Стан кај нас се купува со 30% учество.
Ако станот е 100 000 евра, треба да имаш ќеш спремен 33000 евра.
На тоа ти рачунаат камата што реално е околу 7-8% годишно, што на 67000 евра можеш сам да пресметаш колку ќе исплатиш за 20-30 години, па на тоа ќе си поделиш 360 месеци.
Моментот каде банките се замешани во целава нереална цена на квадрат е одредувањето на хипотеката.
Секој стан се става под хипотека кога земаш кредит така?
Конкретно во Скопје тоа оди (или одеше) 1:1. Значи нема потреба да ставаш ништо друго како хипотека.
Во Битола, тоа не е така. Ако во Битола одиш и им речеш ќе купам стан од 1000 евра квадрат, банката ќе ти рече „АААА не. Битола ние проценуваме дека квадрат кошта 650 евра“ и така ќе ти го процени станот, останатиот дел од проценката или ќеш ќе го доплатиш или уште еден стан хипотека, т.е два стана во хипотека.
Е сеа, банките овде во Скопје, им одиш и им викаш : 'Во Дајмонд мол 3000 евра е квадрат, дајте ми кредит!“. Банката не ти вика „Ааа извини во Скопје ние прифаќаме максимум 1500 евра во Центар“ туку ти вика „Нема проблем 1:1 еве ти, нема потреба друг стан да пишеш хипотека“.
Па така луѓето добиваат пари и земаат станови.
Ако банките го следеа примерот со Битола и НЕ ти даваа пари да го купиш тој преценет стан, немаше да се вакви цените.