако ме прашаш никогаш не би зел стан ако не е на последен спрат.

Во Битола сум на средина од зградата и нема споредба со раетот што го имам во Скопје што сум на последен спрат.

- Ако не дај Боже има капење, може само од кровот да е. Ќе си го средиш. Немаш цевки над глава, купатила, кујни што ти јас знам.
- Нема кој да ти тропа над глава.
- Ако некогаш сакаш да си направиш дуплекс стан, секогаш ти стои како опција да си крениш спрат.

Да си на приземје според мене е најлошо.

- Безбедност
- Бидејќи сме стока народ, све и свашта ќе ти фрлаат во двор, од пикавци, до што ти не.
- Ако има проблем со канализација кај тебе прво избива.

Отсутен Ipkisija Meskosa

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8645
  • Пичлеме
Фала ви на советите.
Кога би купувал, планирам во ново зградиче/зградуле, најверојатно сеуште во градба, па да можам да учествувам во плус изолација на ѕидовите помеѓу друг стан. Е сеа за изолација под кров и начин на изработка секако тоа одлучуваат инвеститорите, со кои секако ќе се прави муабет кога ќе дојде ред за тоа и секако тие ќе ветуваат брда и долини, сум го искусил тоа 2 пати :)

Околу протекување на кров, тој дел го надминав, откако на комшијата му протече на приземје... кај мене имаше протекување од пукнат вентил на машина за садови од тие над мене. Кај друг комшија имаше во купатилото заради лошо наместен сифон кај тие над него... така да шанси за протекување има многу, не е само од кровот, како и што е спомнато погоре во муабетите.

Најмногу ме комати како ги прават крововите и дали ставаат изолација, или како што е спомнато погоре, дирек конструкција над плочата, па во лето сауна, ама затоа пак во зима глечер :)

Ете и таман муабет, споредба на поткровје и на средина од зграда.

Сум живеел на различни катови и исти курац било во поглед на галама од горе и од страна.
Е сеа како што спомнав, би сакал во помалечките зградичиња во градба или тие што се во план за градба, но најчесто тие се без лифт. Моментално сум во такво, на први, не е воопшто страшно (30 години поминав на таква катност без лифт,на моите куќата е приземје, спрат и поткровје), ама на 3ти на пример...
Али ете и за тоа се спомна погоре, навика. Најтешко е кога се тегни колички и тротинети...

Поголемите комплекси, од она што сум видел низ последниве 4-5 години, најчесто се тежок фушерај, чест на исклучоци, ретки се а и премногу скапи. И да се употребени ок материјали, изработката, имплементацијата е лоша, зашлакана.

Чисто информативно некој да има ѕирнато или има искуство со Колбико? Баш сликата што ја ставив е од нивно зградиче.
Однадвор делуваат пристојно, ништо екстравагантно, али без евтини модерни ѕунѕурки кои огрдуваат после 1 година, или бои кои обледуваат после 1 година.


Отсутен DarthJe5us

  • Авиону, сломићу ти крила..
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20107
Галама доаѓа и од станови под тебе и до тебе. Ако ти е галама една од грижите.

Отсутен bear

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1997
  • If you can dream it, you can do it.
Не боли толку галамата, колку што боли тропањето/трчањето од деца, или што би рекоч ипкис, маратон.
Никогаш не вели никогаш.

Отсутен DarthJe5us

  • Авиону, сломићу ти крила..
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20107
Не боли толку галамата, колку што боли тропањето/трчањето од деца, или што би рекоч ипкис, маратон.

Се слуша и тоа од долниот стан.

Отсутен tomaso

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2160
Де бре луѓе во шо згради живејте вие?
Изгледа сите ново изградени луксузни јер не постои оглас за стан денес шо не е луксузен....

Присутен draganamon

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 675
Здраво,
@Ipkisija Meskosa  мене ми здодеа качување по скали по 6 ипол години живеење. Поточно, ми здодеа во Јуни 2021, моментот кога требаше во една рака да носам 2 ипол годишно дете, а во другата рака транспортер во бебенце. Едноставно, too much ми дојде тоа 😊  Од тогаш пасивно барам 3-4 собен стан во Аеродром или Карпош 2/3, кој ако е над 3ти спрат барам лифт. И гаража, ми скисна летно време да се качувам во напечена кола. Ова со гаражата ми е како желба, оти сакам и мотор да си земам.

Живеам на 4ти спрат во зграда со рамен кров и црвена гитерка (читај без изолација).
Прво за кровот.
Кога го купував станот имав во предвид дека кај и да е ке треба да се замарам со кровот, и со време си одвоив средства. И цената на m2 при купување го рефлектираше тоа. До сега ми нема протечено, но само прашање на време е кога, и тоа само заради комшијата. Јбг, тоа не можеш да го знаеш пред да се вселиш.
Проактивно, пред неколку години ангажирав фирма која го “реновираше”, го извадив песокот, премачкавме се, ставивме некоја гумена материја бела како демек да намали греењето летно време. Ме кошташе 2000 евра и добив 10 годишна гаранција.
Ова сам си го платив, ама реално требаше да го ставам на трошок на зградата. My bad.
Малце ми е криво што не можам да ставам како сите нормални лимен кров и топлинска изолација, ама тоа е, едноставно одводот на атмосверска вода поминува во заеднички ѕид со комшијата, но тоа е друга приказна. 2 пати се понудив да му го купам станот, ама тоа е тоа.
Околу топлина летно време, Јули и Август си вклучувам клима во 13-14h и си работи до кај 1-2h сабајле. И така.

Во врска со одењето. Нема да лажам, година ипол ме измачив во транспортерот на второто бебче. За првото не го ни осетив бидејки можев со рака да се држам за оградата. При качување на второто бебче во другата рака најчесто ја носев поголемата, и тоа ми дојде проблематично.
Откако конечно почна малата сама да се качува, одма ми е полесно.
Самото одење воопшто не е проблем. Навика е. Има моменти кој нервираат, која треба 3-4 пати да излезеш од дома, кога треба да качеш повеке пијалоци, ама се навикнува човек и си прави систем. Јас си имам ранец во кола, и скоро секогаш купувам до кај 7 шишиња. Си имам икеа торба и се друго оди во торба. Кога има повеке работи, или 2 одења, или преостанатото го качуваш на наредното качување.

Се е преференца, јас сега да бирам, пак би земал на 4ти без лифт во постара зграда отколку во поновите згради и да го слушам комшијата над мене. Кога ке бидам постар и ке ми ослаби слухот (читај кога ке ги испратам децата на факултет), најверојатно ке одам во стан со лифт.

Со среќа потрага.

Мене најмногу што ме нервира се новите понуди на згради низ Скопје, со 4 ката, каде приземје доаѓа со двор, а последен кат со кров за користење. Проблемот е што најчесто тие се поделени помеѓу сопственикот на парцелата и инвеститорот, а на продажба се нудат 1,2 и 3ти кат.
И сега замисли, тој на приземје ке го користи дворот, неговите деца ке си играат надвор, ке си намести базент летно време, а ти оди објасни и на твоите деца дека не може. Или ке ти пече скара под прозор секој викенд, и цел стан ке ти мириса.
Од друга страна, тој на последен кат може да прави журки на кров, или уште полошо, да го изнајми на некое дете кое е на некој бизнисмен надвор од Скопје и дете за кое не постојат правила, и каде полиција не интервенира оти татко-то бил близок со некој.
Ова се вистински проблеми и искуства на луге кој ги познавам, и затоа тие малите згради ми се опасни за инвестиција, а најдов 2 во градба кој ме бендисаа ама последниот спрат имаше многу поголема цена од претпоследен спрат заради користењето на кровот.